Послаб тренер само Чатле бил од Валтер, секоја чест за искуството и резултатите во Порто, Висла Плок, Азоти Пулави и Фленсбург, ама овде не покажа ниту игра, ниту страст тимот и желба да се натпреварува, ЕЛ реков и поарно шо отпаднаја, сосема небитно натпреватување моментално покрај ваквата "кризна" игра.
Друга работа донесе само 2 играчи тој Кисум и Хененберг (некои спомнаја и Суси) небитно, премалку според очекувањата....
Сам е и крив шо не си побара или дозволи да си напрај сам стручен штаб, налета на незналиците Божо и Ице, која пара ја напраја од Пелистер алал нека му е, после Валтер мора чистење и од нив....
Ќе видиме кое ќе биди решението, мое мислење е Јовиќ да се остај во двојката, барем вади максимум таму и дава играчи на готовс, во иднина имаме уште нови 3 играчи на кој можи да смета првата екипа.
Плус две сезони со ред сме плеј оф, примарната цел е остварена со најмлад тим сега меѓу учесниците, лани напрај услуга го доби Вардар тука, чоекот е печен за овај тим, ако се тргни тој можи само да се распадни целата хемија од тој тим и да оди се по вода...
Не треба мислам да се гиба Јовиќ, според мене Аљуш е идеално решение за следните 6 месеци, па и другата сезона, ја знај опасноста кај Вардар, тренер по мерка баш во оваа ситуација на 20тина дена пред дербито...