Шо го љуби мајка? Не треба да го љуби, треба да го кара, ако во клучни моменти прај почетнички грешки.
На крај замрзна, ко требаше кај не го да е најсигурна топката.
Одиме на 1 минута до крај, на +1 и напад за нас.
Се очекува мирен напад, да врви времето, да ги развлечиме и да се отвори некоја дупка да дајме лесен гол.
И се дерам јас
ПОЛЕКА СЕА, ПОЛЕКА
, се чудат овие од Струга
ШО МУ НА ОВАЈ ШО СТАНВА И УРЛА А ВОДАТ НЕГОВИТЕ?
Ама знам јас шо можи да се случи.
Few seconds later.

Kо да ме слушна Танкосен, абе одма, ни да подај до бекојте, да се развлечи зоната, зеде се залета ко бик напрај пробивање.
Ми идеше штиците од трибина да ги изедам.
Неам коментар, абе се обратно од то шо треба.
1 минута подоцна.
Некако го браниме последниот напад, Кизиќ, одбрана, не е важно.
Пак одиме во напад.
Уште 20ина секунди.
Треба само да ја држиме топката и да бидиме активни.
Ја зеде Танкосен топката и ја чува в место, абе замрзна детето, можи 4,5 секунди ја држеше топката в место, си реков то е ПАСИВЕН.
Сеа брза транзиција и ќе не попарат.
Можеше слободно да ни ја земат судиите топката заради пасивност, немаше да згрешат.
Ми идеше да влезам на терен готово.
Виде не виде Хосни, ја зеде топката и во трк, со движење покрај противнички играч ( а не дирек ко бик во него ), нападна кон голот и исрпрличивме.
Не дека беше толку лош Танкосен, даде 3,4 гола, од ко влезе тој во прво се смени играта на подобро, пред то со Дејвис доста безидејни бевме, намести нешто, во одбрана сече неколку топки, зицерот шо го промаши на секој можи да му се случи таква ситуација, посебно кога се доближваш до голманот на кратко растојание, ти го сечи просторот и аголот.
Муабетот е дека дечкото нема самодоверба.
Не можи бе во клучни моменти да прајш вакви грешки.
Погрешно додавање, пасивен без врска и замрзнат во последен напад.
Тука паѓа во вода се шо си сработил во утакмицата.
Дури не ги испрај овие грешки никогаш нема да се издвој во сериозен играч.
Без самодоверба ќе си остани да си прај на секоја утакмица почетнички грешки шо скапо ќе го коштат тимот.
А, кај тебе како среден бек треба да е најсигурна топката.
Ако се укочваш во клучни моменти, ко се крши резултатот џабе е, замина цела самодоверба на цела екипа.
И другите бекој се бескорисни ако средниот бек нема идеја шо ќе се игра и не им напрај простор за шут.
Дејвис засега слаб, во одбрана е солиден и добро покрива на 5ка, шо можи да е добар знак.
Ама во напад засега не можи да се дај преодна оценка.
Сепак треба да се уигра со останатите.
Иако треба да се има во предвид дека игравме со екипа шо има грамадна зона и беше многу тешко да се игра и пробие.
Рабек 207, незгоден за чување во одбрана, тежок за пробивање во напад, и тој другиот бек суртук, и пикерите.
Јаки голмани.
Јака екипа Татран, дисциплинирана, хомогена.
Се гледа и кај нив разликата дека многу зависи од тренерот, како играа со Голужа, со поголем буџет, какви се сега со Антл, со далеку поскромен буџет.
Опасна екипа, немаше да биди незаслужено и тие да победеа, иако реално требаше нерешено да заврши утакмицата.
Ама, вака најдобро испадна за нас.
Сеа со јужните соседи денес и Стипета, па да видиме со Словенците до кај сме.