Прво, никогаш луѓето шо беа вчера не биле дел од групата, никогаш.
Второ, немаа знаме, коцка и сл од нас, па да се оградуваме од нив. Тие на ниеден начин не покажаа или не направија ништо со кое некој би ги поистоветувал со Чкембари.
Трето, ако се оградуваме од секој еден фан ради нешто што викнал или скандирал, после секоја утакмица ние прво треба деманти да пишиме па тек потоа извештаи за нас.
Пораката од нас до Стипе е пратена преку наши канали уште синоќа, така да за нас тука завршува приказната и не би требало да ја шириме непотребно.
Чкембари одговараат за се што доаѓа од навивачкиот коп и официјалните страни на социјалните медиуми.
Браво!
Убо се е објаснато и доста е веќе за нив и за темата Стипе.
Му посакувам се најдобро иако кај нас потфрли многу. Свесно несвесно не навлегвам.
Секој има право да навива за својот клуб со дресови и реквизити и си сноси последици за своето однесување исто како и во општеството (иако кај нас ова е се однопаку).
Ако нема организирано навивање Чкембари како група, не значи дека некој не смеј да навива и да оди таму.
Но медиумите или дел од луѓето то го мешаат и по медиумите има се и сешто...
Теоретски сите сме "Чкембари" во срце штом си го сакаме Пелистер и Битола, но сосема е друго да си член на групата која си има правила, кодекс и по то треба да се однесуваш ако си стварно член. И секое прекршување да си се санкционира ако е сериозна една група.
Во секој случај поддршката беше појќе од потребна, а ќе ни треба и вечер.
Ние бевме единствените таму од сите клубој шо имаја видлива со реквизити поддршка, аматерски или не, на трибини зелено-бели бои и дресови, покрај струшката публика, што традиционално е со нас, оти играле и играат многу стружани шо станале играчишта играјќи за нас.
За вечер убо е да има пак притисок со оглед шо ќе се игра в сала.
Се зависи од нас. Ако досега првото полувреме тактички или не го играме со алтернативни постави, за да се уиграт сите, шо го поздравувам, пошто никој сеуште не е во толкав тренажен процес да игра топ 60 минути,ако сакаме пехар мора се да се дади од старт 100%.
Се виде која постава е нај кадарна и кој е во подобра кој во помала форма иако секој секогаш можи да е џокер, како шо се виде и претходно...
Кога се децата, Павле, Ѓоргоновски, па и со Маџовски во напад, некако не играја преку пикер и џабе Жаре се мачеше 15 мин иако се менваше, се губеја без идеја, стојам на став дека со 5-1 формација одбрана најубо игравме кон повеќето ситуации и 6-0 длабока зона. Исто нападот мораме и преку крилата повеќе ако веќе не затворат,а и сигурно то и вечер ќе биди, нешто како грците, кои ги потценивме, шо не отепаја од крила и пикер оти бековите ни беа цел да ги затвориме.
Сепак со Валтер сме на добар пат и само трпение и за 2-3 месеци вервам ќе сме топ!
Друго е да играш со Бутел и Алкалоид (кој за неколку сезони ако тера вака ќе ни биди втор силен конкурент, вештачки или не, но во свето на никој не му е гајле, се гледа резултат, пари и интерес, за жал), друго е против Татран и ваков Аек.
Секоја чест!
Со среќа момци, без разлика на резултатот пред цела држава покажавте крактер и сила и то е неспорно!!
Вервам во титула оваа година и редно е!
Вечер типувам на ЗЕЛЕНО-БЕЛИ дресови! Да не личи
P.S Сега гледам изгледа сепак на отворено ќе биди финалето
Денеска е последниот ден на 50.јубилејното издание на Струшкиот турнир, во кој ќе се поделат трофеите. Во финалето ќе играат Еурофарм Пелистер и словенечкиот Целје од 21:30 часот, додека во битката за третото место, Вардар ќе игра против Татран Прешов од 19:30 часот. Овие два меча имаат...
24rakomet.mk
