Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ебати ушлинот глуп, кој кур бараа на отворено на ова време.
 
Ебати ушлинот глуп, кој кур бараа на отворено на ова време.
Нема врска времето.
Баш на тој дел од теренот премногу играчи се лизгаа последно шо можеше да биде сериозно беше со Рабек. Арно шо нема влакна на јазико Токсич и се побуни.
Не сакав мн мн да коментирам дури не заврши турнирот за играта.
Првата утакмица донекаде и втората мн тешки нозете се виде дека немаат работено премногу со топка, но пополека се гледаше како идат утакмиците дека се послободни и играат побрзо.
Позитивно ме изненади Риди Сери не очекував толку да биде од корист во напад но сеуште сум резервиран за него.
Дејвис сеуште голема енигма се плаши да влези во дуел а е централен, со него мн е побрза играта прави убав блок но не пробвува да шутира, солидно во одбрана.
Хосни ќе биде супер засилување, зборав и кога го најавиа за засилување дека е дрзок во одбрана и има солиден шут. Додатна работа шо видов кај него, користи доста шинта за ослободување кога е 1на1 со противник, нема мн мн асистенции но и не се плаши да распалува од далечина.
Денис хммм ѕвер во одбрана неискористен во напад (Пешевски rules таму) иако во Мотор даваше солидни партии во напад.
Не бев за Пешевски да дојде незнам оти можеби дека не игра во одбрана и мислев дека ќе брка иста раб ко Граџан, но тотално ми го промена мислењето и ќе имаме голема корист од него.
Овај нов играч е со #14? Мн поголема сигурност но сеуште има безвезни додавања и топки да му паѓаат од раце. Се надевам ќе се поправи и дека ќе се смета сериозно на него во иднина само да не почне да изводи и губи интерес.
Ѓорговски мислам ќе го вратат назад заедно со Петровиќ и ќе биде солиден избор оти повеќе ќе се развие во 2ка него да биде клуповача во првио тим.
Петар изигра мн малку на 4 утакмици едвај 20 мин дали напредокот на Марио има удел во тоа но Петар влегува во дуели со доза на несигурност. Ја нема таа експлозивност ко лани. Дали системот не му одговара или нема кој да му прави притисок незнам очекувам мн од него.
Лесјак ќе биде мадафака засилување браво за овај трансфер вреди за сите пари.
Во тимот не ни фалат бекови, во тимот фали пикер ќе видиме во кој правец ќе се одвива ротацијата на играчите.

П.С Не се залажувајте со 61ва дека се слаби, напротив тие се прејаки ја имаат истата постава од лани со мала промена на лево крило, играчите им се истите и се уиграни. Ако земат два бека лев и десен со уште еден пикер во 2 правци пак ќе бидат фаворити за титула (замислете само играч ко Јефтич од Бутел кај нив колку ќе им смени во ротација и ќе бидат посвежи). Тале и Куни пак им гинеа по 40 мин во 2 правци.

Како и да е нека биде бериќетна сезоната и да се радваме на поголеми успеси.
 
Се знај бе кога ќе пуштат карти за со Мешков, како ќе оди продажба едно др?
 
Се знај бе кога ќе пуштат карти за со Мешков, како ќе оди продажба едно др?
Од утре треба да ги пуштат каррите во продажба... Требаше да има некоја промена за оваа сезона со системот за онлајн продажба, поради негодувањата од минатата сезона, па можи за овој меч да нема опција за онлајн купување.
Ваљда се работи во тој дел ама мислам дека онлајн продажбата ќе започни со натпреварите од ЛЕ.
Редно беше да поработат на тој дел, пошо ланскиот принцип му беше некако хаотичен и имаше негодувања.
Исто така треба да ги испегласт односите со Тобако трафиките, да нема повеќе "чување" на карти за пријатели/роднини. Треба да си биди принципот прв дојден, прв услужен... Ако ги прекршуваат травилата, треба да ја прекинст соработката и да бараат нови партнери за продажба.
Во секој случај, очекувам во четврток полна сала и најава за една интересна сезона.
 
Петар изигра мн малку на 4 утакмици едвај 20 мин дали напредокот на Марио има удел во тоа но Петар влегува во дуели со доза на несигурност. Ја нема таа експлозивност ко лани. Дали системот не му одговара или нема кој да му прави притисок незнам очекувам мн од него.
Павле* брат
 
Првиот впечаток е би рекол повеќе позитивен од негативен.

Да одиме со ред.

На голман мислам е добро екипирана екипата со Лесјак и Кизиќ. Лесјак е топ избор за екипа од ваков ранг. Кизиќ е уште млад, се развива постепено, нема константност, но знае да има блесоци во клучни моменти. На медитеранските беше одличен. Непотребно се крева фама за трет голман. За трет голман може некој ептен млад да се регистрира чисто за секој случај, во нормална ситуација нема никогаш третиот да заигра, дури и да се повреди еден секако вториот ќе брани 60мин. Мислам бланапредок во од ос на лани.

На лево крило нема ниту еден одличен избор, но мислам конкуренцијата ќе си го направи своето и би требало еден да се издвои од триото како најдобар. Мотивација за да се борат секако сите тројца ќе имаат. Јас типувам дека Кузманоски и Ојлески ќе се изборат, а Маџовски ќе направи трансфер, но ништо чудно и да испадне поинаку. Благ напредок во однос на лани.

На десно крило Костески/Радовиќ е добро дуо. Се надополнуваат, има комбинација на младост и искуство, напад и одбрана. Таман за моменталните потреби на екипата, нелогично беше да се трошат плус средства тука. Слично како лани.

На пикер очекувам да бидат подобри сезонава. Василев е најмалку на ранг на Н.Маркоски а можеби и малку подобар како пикер за два правци кој огра главно одбрана, а Пешевски е дефинитивно класа над Граџан, ќе отвара доста простор за бековите бидејќи неизбежно ќе мора еден до двајца ви директен дуел да го чуваат. Подобри од лани.

На десен бек Хосни и Валковски е добра комбинација. Добар микс, еден е повеќе финишер/шутер, другиот е подобар додавач/креатор. Голем прашалник е формата на Велковски после повредата (мислам треба да се врати есенва). Ако е Велковски ок, ќе бидат подобри од лани, ако не слични. Хосни иако знае да влегува во грешки и историски знае да биде малку неинтелигентен играч, сепак е доста добра комбинација од шутер и атлет. Со оглед дека нема класичен офанзивен лидер сезонава има шанси тој да е најдобриот стрелец на екипата (без пенали). Подобар играч на десен бек тешко можеа да регрутираат реално со оглед на буџетот.

На лев бек Суси и Сери vs Мандалиниќ и Обрадовиќ. Мислам дека слично ќе биде како лани. Малку послабо во напад, но подобро во одбрана. Со оглед на промената на тренер и систем подобро би требало да се вклопи новото дуо (Мандалиниќ и Пешевски ќе беше невозможно да играат истовремено кај Валтер). Има ротација тука за 60 минути јако темпо во два правци да се игра. Кукуловски и Павле Атанасијевиќ исто се плус ротација тука. Ѓорговски е многу попаметно да биде во двојката.

Е на среден бек е клучот за дали клубот ќе биде појак, послаб или сличен како лани. Од сите засилувања најмногу страв имав за Дејвис јас (не знам зошто имаше најголем оптимизам за него на форумот). Кариерата очигледно му е во надолна линија. Физички сеуште се држи иако е 30 и неколку, ама некако невклоплив е во тимот моментално. Делува како недефиниран играч, што не знае кои му се можностите ниту што треба да игра. Се надевам ќе се подобри со уигрување оти ова е полошо и од тоа што очекував (а јас не бев фан уште од старт). Танкоски делува многу подобро од лани. Имаше грешки, но се на се со ваква игра заслужува најмалку 20тина минути во ротација. Проблемот е што моментално нема асолен стартер и Танкоски сакал или не е клучен играч во екипата. Голема шанса за него се следните месеци. Малку сум загрижен Павле да не заглави на клупа. Ако Дејвис не го бива јас би го исфорсирал Павле макар и грешел. Ако не планираат да го играат поарно во двојката да го пуштат. Во оваа фаза од развојот мора да игра барем 20 мин по натпревар и тоа против тешките противници.

Се на се има шанси да биде подобра од лани иако бев скептик искрено. Сепак загубата на Периќ пред се ќе биде тешко надоместлива, на сите други позиции се слични или подобри но без главен мотор на среден бек не знам кои се лимитите. Сепак само трошење на пари безвезно нема логика, не треба плус играч туку замена за Дејвис. Ќе видиме дали е тоа можно... Во секој случај екипата мислам развива идентитет на динамична игра во два правци, микс на скандинавски и француски ракомет што мислам дека е многу позитивен старт.
 
Можеби Суси ќе можи на среден да игра и да биди плус опција шо ќе надополнува, нели се води и како лев/среден?
Мене искрено оваа екипа ми е подрага со поголема харизма и подинамична, а времето ќе покажи дали е така или не.
 
Реално Перич е голема загуба. Таков плејмејкер тешко се годи во екипа.
Штом Сери се покажа кско одлично засилување, највероватно Ларс ќе го форсира Соси повеќе на среден, пошо од видеата се глеа дека доста доста добро се снаоѓа и на таа позиција а Дејвис можеби ќе го спремаат повеќе за во дефанзива. Тука јс гледам шансата Павле да се избори за поголема улогс во тимот.
Ќе видиме шо ќе донесат ново до септември, можи да има нов десен бек, пошо вакс глеано Хосни не е играч шо можи да го носи товарот цел меч, доста глупости прај после 10тина минути поминсти на терен.
Ако начекат некој добар левичар од балканот, пошо има доста интересни млади играчи во регионот, ќе можат Петрович да го вратат назад во двојката, да ги појачст малце нив пошо не зедојс ништо ново таму.
 
Не сакав до сега да објавувам статистики кога се обајавуваа трансферите на новите играчи и да се збора дека само од инает го правам тоа, но мора малку да се спушти оптимизамот кој го имаме за после да нема плукања по играчите како шо имавме за Стипе кој сите тие години кој ги помина во Германија ги помина по болници а го правевме ко да е бог.
Сепак ова ни е буџетот и ваков тип на играчите ќе ги имаме во наредните 2 години ако се оди според планот кој го имаат главните спонзори.
Целта на ова објава не ми е да плукам по некој туку само да се отвори малку дискусија ако има некој повеќе инфо нека надополни. Пак ќе кажам не ме земајте здраво за готово и засега според прикажаното на големо ме негираат и Сари и Хосни (иако Хосни ланската сезона во Истрec прв избор за десен бек им беше данецот кој замина во Порто), се надевам и останатите тоа со текот на времето ќе се докажат и ќе го кренат тој оптимизам и кај мене.
1661111700559.png 1661111737956.png 1661111808966.png 1661111878871.png
Сите овие во 21/22 сезона имаат оскудна минутажа и статистика, Соси има преголем пад на форма и не можев да видам дали има некоја повреда, но за таков играч да имаш само по еден гол на два натпревари нешто не е во ред. Прерано е да се збора го немаме ни видено на дело шо има во неговата рака, но сум премногу резервиран за него, како шо сум за Дејвис кој досега има само шут 5-6 шутеви во 3 утакмици има само 2 гола од пенал.
Потполна слика сите ќе имаме на првата утакмица од Европската лига каде се надевам дека ќе имаме посериозни тимови против кои ќе се надигруваме оваа сезона. Пак ќе повторам не плукам по никого но мора малку да се земе во предвид ланските сезони и колку биле активни во нивните претходни тимови.
Најголем противник на цела оваа состојба во мак ракометот е дека 61ва нема да имаат сериозни противници се до Фебруар-Март и да изгубат 2-3 утакмици во регуларен дел од сезона нема да им значи апсолутно ништо, пак ќе бидат на 1во место во нивната група оти останатите тимови немаат таков континуитет да ги добиваат сите утакмици, а до тогаш 100% ќе донесат 3-4 играчи со кој можат да ја решат сезоната со само една уутакмица.
Здрав Куни и Талевски со Гаџа во составот се солидна бековска тројка која заедно играат веќе две сезони, ако бидат надополнети со еден пикер и по уште еден лев и десен бек ќе бидат појаки од нас ако се земе фактот дека ние ќе бидеме во полна натпреварувачка сезона а тие ќе играат само против Бутел, Охрид, Алкалоид и ќе бидат мн по растеретени и по одморени него нас оти ние ќе го имаме притисокот и ќе играме утакмици Вторник/Сабота со патувања во странство.
Нека имаат здрава и успешна сезона и да гледаме убав ракомет ова година надополнет со сите домашни трофеи.
П.С Карти онлајн мора да има, има еден куп кои одиме на работа и немаме време за да одиме да купуваме на продажни места. Мора да се има баланс одреден број да се купува онлајн и да има по продажните места, а тоа дека ќе се искорени чувањето на карти за мене за тебе за другарми нема да се деси оти секој од нас да има прилика да купува карти на таков начин ќе го искористи. Се надевам дека имаат имплементирано нов начин на следење на картите оти ланскиот начин им беше катастрофален и да се има некоја дата база кога се купуваат сезонските карти да имаат и податоци за истиот за да има приоритет во наредна сезона.
 
Последно уредено:
Ви кажав се работи на системот за онлајн ородажба и големи се шансите да нема за овој меч. До почетокот нс ЛЕ ќе го средат сигурно.
Ќе има пак тензии со редици и гужви пред тобако, ама то е...
Треба да напрат опција да има карти само на билетарница в сала и макс до 4 карти по особа. Едно чоече од клубот нека си постават и нека си крцка таму, нека продава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom