Го гледал ли некој играчот воопшто (и тие што го хејтаат и тие што го поддржуваат)?
Реално Фленсбург, Хановер, Тулуз се клубови каде бил пред 5 и повеќе години. Како многу помлад а и не се сеќавам да имал некоја особена минутажа во нив. Тоа не е мерило за кое му е моменталното ниво. Тоа не значи дека е неупотреблив играч, претпоставувам дека ќе се покаже ок во игра во два правци, веројатно по квалитет сличен на Хенеберг. Валтер сигурно добро го познава, сепак од исходот на оваа сезона и него му зависи работата, па дури и да замине од Пелистер, како ќе се продаде.
Мене друго не ми е јасно. Кога ќе прочитам лев бек кој може да покрие на среден ми се превртува во стомакот. Во денешен ракомет, тоа реално значи класичен лев бек. Со оглед на моменталните трендови на играта, тешко дека среден бек првично ќе биде опишан како лев. Ако има соодветна брзина, продорност и плејмејкерски способности никој нема да го брендира како лев, дури и да има капацитет да игра таму. Во превод, Кисум веќе е 5ти или 6ти лев бек во екипата зависно како го гледате Атанасијевиќ (Хенеберг, Кисум, Суси, Ѓорговски, Сери, Атанасијевиќ). Што е многу многу е. Претпоставувам од Суси ништо не очекуваат штом прават ваков трансфер. Ѓорговски секако му пропадна сезоната безвезе наместо да го оставеа во двојката. А како тргнало веројатно и Атанасијевиќ планираат да го заковаат на клупа.
Ќе видиме колку ќе се снајде Кисум, можеби добро ќе се покаже, реално е да е ок ротациски играч, но мене ми е нелогичен трансферот. Ако Пелистер планира да се засилува во пресрет на плејофот, се знае што му фали - квалитетен брз среден бек што да знае да игра со пикер. Евентуално квалитетен десен бек, ако заминува Хосни, или ако лекарскиот тим смета дека Велковски не може да се среди во следниот месец дена. Секаков друг трансфер мене ми личи на непотребно фрлање пари (не дека нема играчи што треба да бидат "upgrade-ирани", ама тоа не е реално во моментот (инаку треба нов подобар пикер за два правци од Василев, ќе треба потрајно, повклопливо решение на десен од Хосни, ќе треба до летото да најдат посериозно трајно решение на лев бек - подобро еден со сериозен квалитет отколку 5 просечни-солидни)