Општината и еурофарм согласни околу заклучоците,Пелистер
Прочитајте го убо текстот вие од селото.
Не е илузија,Пелистер никогаш фузија .
Хах, за некој ден ќе ви извадам што пишувавте по темиве во изминативе години, изгледа ви се отвори сега шупчето и брзо заборавивте или од толкав комплекс во последниве сезони ќе прифатите фузија и со РК Ринија за да може да бидете конкурентни на Вардар
Постов сигурно нема долго да остане, но веројатно ќе имате можност да го прочитате.
Правете си филм дека само нов спонзор добивате и додавка во името. Да не беше смешно, ќе беше трагично.
Ало, вие очекувате дека оваа година ќе играте во СЕХА лига и во Лига на шампиони.
По кој основ РК ПЕЛИСТЕР се изборил за нешто такво? Вие во Европа и во СЕХА лига во ниту еден случај нема да играте како Пелистер кој го знаете, затоа што тоа е невозможно. Ако само СПОНЗОРОТ се префрла од едниот во другиот клуб, ТОГАШ ЌЕ СИ ЈА ИСТЕРАТЕ СЕЗОНАТА ВО ЧЕЛИНЏ КУП и од наредна година ќе си бидете истиот Пелистер само со ДОДАВКА во името, како што многу клубови имале во минатото. Во меѓувреме Работник како знаат и умеат ќе ја истуркаат сезоната играјќи во ЛШ и СЕХА лига, како што се пријавени. Да била таква работата пред пријавувањата за новата сезона, РК Металург ќе беше екипата која ќе ги заменеше во Европа и во СЕХА лига.
Пелистер во оваа ФУЗИЈА не влегува апсолутно со ништо. Ниеден играч немате да понудите, а составот ќе биде оној на ЕУРОФАРМ РАБОТНИК, истите кои лани ги киневте од плукање.
Ова е како Металург во годините кога беше шампион, да беше откупен од Вардар и ние место нив да настапувавме ВО ЛИГА ВО КОЈА НЕ СМЕ СЕ ИЗБОРИЛЕ за пласман, СО НИВНИТЕ ИГРАЧИ и НИВНАТА УПРАВА, само да го променевме името со некои додавки. И уште да се радувавме на нешто такво.
Па какви приказни вртите во темава, човек да не ве познава, солзи ќе пушти.
ФК ВАРДАР И ФК МИРАВЦИ САМО СИ ГИ СМЕНИЈА МЕСТАТА ВО ЛИГИТЕ (со примена на сила), ние не земавме ниту еден нивен играч, не сменивме ништо во името, УЕФА го потврди тоа со фактот што ни издаде лиценца со што се потврди и континуитетот на клубот кој некои го спореа, а единствено со помош на пари и сила, некои издејствуваа да не играме втора лига.
Вашето е сто пати потрагично, гз натртивте кај Циле, да си го преименува клубчето во Пелистер за да може во Европа да играте.
Да, Битола заслужува врвен ракомет, ама овој клуб НЕМА ДА биде Пелистер ако спојувањето го направите на овој начин, па ако сакате на глава дубете. Направете како што Трифун направи при преземање на ФК Вардар. Го остави Работнички, ЦЕЛ ТИМ го префрли во Вардар, ама ние не ги преземавме нивните места во Европа или придобивките од претходните успеси на Работнички.
РК Пелистер со освоено 5-то место во супер силната конкреунција на Тинекс Пролет и Бутел, се избори за настап во ЛШ и СЕХА лига. Да, само во вашите глави
Кармата е кучка, по Викторијанците од Прилеп, Корзо/Албарса од Чаир и секако вашите браќа од Тиквеш од Љубанци, ви дојде и на вас редот. Абе Чкембари градот ќе го превртеа ако се спомнеше фузија со Работник, така?
Ве пече промената на бојата на дресовите? Ајде бе не е фузија

Нека ви КИСНИ
