Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Пешевски и Сери само покажаја игра и делуваат како засилувања, а Дејвис е Танковски исунчан, грешки во додавања, му паѓа топката од рака за позицијата не изгледа дека можи да се носи. Поарно да му се дај минутажа на некој од младите на неговата позиција тој да се чува за да ги одмори. Голманот имаше 6 одбрани ама не покажа некоја сигурност. Сепак рано е ќе видиме како ќе биди во текот на сезоната можи ќе ме демантира Дејвисо.
 
Дејвис засеа чорба... НМора да се бара за него замена. Дури на моменти послаб од Табкоски ми делува.
Се нсдевам наредна недел ќе донесат уште еден бек.
Горе-долу е ок екипата... Со 2-3 засилувања ќе бидиме за тип-топ.
Сеа да видиме тој Соси дале ќе ги оправда очекувањата. Освен Дејвид останатите се добри играчи, посебно Руди Сери.
 
Го заборајвте Василев за одбрана. Посебно првото топ беше. Иначе вака на прво Сери, Пешевски и Хосни не беше лош. Интересен тимот.
 
Многу ниска постава имаме, то ќе биди најголем проблем оваа сезона.
 
IMG_20220818_210100.jpgIMG_20220818_210100.jpg
Сине љуби те мајка!!!!
БРАВОС ЈУНАЦИ!!!!!
Одлична утакмица, ако се земи колку кратко момциве и генг бенгот се кај нас:гик:
Ауууу првпат конечно да излезиме од матрицата на Бабич и лузерскиот пристап со едно те исто!!!
ВАЛТЕРЕ РЕСПЕКТ!!!!:cuc:
Прв пат трнер да воведи сплотеност и и чувство на еднаквост на играчите, нема ѕвезди и примадони појќе, нема врски и форсирања!
Им даде сила и самодоверба на децата кои вратија со сигуност,зрелост и резултат! Сите се исти пред Пелистер! Со то му го намали притисокот во утакмицата и играја лесно, смирено, полетно и храбро!
Правеше супер рокади и во клучен момент, потези кој Бабич можеше да сонва, трансформација на одбрана 6-0, 5-1.
Бековите супер! Спрема очоболот од 2 сезони. Иако имаат неколку утакмици баш вака против јак тим вистински да ги осетиме. Руди и Хосни кои беа салам чувани но имаја супер проектили. Василев ѕвер во одбрана, браво. За Пешевски нема збор, браво мајсторе! Штета шо не игра во два правци ќе бевме уште побрзи, да не заборавиме дека Василев можи да игра во два правци иако го користат само за одбрана.
Радович стандард фајтер, Лесјак по 3-4 утакмицуи ќе биди уште појак. Се сеќавам така почна и Секељи па после растураше. Кизиќ полека полека се бруси и станва се подобар добро шо го врзаја подолго.
Костески и Танкоски ја вратија самодовербата, и ни се враќаат како играчи.
Кога сме кај Вилсон, не се сложвам дека е слаб, се гледа има сенс и техника, да можи беше по живчан и брзаше и праеше грешки, али има мирна рака за пенали и ќе биди уште подобар.
Кукоски не играше а битен столб ни е во одбраната со него ќе сме уште појаки.
ТИМОТ Е ПОЈЌЕ ОД ИНТЕРЕСЕН!
На крај браво за сплотеноста и ако ги тресниме грците ОДИМЕ НА ТИТУЛА!!!!!
НАПРЕД МОМЦИ!!!:uzi:
 
MRT 3 dobra realizacija i kvalitet na prenosite imat... poarno nekoj so e prisuten neka snima so telefonot i neka se ukljuci vo zivo, mislam deka ke ne kurtuli od ovaj ocobol
 
Последно уредено:

Шо го љуби мајка? Не треба да го љуби, треба да го кара, ако во клучни моменти прај почетнички грешки.:pistoldz:
На крај замрзна, ко требаше кај не го да е најсигурна топката.
Одиме на 1 минута до крај, на +1 и напад за нас.
Се очекува мирен напад, да врви времето, да ги развлечиме и да се отвори некоја дупка да дајме лесен гол.
И се дерам јас ПОЛЕКА СЕА, ПОЛЕКА:cujte:, се чудат овие од Струга ШО МУ НА ОВАЈ ШО СТАНВА И УРЛА А ВОДАТ НЕГОВИТЕ?
Ама знам јас шо можи да се случи.
Few seconds later. :eek:
Kо да ме слушна Танкосен, абе одма, ни да подај до бекојте, да се развлечи зоната, зеде се залета ко бик напрај пробивање.
Ми идеше штиците од трибина да ги изедам.
Неам коментар, абе се обратно од то шо треба.
1 минута подоцна.
Некако го браниме последниот напад, Кизиќ, одбрана, не е важно.
Пак одиме во напад.
Уште 20ина секунди.
Треба само да ја држиме топката и да бидиме активни.
Ја зеде Танкосен топката и ја чува в место, абе замрзна детето, можи 4,5 секунди ја држеше топката в место, си реков то е ПАСИВЕН.
Сеа брза транзиција и ќе не попарат.

Можеше слободно да ни ја земат судиите топката заради пасивност, немаше да згрешат.
Ми идеше да влезам на терен готово.
Виде не виде Хосни, ја зеде топката и во трк, со движење покрај противнички играч ( а не дирек ко бик во него ), нападна кон голот и исрпрличивме.

Не дека беше толку лош Танкосен, даде 3,4 гола, од ко влезе тој во прво се смени играта на подобро, пред то со Дејвис доста безидејни бевме, намести нешто, во одбрана сече неколку топки, зицерот шо го промаши на секој можи да му се случи таква ситуација, посебно кога се доближваш до голманот на кратко растојание, ти го сечи просторот и аголот.
Муабетот е дека дечкото нема самодоверба.
Не можи бе во клучни моменти да прајш вакви грешки.
Погрешно додавање, пасивен без врска и замрзнат во последен напад.
Тука паѓа во вода се шо си сработил во утакмицата.
Дури не ги испрај овие грешки никогаш нема да се издвој во сериозен играч.
Без самодоверба ќе си остани да си прај на секоја утакмица почетнички грешки шо скапо ќе го коштат тимот.
А, кај тебе како среден бек треба да е најсигурна топката.
Ако се укочваш во клучни моменти, ко се крши резултатот џабе е, замина цела самодоверба на цела екипа.
И другите бекој се бескорисни ако средниот бек нема идеја шо ќе се игра и не им напрај простор за шут.

Дејвис засега слаб, во одбрана е солиден и добро покрива на 5ка, шо можи да е добар знак.
Ама во напад засега не можи да се дај преодна оценка.
Сепак треба да се уигра со останатите.
Иако треба да се има во предвид дека игравме со екипа шо има грамадна зона и беше многу тешко да се игра и пробие.
Рабек 207, незгоден за чување во одбрана, тежок за пробивање во напад, и тој другиот бек суртук, и пикерите.
Јаки голмани.
Јака екипа Татран, дисциплинирана, хомогена.
Се гледа и кај нив разликата дека многу зависи од тренерот, како играа со Голужа, со поголем буџет, какви се сега со Антл, со далеку поскромен буџет.
Опасна екипа, немаше да биди незаслужено и тие да победеа, иако реално требаше нерешено да заврши утакмицата.
Ама, вака најдобро испадна за нас.
Сеа со јужните соседи денес и Стипета, па да видиме со Словенците до кај сме.
 
Глеам и Циле бил во ложата до Стерјев... Мислам дека првпат се појавува на трибина, од ко ја потпишаја платформата. Предходно со Работник често се појавуваше в сала.
 
Оваа свиња Матскевич одбрани се и сешто во првиот дел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom