Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
како томе и сличните нему, да му даеа плата од 100 евра во клубот ќе му течеа од устата мед и млеко за Пелистер...од пуст личен интерес и од инает шо нема сува корка од ракометот само дроби се и сешто
Хахахахаха абе салам сте вие или какви сте. Томе го читате шо зборал. Замина во РК Битола и не го извади Пелистер од уста од тогаш еве има можи 12 13 години. Тешка дијабола и неинтелегентен лик. А реално не беше лош играч, знам дека дур беше во РК Битола имаше некоја понуда од некој послаб клуб од странство и од шо е толкаво тркало одбил. :pos:
Не е за ништо поќе од летање гулаби, тркало.
 
Го гледал ли некој играчот воопшто (и тие што го хејтаат и тие што го поддржуваат)?

Реално Фленсбург, Хановер, Тулуз се клубови каде бил пред 5 и повеќе години. Како многу помлад а и не се сеќавам да имал некоја особена минутажа во нив. Тоа не е мерило за кое му е моменталното ниво. Тоа не значи дека е неупотреблив играч, претпоставувам дека ќе се покаже ок во игра во два правци, веројатно по квалитет сличен на Хенеберг. Валтер сигурно добро го познава, сепак од исходот на оваа сезона и него му зависи работата, па дури и да замине од Пелистер, како ќе се продаде.

Мене друго не ми е јасно. Кога ќе прочитам лев бек кој може да покрие на среден ми се превртува во стомакот. Во денешен ракомет, тоа реално значи класичен лев бек. Со оглед на моменталните трендови на играта, тешко дека среден бек првично ќе биде опишан како лев. Ако има соодветна брзина, продорност и плејмејкерски способности никој нема да го брендира како лев, дури и да има капацитет да игра таму. Во превод, Кисум веќе е 5ти или 6ти лев бек во екипата зависно како го гледате Атанасијевиќ (Хенеберг, Кисум, Суси, Ѓорговски, Сери, Атанасијевиќ). Што е многу многу е. Претпоставувам од Суси ништо не очекуваат штом прават ваков трансфер. Ѓорговски секако му пропадна сезоната безвезе наместо да го оставеа во двојката. А како тргнало веројатно и Атанасијевиќ планираат да го заковаат на клупа.

Ќе видиме колку ќе се снајде Кисум, можеби добро ќе се покаже, реално е да е ок ротациски играч, но мене ми е нелогичен трансферот. Ако Пелистер планира да се засилува во пресрет на плејофот, се знае што му фали - квалитетен брз среден бек што да знае да игра со пикер. Евентуално квалитетен десен бек, ако заминува Хосни, или ако лекарскиот тим смета дека Велковски не може да се среди во следниот месец дена. Секаков друг трансфер мене ми личи на непотребно фрлање пари (не дека нема играчи што треба да бидат "upgrade-ирани", ама тоа не е реално во моментот (инаку треба нов подобар пикер за два правци од Василев, ќе треба потрајно, повклопливо решение на десен од Хосни, ќе треба до летото да најдат посериозно трајно решение на лев бек - подобро еден со сериозен квалитет отколку 5 просечни-солидни)
 
Го гледал ли некој играчот воопшто (и тие што го хејтаат и тие што го поддржуваат)?

Реално Фленсбург, Хановер, Тулуз се клубови каде бил пред 5 и повеќе години. Како многу помлад а и не се сеќавам да имал некоја особена минутажа во нив. Тоа не е мерило за кое му е моменталното ниво. Тоа не значи дека е неупотреблив играч, претпоставувам дека ќе се покаже ок во игра во два правци, веројатно по квалитет сличен на Хенеберг. Валтер сигурно добро го познава, сепак од исходот на оваа сезона и него му зависи работата, па дури и да замине од Пелистер, како ќе се продаде.

Мене друго не ми е јасно. Кога ќе прочитам лев бек кој може да покрие на среден ми се превртува во стомакот. Во денешен ракомет, тоа реално значи класичен лев бек. Со оглед на моменталните трендови на играта, тешко дека среден бек првично ќе биде опишан како лев. Ако има соодветна брзина, продорност и плејмејкерски способности никој нема да го брендира како лев, дури и да има капацитет да игра таму. Во превод, Кисум веќе е 5ти или 6ти лев бек во екипата зависно како го гледате Атанасијевиќ (Хенеберг, Кисум, Суси, Ѓорговски, Сери, Атанасијевиќ). Што е многу многу е. Претпоставувам од Суси ништо не очекуваат штом прават ваков трансфер. Ѓорговски секако му пропадна сезоната безвезе наместо да го оставеа во двојката. А како тргнало веројатно и Атанасијевиќ планираат да го заковаат на клупа.

Ќе видиме колку ќе се снајде Кисум, можеби добро ќе се покаже, реално е да е ок ротациски играч, но мене ми е нелогичен трансферот. Ако Пелистер планира да се засилува во пресрет на плејофот, се знае што му фали - квалитетен брз среден бек што да знае да игра со пикер. Евентуално квалитетен десен бек, ако заминува Хосни, или ако лекарскиот тим смета дека Велковски не може да се среди во следниот месец дена. Секаков друг трансфер мене ми личи на непотребно фрлање пари (не дека нема играчи што треба да бидат "upgrade-ирани", ама тоа не е реално во моментот (инаку треба нов подобар пикер за два правци од Василев, ќе треба потрајно, повклопливо решение на десен од Хосни, ќе треба до летото да најдат посериозно трајно решение на лев бек - подобро еден со сериозен квалитет отколку 5 просечни-солидни)
Зошто ти е нелогичен трансферот ?
Освен Хенеберг дали имаме друг лев век шо можи да одговори во двата правци во борбата за титула?
Павле е среден бек со очигледни недостатоци (тактички и физички) за игра во дефанзива и неможи да е носител на играта моментално. Затоа имаме и осцилации во играта, пошо ниеден од домашните играчи неможи да го издржи товарот да игра константно повеќе од 15-20мин.
Во ситуација кога Сери го немаме а Суси е под знак прашалник, незнам како би бил нелогичен потег да донесиш искусен бек кој игра вп два правци а поминал низ низа јаки клубови.
Нема на пазарот за жал достапни плејмејкери од типот на Перич, посебно не на полусезона. Можи и да донесат и среден, ама највероватно ќе има уште еден десен бек, пошо Велковски е далеку од формата за да се рачуна оваа сезона, за наредна ќе видиме.
Логичен е трансферот а јасни се целите на газдите за оваа сезона. Титула во домашно првенство е приоритет а во таа насока вакви играчи се повеќе од добредојдени.
Се сложвам со тебе во поголемиот дел од постот, но неможам да се сложам со констатацијата дека е непотребен трансфер.
За нешто плус во европски натпревари неможи да се речи дека е оправдан потег, ама во целта која е зацртана во домашното првенство ите како вредат вакви искусни играчи.
 
Нема на пазарот за жал достапни плејмејкери од типот на Перич, посебно не на полусезона. Можи и да донесат и среден, ама највероватно ќе има уште еден десен бек.
Мене уште оддамна желба ми е белорусинот Кулак сеуште е во Чеховски Медведи среден бек со предобра визија и солиден шут. Го немам следено подолго време но е ите како солиден избор за креативен среден бек.

Велковски најавил дека сака да си бега на лето.

Очекувано... Знае колку е сатот и индирекно бара појќе пари.
 
Нека заврши сезоната и ќе застанам за секој од тие гомнојадците ќе напрам по еден пост тука, со име и презиме и анализа каква кариера имал и каков бил импактот(како играч и како дел од структурите) на лицето во Пелистер.
Ме испровицираа неколку ликој шо неминовно јадат гомна на секоја објава за Пелистер.
Ne si edinstven koj ima podgotveno spisok so gomno-jadacite.
Tragicno e so tie lil idat samo na derbi ili se od drugi gradovi ili se od dojasporata
 
Kasper Kisum e уште една мачка во вреќа.Мислам дека влечит повреда,дечкото немат никакво значајно СV освен на хартија,класичен епизодист и тежок просек. Како ќе се покажит незнам на ова ниво ама ви кажвам и во Сондерјиск е тиња.
 
Зошто ти е нелогичен трансферот ?
Освен Хенеберг дали имаме друг лев век шо можи да одговори во двата правци во борбата за титула?
Павле е среден бек со очигледни недостатоци (тактички и физички) за игра во дефанзива и неможи да е носител на играта моментално.

Ама Кисум не го носиш за да ти биди носител на лев бек. Носител веќе ти е Хенеберг на лев бек и тој ќе игра 40-45 минути претпоставувам. Кисум го носиш за ротација за останатите 15тина минути. За толку и "нестабилниот" Атанасијевиќ ќе завршеше работа - а да не зборувам што во интерес на клубот е да инвестира во играчи како него - играчи кои мора да имаат реална минутажа во тешките натпревари, небитно е колку играат против Вардар Неготино и Куманово. А и се е тоа под претпоставка дека и Суси нема да се врати од повредата, што по се досега што е кажано, не треба да е така, напротив се очекува за многу скоро време да се врати на теренот.

Како сакаш гледај на работата, 6 леви бека наспроти 2 средни е реалноста. 2 средни од кои еден е Дејвис, кој исто како и да не е во екипата. Реалноста е дека на екипата му фали носител на среден бек. Колку сакаш носи леви бекови, ако зависиш од тоа Танкоски 60 минути да те носи на среден бек, тешко ќе биде да се освои титула. Барем не оваа сезона, за неколку ќе видиме, можеби ќе продолжи да напредува Марио.

Јас стојам зад тоа дека рецептот за Пелистер мора да биде "екстра квалитетни странци" + македонски/домашен темел. Трупање на квантитет на странци е спротивно на таа логика.

П.С. Јас не викам дека Кисум е лош играч - скоро сигурно не е, и ќе излезе дека е сосема коректен. Ама ни екстра квалитет не е, штом последните 5 години во екот на кариерата ги минал во Норсјеланд и Сондерјиске (екипи од долната половина на данската лига).
 
Јас стојам зад тоа дека рецептот за Пелистер мора да биде "екстра квалитетни странци" + македонски/домашен темел. Трупање на квантитет на странци е спротивно на таа логика.
То е то шо треба да бидат темелите на Пелистер, но сметам дека оваа сезона замина каде што замина, претпоставувам визијата пред почетокот на сезоната била една, но работите заминаа сосем спротивно. Па овај потег го гледам само како одење на управата во all in за напад на домашните титули. Сери веќе е отпишан, Емилијан пред повредата имаше епизодна улога па сега после операција прашање е дали воопшто ќе добие минутажа, имам инфо дека и Дејвис би можел да го напушти клубот овој период, Суси не е играч на кој би можеле да се потприме, нејасно е кога ќе се врати а уште понејасно во која форма би бил. Па ова решение е можеби некој бекап за како шо сакат да кажат за лев и среден :). Очекувам уште некој потпис плус перодот шо иди
 
Ништо, џабе го донесоја Кисум... Од долната половина на данската лига играч носиш во ваква екстра лига како македонската... Незнам и од управа шо мислеа ко носеа данец тренер и играчи од таму, наместо да тргнеа во лов на талентите од нашата супер лига.
Требаше да тргнат по Ласко од Пролет... Вака со непроверени данци и ние сакаме титула да освоиме во ваква екстра лига како нашата.

Јас пак ќе речам дека се шо се дешава позитивно во и околу Пелистер се релативизира на секој можен начин. Доказ се коментарите на секој нов трансфер на клубот.

Логички секој би ги поставил счедните прашања :

-Дали сме свесни дека Данска е европски првак и дека данското првенство е 5-6 класи поквалитетно од нашето ?
-Дали сме свесни дека екипите од долната половина и средината на табелата во Данска, се три класи од било кој наш клуб моментално ? Доказ за ова е Архус, противникот на Пелистер во вторник од ЛЕ.
-Дали сме свесни дека најквалитетните наши ракометари завршија 28мо место пред неполн месец на светското првенство со тотален дебакл на сите натпревари ?
-Дали сме свесни дека најдобриот наш играч, Фитиљо, е моментално 4та опција во клуб од бундеслига и е малтене статист во тој клуб ?
-Дали сме свесни дека последно пласираната екипа во Данска има поголем буџет од Пелистер и Вардар ?
-Дали сме свесни дека после Лазаров, ние имаме немаме произведено ниеден играч шо поседува барем 50% од неговите квалитети?

Јас се кладам дека било кој играч од моменталниот состав на Пелистер да беше донесен во некоја од ривалските екипи ќе беше бомбастично најавен и претставен како екстра засилување. Па ќе се пишеа километарски постови по порталите, подигање на пиедестал на уште не изиграна ниедна утакмица. Ама дека во Пелистер потпишале, тогаш се просек, не поминале на магнетна, иделе од просечни клубој од данското и француското првенство итн...

Дечки, да се спуштиме малце на земја и да ја прифатиме реалноста. Нејќам да бидам сватен погрешно, ама ракометот е далеку поскап спорт од тоа што беше пред 10тина години. Денес и со јак буџет е тешко да донесиш играч на балканот а не камоли со вакви смешни буџети како нашите. Екстра играчи коштаат од 250К евра по сезона и нагоре и прашање е дали ќе се нафатат да дојдат во ова вукојебина од држава.
Реално освен Фитиљо јас не гледам кој домашен играч вреди да се донеси во Пелистер... Цела репрезентација е малтене во трите клуба(Вардар,Алкалоид,Пелистер)
Сите домашни играчи шо малце од малце вредат ги потпишаја до 2025 година, незнам кој друг би го зеле моментално шо ќе донеси квалитет во екипата а не е во еден од овие клубој во првенството?
Тие се играчите, тоа е првенството... Гледаме дека и тие шо ги имаме не се кадарни за Европа. Толку е силата со нив, гледаме како врвиме во ЛЕ.
 
Јас стојам зад тоа дека рецептот за Пелистер мора да биде "екстра квалитетни странци" + македонски/домашен темел. Трупање на квантитет на странци е спротивно на таа логика.
Хансен и Карабатич ги бараа ама дека во години се и двајцата па некако не се погодија за ситни пари 5 до 6К. Кога ќе станеш наутро отвоири новчаникот па потоа банкарските сметки ќе се вратиш во реалноста каде живееме за екстра квалитетни странци треба треба многу пари а ова е македонија, речи фала богу Стерјев го презеде клубот инаку ќе се радувавме на трансфери од типот на најмалиот Мансков и ред други. И вардар земаше квалитетни странци кога самсоненко фрлаше државни пари па ко престанаја да перат пари го задолжи клубот уште 10 години ќе неможат европа да играта.
 
So e rabotata jas ne citam kako so treba ili vie site ste nesto zaslepeni od sto sakate da ne bide, jasno e bilo koj da go donesat e ubo dali cini ili ne ke vidime no muabeto na ovaj Xscko e deka poarno da se zemi skap salam stranec da bidi nositel od kolku za backup no so rece favorito po se izgleda ovaa sexona se odi all in pa me se zalaat pari sredstva da se pokrieme na site strani oti so segasniot sostav ne sme na cisto od povredi i to so sakaat da si odat, pa daj boze ovaj da se pogodi i odma dogovor na podolgo oti nema smisla sekoja sezona da prajme nov sostav i akcent na domasnite igraci za vo prvenstvoto so znaci ne mozi velkovski da go lecime cela godina sega da begal na leto ili go drzis so sila barem za asistencii mu nema ramen ako ne go povredvas i vrakjas vo prvo odelenie za kraj site ke pisat so sakaat barem se javni na fb a tuka vie pola se kriete i ke povtoram rezultatite se vazni se drugo e bez vrska muabet nikoj ne rece deka sme na dve tri skalila od porano no bez titula nisto ne ni vredi to bese muabeto za toa olabajte se i da se nadevame na muabetite od pelisterec i favorito deka ke donesat uste nekoj igrac za da zemime titula ke potenciram so moznost sudii da bidat od stranstvo oti so nacevski i niklov e jasno ednas ke ti dadat posle tri pati ke ti zemat barem za toa mislam site sme na cisto

P. S. Se mislam deka Cile da napraj sala ke mu bidi najpametno ke ostani nesto vo gradot od nego a vaka so tolku menadzeri vo klubot dali se pogodi igraci ili ne pominaa godinite
Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Проблемот дефинитивно е во пренатрупаниот и непотребен играчки кадар. Ако ги отсраниш за наредната сезона од тимот Маџоски, Ојлевски, Хененберг, Кисум, Соси, Дејвис, Кукоски, Хосни и Радонич (на сите им завршува договорот освен Хосни и Дејвис, плус Велковски шо според мене мора да се задржи бидејќи е најдобар македонски десен бек во моментов) има околу €40-45к месечно расход.
А на нивно да се донесат наредна сезона 2 леви бека, еден среден и еден десен плус еден пикер шо страшно ни треба за во 2 правци ќе има мн подобра корис него оваа турлитава која ја имаме.
Сезоната на трансфер пазарот не е промашена (освен Дејвис кој на моменти можам да забележам дека и тој дава поголем жар во последните 2 утакмици). Проблем кај нас се јаве со префорсирањето на одредени играчи кои го надополнаа со незадоволство ради слабата ротација и повредите. Доколу овај состав е здрав со Соси+Хененберг+Сери на лев бек, Танковски+Атанасијевиќ (иако не е за среден детето е за лев бек)+Нов, Хосни+Велковски. Со ваква бековска линија лесно би дошле до зацртаната цел и не би се мачеле како досега.
Ајде ќе биде на мускули оваа сезона а и така ќе дојде титулата БТ.
Наредната сезона барем поука да извлечат од оваа за и да се внимава во кој период ќе се носат играчи оти ова сега е само крпење на тимот.
 
Последно уредено:
Добар потег шо втприот тим станва база за млади репрезентативци со можност да се префрлат во прв тим, небитно дали се наши или репрезентативци од други држави.
https://24rakomet.mk/младински-репрезентативец-на-црна-го/



Во Данска отпатувале Суси и Велсковски, шо значи утре ќе добијат шанса ваљда по некоја минута yтре па ќе иаме можност да видиме во шо форма се и двајцата.
Од Велковски не очекувам многу, ама во Суси сите полагаме надеж дека ќе можи да одговори на задачите во плејоф.
 
То алипното, никакво суштество, кај седи сезона и пол зема пари, го опоравуваат од повредата, сега сакал појќе пари, небаре јак придонес даде, стегни заби таму покажисе уште повеќе баш сега кога гледаш дека големи се шансите да имаш конкуренција на таа позиција...вакви играчи не смејат во авион да ги качат бе, не пак за Данска го зеле, мрш таму ептен ме разочара, ќе видиме дали ќе ти дадат повеќе пари во Алкалоид или Тинекс Пролет кој ќе ти се максимум во иднина....
Треба уште утре одма носење десен бек и заковај го до крај на трибини мрсуло, па нека бега.
Суси нека темпира форма за со Вардар за 26 март, за до тогаш од него немаме големи очекувања....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom