Гледам и во двете екипи сликани се Ѓорѓоски и Петровиќ, претпоставувам дека после турнирот во Струга и двајцата ќе се вратат во двојката, реално преголем залак е моментално за нив да се префрлени во првата екипа, ќе дремат само на клупа и ќе бидат 3та опција, вака во двојката и двајцата се клучна фигура и ќе бидат од голема помош за Јовиќ и ќе ги пополнат позициите, каде ептен се сега тенки таму на лев и десен бек, останаја само Митревски на лев и Мирчевски и Буторац на десен, од каде вториот знајме поради шо игра во оваа екипа.
Плус ќе бидат од голема корист за утакмицата со австријците, каде со нив имаме реални шанси да поминиме понатаму во следното коло !
Друга работа, ако има најави за нов играч, тоа треба да биди десен бек, кога веќе се завлечка работата со Велковски, а прашање е и во какво издание ќе се врати, останваме тука само со Хосни.
Крилата се покриени, кога веќе не замина никој од Боки/Гоце, сега имаме 3 крила лево, и двајца десно (да се молиме тука само да не се повреди некој од Радовиќ/Костески), другите позиции се ок, трет пикер странец да носиш е безвеза, наши нема, се надевам Василев ќе вади максимум за во двата правци, оти Жаре е еднодимензионален играч.
Среден бек Дејвис со Павле, очекувам старчето да блесни искрено, мислам дека е топ играч и треба да е еден од главните на теренот, иако потфрли првиот меч, ама вака заедно се собрани неколку пати и 2-3 изиграни курташак утакмици.
Детето со рскавицата (танковски) би го пуштил надвор на паркинг да ја крева рампата, немој да му текнало на Валтер да се глупира да му дава шанса пред Павле Атанасијевиќ, максимално нека го пушта во оган Павле, за него е Скубе, Бомбач и Зарабец три во едно...
И на лев сме со Руди Сери, Соси и Кукуловски, Сери гледам повеќе застанва во тандем назад со Кукоски, така да како шо претпоставувавме е планиран за дефанзивец, иако знај да се снајди добро и напред, почна со Струга на почетокот некое време, после само назад играше....
Соси е ок трансфер, ама не треба да креваме толку прашина, небаре Хансен дојде, корпулентен и добар шутер, едноставно нешто шо му требаше на екипата. Исто и за тука мислам дека повеќе шанса сезонава да добива и Кукуловски, барем сега ќе има екипи, каде ќе можи да крева форма, мора да му се дај шанса на детето, лани ептен беше изоставен.
Утре е вистинскиот тест со Прешов, ќе видиме колку се силите на екипата, ако изиграме ко со Струга, ќе го јадиме, ептен убо му изиграја на АЕК преѓе тие, иако мислев дека Аек ќе е многу посилен и борбата за финале ќе биди со нив, ама утре е клучниот меч за нас...