Ај вака малку да пробам да ги разјаснам работите.
Не е моја струка да ги анализирам платите, ама боди оди една работа, уствари две, директно поврзана со трошење на буџетот, односно на народните пари.
- Зошто во клубот има на некои позиции по 4 играчи,како на пример на лево крило, па и на десно а на најдефицитарните како лев и десен бек неаме играч/и ни за лек?
- Зошто на платен список на клубот има 4,5 видови на директори, два секретари и шо уште не?
Шо е ова ТЕЛЕКОМ АД Скопје или ракометен клуб?Гарант за ни Бундеслигашите немаат толку директори, секретари во управа, гарантирам.
Баш ме интересира некој да одговори,
КОЈА Е ВИСТИНСКАТА ПОТРЕБА од толкава ""администрација?
Зошто ни се 4 леви крила, ај шо имаме наши крила за извоз па уште и позајмени играчи, па уште и нови играчи ќе се носеле?

Во клубот дури и сега има над 20 играчи сигурно, ако се приземи уште некој ќе имаме сигурно 4 постави, толку Веспрем нема.
А се чипчиме онде со некои си ревидирања на плати, дека треба кратење треба, ама ако веќе се ЧЕШЛА треба да се прочепка подлабоко.
Башка не се крати од глата, ко веќе функционира еден систем, гледаш дека оди работата остај го тренерот, нека ја истурка сезоната, не овие сега во февруар на неколку недели до старт на шампионат тогаш најдоа да се договарат, се знај кога се договарат овие работи, можеа пред Нова Година да ги решат сите работи и да сме на чисто.
Вака поминаја припремите и сега шо прајме? Пак од ново.....
Дека клубот не треба/ше да се расфрла со ненормални плати апсолутно се сложвам, не можи некои Ш странци онде да земат по 3 К, а плеј оф ти да не можиш да фатиш.
Кузнеј која пара се има спичкано овие години за сертификати за странци, за смештаи, и за шо уште не, на крај епилогот е јасен, фрлени од 2013 досега сигурно над 500,600 К ние кутрите уште не знајме кај тераме..
И сеа идиме на правниот дел од проблемот.
Нормално е шо си ги барат парите Давидовиќ и компанија.
Законот им го дозволува ова, неисполнување на договор, е сега вистинското прашање е кој ги договараше играчите во иметот на РК Пелистер АД?
Не се улај странците, играле низ светот, знат како се работи професионално, нормално е дека ќе не тужат.
Уствари и ко ќе се види суштината, нема врска кој ги договараше, тие го тужат РК Пелистер АД, од него имаат побарување, ако се докажи на суд од нашата НАРОДНА СМЕТКА ќе се тргнат парите.
Е то е, исто како фудбало.
Значи ко веќе почнале демек нешто да работат, бујрум, прочешлајте кој шо како потпишвал,договарал, ветувал, земал во име и за сметка на РК Пелистер АД Битола.
Па после да се знај кај да се насочи прстот, па да се преземат некои чекори дури има време, си има правни механизми да се бара чаре и да се гонат луѓето кои му наштетиле на правното лице РК ПЕЛИСТЕР АД, дури не е доцна ко во фудбало, оти и таму заради тие нерешени правни спорови го пуштија клубот низ вода.