Фан Клуб РК "Прилеп 2010"

  • Креатор на темата Креатор на темата Bops
  • Време на започнување Време на започнување
Четврта победа по ред, овојпат совладана Риниа со 36-22 :D.
ја гледав утакмицата снимка на тв. ама ко шо можев да видам заклучокот е следен:
1.судииве драпаја ептен и то... ко на гости да играше прилеп
2.премногу зицери се утнаа, дали то заради опуштеност или слаба форма на некои играчи, незнам
се надевам дека следната средба КОНЕЧНО ќе можам директно да ја изгледам, само ако е во недела, пошто и оваа сабота не сум во пп.
пиши кога и со кој е слдната
позз
 
Судиите не да драпаја...7-8 пенали за нив, за нас само еден, плус толелираа напади долги и по повеќе од минута и премногу ги оставаа Риниа да протестираат. Зицерите се иста приказна од почетокот, скоро на секоја утакмица имаме по 3-4 чисти промашувања, само со Риниа имаше повеќе утки бидејќи и самиот виде каква беше утакмицата, од 5та минута натаму се знаеше дека е 100% победа, па сите се опуштија. Пируетата на Стојаноски можеби ќе беше атрактивна, ама според мене тотално непотребна беше.

Овој викенд сме слободни, наредната недела на 2ри или 3ти се игра, ќе пишам кога ќе се делегира од федерација. позз
 
РК Прилеп 29 - 21 ГРК Борец

Петта победа по ред, се издвојуваме на врвот на табелата и уште повеќе ни се подотвора вратата за Супер Лига :D. Нареден викенд одиме во Богданци, тоа ќе биде клучната утакмица оваа полусезона.
 
Полека бе пријателе немој толку да залетувате за во Супер Лига.Незначи ако дома сте ги тепале сите дека и на гости ќе биде исто. ;)
 
Полека бе пријателе немој толку да залетувате за во Супер Лига.Незначи ако дома сте ги тепале сите дека и на гости ќе биде исто. ;)

Пријателе, резултати се тие, залетувањето не е ни нереално ни напумпано. Една третина од првенството помина, а најголем број на голови кој сме го примиле е 22, и тоа од Риниа на која и беа досудени 7-8 пенали.

Борбата за Супер Лига е меѓу нас, Младост, Работнички и до некаде Борец. Работнички го победивме, со Младост ја играме наредната. Минатата година со Младост изигравме 3 за 3, а против Работнички ги победивме двете утакмици и дома и на гости. Плус на тоа додај го фактот дека годинава сме засилени со тројца нови ракометари и кажи ми дали е залетување или објективно гледање на работите?
 
Ќе видиме на крајот како ќе испадне :)
 
РК Прилеп 29 - 21 ГРК Борец

Петта победа по ред, се издвојуваме на врвот на табелата и уште повеќе ни се подотвора вратата за Супер Лига :D. Нареден викенд одиме во Богданци, тоа ќе биде клучната утакмица оваа полусезона.
честитки, да се множат.
ај и јас да си кажам мое мислење за утакмицата.
тимот делува доста моќно, барем на домашен терен и за во 2 лига. има добра транзиција, добро комбинираат играчите, одбраната функционира. е сега како ќе биде нагости ќе видиме веќе викендов. појма неам младост шо има моментално, но историски гледано, таму секогаш лошо врвиме :(

тимо вака не изгеда лошо, ама за во супер лига ни требаат доста нови
трајкоски здиве некни, само во 2 пол имаше преку 14 одбрани. талент е секако, само да видиме до каде ќе се развива.
пикерите не ми оставија некој си јак впечаток, освен при крај тодороски шо аде 3 гола. за во СЛ дефинитивно ни треба барем 1 јак пикер.
левите крила-менде си е стандард, јак играч, брз и добро технички поткован. тој и во СЛ можи без проблем да си игра. замената нема да ја комтирам пошто малку време играше.
десно крило-не ми се допадна ни еден. знам дека се млади и дека имаат простор за напредок, ама треба време да помини за нив
бекови-бозаро, филип, дарко си се топ, то десното бекче спасески мислам е добар материјал, ама треба да се работи со него.
ме радува то шо орде комбинира и младите добиваат многу шанси во првиот тим. така се напредува.
евентуално ако влезиме во СЛ, ни требаат барем 5-6 нови за сигурно место на средина и то голман, десен бек и крило, пикер, лев бек, ама за то понатаму.
битно е Прилеп да се врати на ракометната карта. можиме ние да си играме некаква улога и сега, без јаки спонзори, само школите да ни се вратат во работа со полна паера, како порано. има деца и тренери кои можат многу да направат.
 
За разлика од лани одбраната и полуконтрата се многу многу подобрени. За со Богданци сите се надеваме на позитивен резултат, ланската сезона си поделивме по 3 бода, ама гостинскиот пораз ни беше само со еден гол разлика.

Засилувањата се планираат веќе за од полусезона, за да има време да се уигра целиот тим. Според мене најголеми шанси да се вратат имаат Цветкоски и Дупјачанец од Косово, со што би се пополниле голманската позиција и левата бековска, а за пикер стварно не можам да претпоставам кој би можел да дојде бидејќи Тренчески тешко ќе се врати во Прилеп, моментално си гази со Зомимак. Искусен пикер и искусен голман се дефинитивно најпотребни.

Ако победиме в сабота, третина од работата е завршена :D.
 
незнам како им оди на младост годинава.
инаку, не треба да се платат по 2500 евра за лиценца за секој нов на полусезона? ако дојдат овие 2-ца, топ сме. пошто најголем дел од натпреварите напролет ги играме нагости, добро ќе ни дојдат овие засилувања, ако се реализираат.
цветкоски не игра десен бек? си помешал нешто :)
за пикер-можеби когој, ако се врати ама тој одамна нема играно, или лашкоски :D лашко појма неам ни кај е ни шо прај, ама тој би бил идеален за овој момент :)
 
За Цветкоски си во право, тој е десен бек, а игра со лева рака. Ги мешам понекогаш ракометниве со фудбалските позиции :D. А сертификатите се поевтинети годинава, само не знам дали се 1000 или 1500 евра, така да тоа е една олеснителна околност плус.
 
дали ти играше некни во прв тим? :) пошто орде во игра ги стави сите
инаку, нови играчи на полусезона на позиција голман, десен бек и пикер ќе значат сигурен влез во СЛ
 
Младост 22 - 18 РК Прилеп
Помалерозна утакмица за нас немам видено....Бозароски се повреди уште во првото полувреме, Ангеловски доби црвен картон на почетокот од второто. Судиите на почетокот нешто минимално свирнаа во корист на домаќините и после тоа тргна возот со нашите грешки во нападот. Toпката ни паѓаше од раце, голот целосно го промашувавме....Утакмица што одма треба да се заборави и никогаш да не се повтори.

Нареден викенд, најверојатно во сабота, играме дома со Струга, последен натпревар за оваа полусезона на домашен терен :).
 
Прилеп 20 - 19 Работнички

На полувреме имавме водство од 13-8, а во второ полувреме само 7 постигнати гола :вонзем:. Во второ полувреме паднавме, нивниот голман се разбрани и се вратија Скопјани на гол негатива, но до крај остана така. 3 бодчиња в џеб :D.
Кој бранеше за Работнички да не знаеш? :)
 
Кој бранеше за Работнички да не знаеш? :)

Првото полувреме не знам кој им беше голманот, а во второ влезе Огнен Трајковски и имаше 12-тина одбрани секако, а мислам дека игра или има играно за кадетска репрезентација.

В сабота од 18:30 со Струга на домашен терен.
 
РК Прилеп 33 - 29 РК Струга

Без Бозароски, успеавме да триумфираме. Петкоски и Стојаноски ја презедоа лидерската улога, Ангелоски исто имаше многу голови и во одбрана изигра добро. Околу 12-тата минута имавме водство од 8-1, а на полувреме заминавме со 5 или 6 голови разлика. На почетокот на второто полувреме како и на секоја утакмица имавме голем пад во играта, фатија приклучок Стружани, ама не успеаја целосно да ја стопат разликата која до крајот се движеше од 3 до 5 голови. Три или четири напади имавме за водство од 6 гола разлика, ама не ги реализиравме, исто и Стружани за да намалат на 2 разлика, но сепак победата и трите бода без неизвесен финиш останаа во Прилеп. На табелата остануваме први со 18 бода, од можни 21. Наредниот викенд одиме во Гостивар кај Вардар Полог, последен меч од есенската полусезона.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom