Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
РАботник играле денес од 18ч, шо значи ние играме утре од 18ч.
Незнам оти вака набрзина ги настегаја термините... Можеа утре Работник, ние в недела.
 
Така изгледа ќе се тера со термините, едниот битолски тим ќе игра петок, другиот сабота, после наизменично оди, на тушникот клубот ако играл Петок како денес, следниот домашен термин ќе му биди во Сабота, па после ние следната дома ќе ја играме во Петок.
Недела изгледа останва термин за кошаркарите :D
Ледената Дворана исполнета до врв со термини :pos:
 
Толку од проектот за РК Пелистер овие умрените ко не ги тепаме нема шо да се збора барем пеналот да го погодевме абе раштиман оркестар ќе ни ја дупнат глата босанците

Sent from my 6039Y using Tapatalk
 
Реално,нерешено е најреално,не заслуживме да тепаме,не со толку промашени зицери,не искинаја голманите на Охрид.
Баталете муабети срамота е со Охрид,реално не сме во ништо појјаки од Охрид,ако се клат на кантар екипите и играчите,дури и треба да сме среќни нерешено шо ископавме.
Криви сме шо Охрид со дупло помал буџет напрај појјака екипа од нас,а ние речиси со 200 К се тресиме онде и живци киниме со антиракометари:facepalm:
Никој не е крив шо не знат играч да купат,само тие шо ги купваја,колку само се излажаВМЕ шо мислевме дека ќе туркаме сезона со Вешо и Ивица,колку само бев(ме)во заблуда,леле мори мајко.
Треба ДА ОДГОВАРА НЕКОЈ КРИВИЧНО ШО ГИ ПЛАЌА ОНИЕ ДВАЈЦА СО НАШИТЕ ПАРИ,сериозно,ај за еден можи да има место,ако има некој класа појјак,ама овие двајца да ти лапат 1500+ евра народни пари е тежок криминал.:facepalm:
Нашите послаб учинок,плус се повреди и Колев,,се мана во стативата при една контра на Охрид,играчот на Охрид дојде до него,овај немаше простор и проба да напрај нешто и се акна в статива,ако е посериозна повредата на здравје бричењето:tapp:
Утакмицата денес беше обратна од другите,за разлика од прошлите утакмици кога успевавме да ја стегниме одбраната денес обратно,15 гола примивме во второ,појќето од пенал.
Иако го затворивме Јанев на линијата кој ни праеше доста проблеми во прво,исто и левиот и средниот бек на Охрид беа невидливи,ама доста простор имавме на 5и6 и од таму ги скрнавме скоро сите голој во второ,доста мака му даде онај десниот бек на Охрид,Кобетиќ како беше...
Фалеше и некоја одбрана,да не крени,многу слабо даниловски,речиси ништо не скина.
За напад шо да кажам,пак старата болка ТЕХНИЧКИТЕ ГРЕШКИ,арно на Камени му текна совреме да ги извај Вешо и Ивица,ко виде дека се изгубија двата тоталка,посебно Вешо..
Овај Вешо игра како некое БЕСНИЛО ДА ГО ИМА ФАТЕНО,ни 3 минути не играше на цел меч напрај 3 грешки,и она топка шо ја акна 5 метра над гол,го гледам СЕ ЗАТРЧВА САМ ОДИ НА ЗОНА,ејјј си викам будала,и зеде ја акна 5 метра над гол:tapp:
АЛОООО,ЧИТА БЕ НЕКОЈ,БРКАЈТЕ ГО БЕ АЛООООО,АЛООООООО,НЕРВИ НИ ИСКИНА(ВТЕ)...
Ивица за нијанса подобар од Вешо оти даде 2 гола не за нешто друго,ама ПАК БЕШЕ НАЈСЛАБА КАРИКА,,леле,леле од пусти страв дури и не гледа кај се движи,како само се ЗАКОПА САМИОТ ВО РАМОТО НА ЕДЕН ИГРАЧ НА ОХРИД,:facepalm:после то не се ни врати во игра.
Борјан добро покри на десен,тој не држеше во игра со тие влезој ама премногу зицери промаши,баш ко се отвораја голманите на Охрид тогаш шуткаше и си затвораше агол.
Се мачевме цел меч иако вака на прв поглед играта не делуваше лоша,имаше подобро движење на топка,проток до пикер,успеавме некако да се справиме во напад,иако ако не беа тие тешки голој на Резо ќе се изгубевме.
Уште еднаш покажаја нашите ДЕКА СЕ ГУБАТ ПОД ПРИТИСОК,МУ СЕ СЕЧАТ РАЦЕ А ПОЧНИ ДА ОДИ КОЛАТА НА УДОЛНИЦА.
И судите беа капак,врска немаше она исклучвање на Богдан на крај,баш пред мене се случи,имаше отворен шут крилото,ако трчаше Богдан до него ,мислам немаше контакт.
Како одвај да чекаше Николов да свирни пенал и две минути,тука ја извај Охрид утакмцата,и тие се изгубија на крај,освен од пенал гол не дадоја.
Џабе само кренаја тензија скопските шанкуриња,после искомпензираја со пенало,мислам дека надвор беше фаулот.
Тука згреши Камени,вон баланс беше Папата,над него прекршокот,немаше концентрација,Богдан аут,клај го бе Резо да шутка,левичар е.
Најлош можен избор напрај Папата,на појаката страна му шутна Блажевски,а колку добро го изведе прошлиот пенал,го чекаше да се рашири и на послабата лева нога му шутна пласирана топка.
Ама то е сеа,јебига,нема техника Папата за такви удари.
Везенио,како е можно бе овај да има забораено ракомет да игра:facepalm:,дури ми е жал да го гледам,онај за грев е бе,леле мори мајко.
Зема прај пробив на средина има отворен пат кон гол,само еден играч пред него,простор за било каков удар,и овај наместо да го гледа голот ја враќа топката назад и го бара пикерот:facepalm:,не ми се верва дека овај е истиот тој Везен шо го памтам:boksix:,нормално му скурчи на Камени и не го кладе појќе.
И Павле разочара,му се сечи рачето,не знај кај тера на моменти,даде некој гол,ама поеба дупло појќе непотребни топки,посебно она на 2 минути до крај кога ја фрли 5 метра назад од играч:boksix:
Не можам да повервам стварно,како можи вакви почетнички грешки да се прат,срамота е ова бе.
Реален исход,мора да се признај,секоја чест за Охрид,добра екипа скоцкале,нема шо.
Пискало не отепа,голманите топ двата,јанев искина во двата правци,странците горе долу ОК,Младеновски малце затаи,левото крило Андоновски џуниор(ако не се лажам)е солиден играч.
Не е изненадување ова,не сме појјаки моментално во ништо од Охрид,да сме реални,џабе сеа ќе мрчиме СРАМОТА ВАКА ТАКА,срамота беше од Прилеп да изгубиме,ова не е срамота,толку ни е силата нас,настрана шо си прајме ние бајрам со умо дека сме некоја екипа,очекувано беше дека ќе се мачиме,иако се надевав јас дека баш денес ќе ја изиграме најјаката утакмица,ама ништо.
Јебига то е,СРАМОТА ЌЕ БИДИ ВО ВЕЛЕС ДА ИЗГУБАТ,е то ќе биди срамота,уште онеи на Борец да ги напрајме голмани и то ќе биди.
П.С.
ЗЕМАЈТЕ ИГРАЧИ ДУРИ ИМА ВРЕМЕ,АКО МИСЛИТЕ НЕШТО ДА ПРАЈМЕ СО БОСАНЦИТЕ,АКО НЕ ДА НЕ МУ ДАВАМЕ ЏАБЕ ПАРИ НА ДУНКАТА:pos:
 
Kolku so gledam na tabelata na rfm stranicata sme prvi :-) ... ali ne e to to... do sega vervav vo timot... ama ne ja biva rabotata ... ne mozi papata da resava utakmica... mora da bidat fleksibilni i da smenat nesto... nekoe zasiluvanje, i nekoe brkanje, treba da mu recat sega na lazarevski 10 gola da daj so borec narednata... ili fino lepo neka go ostat tamu, da ne go vrakat....
 
http://24rakomet.mk/?p=36713 :bravobe:
Паметно !!!
Очекувам утре и ние да се ослободиме од 2-3 играчи и да се носат странци уште ОДМА!!!
Ивица, Вешо, Везенио под итно АУТ... ама под ИТНО !!!
Нека се донесат два играчи еден среден и еден десен од Србија и готово. Неможи полоши играчи од овие дрвата да донесат.
Да не ве лажи умот да удрите по Камени, ради оние антиракометарите. Чоекот нема шо да извај поќе од овај состав. Реално имаме екипа за плеј-аут а сме горе на табелата. Ова е максимумот на овај состав.
Нема залажвање поќе, мора првите откази да се поделат уште од утре.
Несмеј да се дозволи дома да се губат бодој од НИЕДНА екипа до плеј-оф. Ај на гости ќе разберам да киксниш било каде, ама дома бе, во Битола ? Со толку фрлени пари да губиме бодој дома од сега , абе ајде бегај.


п.с.
Не е страшно да се згреши, сите грешат, ама машки е да се признај грешката и да се работи кон поправање на истата. Не ги залажвајте луѓето нити вие самите, дека со ова селекција ќе имаме успешна сезона. Бркајте уште од утре и тркнете до Србија/Хрватска да земите некое дете дури уште не е касно.
 
http://24rakomet.mk/?p=36713 :bravobe:
Паметно !!!
Очекувам утре и ние да се ослободиме од 2-3 играчи и да се носат странци уште ОДМА!!!
Ивица, Вешо, Везенио под итно АУТ... ама под ИТНО !!!
Нека се донесат два играчи еден среден и еден десен од Србија и готово. Неможи полоши играчи од овие дрвата да донесат.
Да не ве лажи умот да удрите по Камени, ради оние антиракометарите. Чоекот нема шо да извај поќе од овај состав. Реално имаме екипа за плеј-аут а сме горе на табелата. Ова е максимумот на овај состав.
Нема залажвање поќе, мора првите откази да се поделат уште од утре.
Несмеј да се дозволи дома да се губат бодој од НИЕДНА екипа до плеј-оф. Ај на гости ќе разберам да киксниш било каде, ама дома бе, во Битола ? Со толку фрлени пари да губиме бодој дома од сега , абе ајде бегај.


п.с.
Не е страшно да се згреши, сите грешат, ама машки е да се признај грешката и да се работи кон поправање на истата. Не ги залажвајте луѓето нити вие самите, дека со ова селекција ќе имаме успешна сезона. Бркајте уште од утре и тркнете до Србија/Хрватска да земите некое дете дури уште не е касно.
Sega piseto ke pusti YouTube I ke razgleda nekoj igraci :) site sakame I vikame da zemat igraci..ama koj da zemi? Piseto so negovite kontakti? Pa ic k*r ne go boli ni da si zaMini ni Nisto...a prv ripase ko gi tepavme aptekarite..ako se radvas za uspeh snosi odgovornost za poraz...Abe treba coek da go naceka niz sirok sokak I noze krsenje
 
Каменица ќе земи.
Тој ако неможи да довлечка некое дете, незнам кој... Кој има поќе ракометни контакти на балканот од него моментално во Битола ? Баге да не има случајно ? Или Иве ?
Има кој да донеси брат, пари нема за да се донесат. Зато викам да се збркат овие џаболебарите погоре шо ги наведив, шо трошат заедно околу 2500 евра месечно, ако не и поќе, а со тие пари на нивно место да се донесат двајца срби од рангот на Павле шо нема да земат поќе од 1000 евра месечно. Неможи да бидат полоши во никој случај од Ивица, Вешо и Везенио, со гла тврдам дека неможи. Овие тројцата се тежок промашај, ама сварно ТЕЖОК. Не велам дека порано не носевме вакви полуиграчи, ама разликата од тогаш и сега е шо тогаш му дававме по 300-400 евра и прашање и тие дали ги земаја од клубот а сеа се фрлат во клубот дупло поќе за ист тип на играчи.
Срамота е она да се толерира поќе.
Ја утнаја шо ја утнаја работата, ама време е да почни да се корегира то и да се проба да се спаси сезоната ако нешто остана да се спаси.
 
@Tomasino
n6w56p.jpg


И Дунката е ЛАЖЕН бе :D :pos:
Вчера си заминал Скопје на прошетка со здрушението Т.Александров :kezec:
Туку кој продаваше вчера карти за работниците ? :ROFLMAO:
Не одам јас на тие педерите, ама Дунката изгледа е ЛОКАЛ ПАТРИОТ, 101% ПЕЛИСТЕРЕЦ :цицки:
Кој ги еба фармацевтите, тој си е насочен за Пелистер.


Да се вратиме на утакмицата со Охрид :D Остајте го Дунчето, него му е работа да си зема по 5 банки :icon_lol:

Се очекуваше ТЕЖОК меч и така испадна, незнам кој очекуваше овде Пелистер лесно да победи, не е Охрид распашкана банда како Работнички. Јас првично цел ден си мислев дека ќе изгубиме :ROFLMAO: такви мисли ми идеја цел ден, ама не изигравме лошо, играта беше на ниво денес...
Убо си почнавме, ги отворивме од старт 3:0, после тие ни напраја серија од 4 гола со ред и ни ја свртија 3:4, е од тогаш па се до полувремето се играше егал утакмица гол за гол, еднаш Пелистер водеше со +1, па нерешено, па Охрид водеше со гол предност, на крај и 11:11 беа реални на полувреме.
Второто поубо игравме, до кај 50та минута солидно имавме предност цело време од 2 гола разлика, последните 10 минути се изгубивме во свемирот....
Голманите 0 двајцата кај нас, ниту Колев, ниту Даниловски одбранија нешто, све шо шутнаја Охрид влезе, 3-4 удари Колев ги имаше на рака, ама му лизна топката и ги прими и тие шо можеше да ги фати...
Од другата страна кај нив Трајковски не искина, добар тандем на голмани имаат Охрид, Трајковски и Стојановски се класа за во наша лига, овај вториот малку му избрани, ама таа минутажа шо ја доби фати 2,3 топки па пак го врати Трајковски....
Од играчите Кобетиќ му е играчиште :cuc:
Како шо кажа Томасино, тие си ги погодија странците, кој ни е нас крив шо неможиме еден асолен од страна да погодиме, а имаме 3 пати поголем буџет од Охрид, тие плус и за помалку пари ги договараат а поквалитетни земаат....
Кобетиќ, Кезиќ и уште еден или двајца имаат шо се солидни за разлика од нашите - "најдоброто од Македонија сме го собрале" господинот Ивица со Вешо....
Па Ивица, Вешо и Павловиќ земаат над 3000 евра плата овие тројца, а тројцата немаат мадиња со финта да влезат до 6 метри низ одбраната, колку само се плашат тројцата чудо е, ај Павле барем има удар, знај да распали некоја од 9-10 метри, ама овие двајцата се no comment.

Секоја чест за Борјан кај нас, МАЖИШТЕ во права смисла на збор, достојно се покажа и на десен бек, иако не е негова позиција ама ги избуши и од таму, како само влегваше :cuc::busi: Неможиме да се крепиме со Борјан на десен бек, а игра со десна рака, лошо е шо немаме класа леворак. Штета шо на два пати ја искрши стативата, не го сакаше топката, немаше среќа, а се напрај како по учебник напишано.
Денес најдобар Борјан заедно со Резо кај нас, секоја чест и за Резо најефикасен мислам беше со 7 гола, ама како ЦРВ е :pos: последните 2 гола како ги даде само од крило, како влегваше и тој, малку простор да има, минимално само за чекор ќе влезеше и дирек под пречка.

Кај нив Блажевски(Пискало) не истури, 12 гола даде од кој 8 му беа од пенал, па да му ебам мајката 8 пенали ни мана и сите 8 ги погоди o_O Мајстор е за пенали нема збор ! Во прво сите шо ги мана ги шутираше одма над Колев, а овај го чекаше долу да шутира цело време, а во второто го смени начинот на шутирање, па 4 пенали со ред ги броев му ги мана одма до левата нога ниско, е сега Колев па чекаше висока топка горе го зашемети со пеналите целиот:гик:
И тие 4 гола шо ги даде од игра ги примивме ептен идиотски, тука одбрана чуваше Павловиќ кај него, па другарот колку незнај да игра одбрана е чудо, во напад е корисен, ама сите влезој на Пискало од крило беа токму кај шо требаше да чува Павле, па и Боки тука чуваше, си се шеташе Блажевски тука како да немавме играчи...

Судиите капак на се на крај :facepalm:
Ако не те еби Начевски нема кој друг...
На 2 минути до крај БАДИЈАЛА го исклучи Богдан :notworthy:
Немаше контакт мислам, само го следеше во трк играчот на Охрид, џабе се крена тензија само...
Последните 2 минути го изгубивме организаторот на играта, после се извадоја со тој пеналот шо ни го судија на 5 секунди до крај, ама то е то помина....
Папата првиот пенал го погоди на минута и нешто до крај, ама најбитниот вториот му го фати, имаме пеналџии во екипата освен Богдан кој беше аут, можеше да мава и Везениот или пак Резо. Ама и јас довербата би му ја дал на Папата, капитенски :cool:
Не е лош пеналџија и Папата, до пред 2 сезони кога го немавме Богдан тој ги маваше пеналите па беше сигурен :D Овде е друго 5 секунди до крај, се решава меч, се треси раката.
И нерешен резултат не е лошо со Охрид.
 
Не треба разочарвање после денешниот резултат реално не сме ништо поквалитетни од Охрид склопиле пак добра екипа личеа на ракометари барем играчите вака на прв поглед ко ќе ги видиш а ние ова сезона треба да сме задоволни со влез во плеј оф оти реално толку имаме квалитет засега.

Незнам од кај да почнам премногу има за пишење ама засега во сезоната неуспех е само поразот од Прилеп то несмееше да се дозволи никако ама тое сега помина то :D
Секогаш пишиме за тие босанците во босна нема некој квалитетен ракомет во Битола мое мислење е дека ќе ги добиеме тесно на публика шо се вика убо ќе биди ако има и Чкембари ако не ко денес нешто слично ќе биди а таму ке изгубиме то е јасно :)

За то дека треба да се избркат 4-5 играчи од клубо треба ама невервам јас во то до зима сигурно ќе тераме со овие истите невервам да земат некој нов да не ги спомнувам кој се за бркање 100 пати го набројавме сите а со нивните плати секако дека можат да се дојсат поквалитетни од нив ама некој треба да се ангажира малце а моментално таков во управата не гледам :cautious:

Немора да се од странство засилувањата ете Охрид ги погодиле странците ама ние можиме да најдиме 3-4 играчи во мк лига шо ќе играт кај нас за истите пари ете ако чита некој од РК Пелистер нека побара по нашите клубој има по некој играч шо можи да се земи ако го пуштат од таму секако а то е голем прашалник пример Андоновски,Илиев,Димитриоски, а доколку не влези Прилеп плеј оф зошто да не и тој од Грузија секако ако сакаме резултат мора инвестирање секако а реков и прашалник е колку клубојте се расположени за продажба :angel: а и по балкано можи да се најдат квалитетни играчи само не ко тој лани десниот бек 67 години шо имаше шо го зедоја ако е за такви поарно Ќани и Кире нека влезат нека играт :P

Ко сме кај играчите наши за Колев да се надеваме нека не е сериозно повреден и дека брзо ќе се врати
Вешо едвај чекаше да влези абе фаќање топка одма шутна :pos:
За браќата ко се носеа многу бев против ама се поќе и поќе ме бендисват децата играт како да се родени битолчани засега :bravobe: и Чантурија исто така машина е :D
Везенио стварно непрепознатлив е ејј абе кае она дете шо кршеше кичми на цели одбрани као онај на Диви 10 гола шо му чукна тој да се врати во форма ке бидиме многу појаки ама прашање е дали ќе се врати некогаш воопшто а ако то не го напрај ова сезона невервам друг пат да биди

И посетеноста беше добра денес имаше солидно луѓе дојдени а судите во клучните моменти не заебаја машки а пред то и во неколку напади немавме среќа ја искршивме стативата и на крајо сакаја судите да се изват со пеналот нетребаше можи Папата тука се Реваз Везен Борјан па и Вешо ама јбг сега :)
Следната со Борец таму невервам да ја добиеме па после то имаме лесен распоред до средината на ноември.
Немие јасно само шо толку се радваја Охрид на крајо како титула да освојле а тие бод со Пелистер зедоја бе :tapp: а исто така никогаш нема да разберам некој фаци шо видов на трибина шо се фаној на Работник шо толку се ситат и се палат на Пелистер ко најголеми душмани да му се (n)
 
Не треба разочарвање после денешниот резултат реално не сме ништо поквалитетни од Охрид склопиле пак добра екипа личеа на ракометари барем играчите вака на прв поглед ко ќе ги видиш а ние ова сезона треба да сме задоволни со влез во плеј оф оти реално толку имаме квалитет засега.

Незнам од кај да почнам премногу има за пишење ама засега во сезоната неуспех е само поразот од Прилеп то несмееше да се дозволи никако ама тое сега помина то :D
Секогаш пишиме за тие босанците во босна нема некој квалитетен ракомет во Битола мое мислење е дека ќе ги добиеме тесно на публика шо се вика убо ќе биди ако има и Чкембари ако не ко денес нешто слично ќе биди а таму ке изгубиме то е јасно :)

За то дека треба да се избркат 4-5 играчи од клубо треба ама невервам јас во то до зима сигурно ќе тераме со овие истите невервам да земат некој нов да не ги спомнувам кој се за бркање 100 пати го набројавме сите а со нивните плати секако дека можат да се дојсат поквалитетни од нив ама некој треба да се ангажира малце а моментално таков во управата не гледам :cautious:

Немора да се од странство засилувањата ете Охрид ги погодиле странците ама ние можиме да најдиме 3-4 играчи во мк лига шо ќе играт кај нас за истите пари ете ако чита некој од РК Пелистер нека побара по нашите клубој има по некој играч шо можи да се земи ако го пуштат од таму секако а то е голем прашалник пример Андоновски,Илиев,Димитриоски, а доколку не влези Прилеп плеј оф зошто да не и тој од Грузија секако ако сакаме резултат мора инвестирање секако а реков и прашалник е колку клубојте се расположени за продажба :angel: а и по балкано можи да се најдат квалитетни играчи само не ко тој лани десниот бек 67 години шо имаше шо го зедоја ако е за такви поарно Ќани и Кире нека влезат нека играт [emoji14]

Ко сме кај играчите наши за Колев да се надеваме нека не е сериозно повреден и дека брзо ќе се врати
Вешо едвај чекаше да влези абе фаќање топка одма шутна :pos:
За браќата ко се носеа многу бев против ама се поќе и поќе ме бендисват децата играт како да се родени битолчани засега :bravobe: и Чантурија исто така машина е :D
Везенио стварно непрепознатлив е ејј абе кае она дете шо кршеше кичми на цели одбрани као онај на Диви 10 гола шо му чукна тој да се врати во форма ке бидиме многу појаки ама прашање е дали ќе се врати некогаш воопшто а ако то не го напрај ова сезона невервам друг пат да биди

И посетеноста беше добра денес имаше солидно луѓе дојдени а судите во клучните моменти не заебаја машки а пред то и во неколку напади немавме среќа ја искршивме стативата и на крајо сакаја судите да се изват со пеналот нетребаше можи Папата тука се Реваз Везен Борјан па и Вешо ама јбг сега :)
Следната со Борец таму невервам да ја добиеме па после то имаме лесен распоред до средината на ноември.
Немие јасно само шо толку се радваја Охрид на крајо како титула да освојле а тие бод со Пелистер зедоја бе :tapp: а исто така никогаш нема да разберам некој фаци шо видов на трибина шо се фаној на Работник шо толку се ситат и се палат на Пелистер ко најголеми душмани да му се (n)
Се е ОК ова што го кажуваш но мора да мислите и на голманската позиција Колев е 39 год. а и не е постојан , Даниловски исто . Незнам зошто досега не го вративте Ивановски назад ваше дете е квалитетен е и млад . Подобро да инвестирате во такави играчи одколку во некој на залез на кариера
 
Џабе прајме муабет,се еба работата в крај шо се еба.
Од една страна прајме некој проект(демек)на долги патеки ,потпишваме 60и кусур годишен тренер на 4 години,шо до негде е ОК,сепак чоеко е име и презиме на Балканот,или барем беше,ама за наши услови овде е тренериште.
Е сеа,кузнеј колку пати се иам прашано и уште ќе се прашвам дури не ми дај некој 100% точен одговор ДАЛИ СЕ ПРАШВАШЕ СТАРИОТ ЗА ТРАНСФЕРИТЕ?
Не ми е јасно како овај не се буни,а очигледно е дека не е чоек шо ќе преќути.
Јас не можам да сфатам стварно,или јас сум будала или некој друг е?
Ги гледаше Камени играчите пред да се потпишат?Или само на тие измиксаните клипчиња на Јутјуб,така е денешната шема за купвање,ќе си скоцка играчо една комплилација,најчесто од една,две утакмици кај шо му се погодил денот и ќе се најди некој клуб ко нашиот да се НАСАДИ.
Не ми е јасно,ај Везенио има некое педигре,остајл и некоја трага овде на два пати,и лани во плејофот беше ОК,е сеа требаше да мислат овие нашите дека чоеко 3 години не ни тренираше ко шо треба,по кафани таму Струмица со Мац,Струмица беше се само не професионален клуб,и нормално е шо падна и ќе му треба време да се врати,ама овие другите бе?
Вешо,Ивица,па на Ивица му дадоја две години договор,барем со Вешо на една потпишаја,.па уште не бил задововолен Ивица бе ејјјј,ааааа:uzi:Демек сеа ако зема 800(колку шо се збора)значи другарот 1500 бараше?:zver:хаха.
И сеа НЕ ИГРА НАМЕРНО ОТИ ГО ЕБАЈА:?ама пак си потпиша на две години.:pos:Македонче бе,се мисли кузнеј кој,ќе се посери в гаќи на прв предизвик ама не признава,ОД ИНАЕТ,друг е крив.:oeoeoe:
Онај Тасевски,јас не знам стварно оти дечкото толку го кренаја во облаци,ОХРИДСКИОТ БИСЕР итн,демек кузнеј шо играч,ОК е дечкото не е бескорисен ко Вешо и Ивица ама далеку е(засега)од нешто конкретно.
Колев е веќе докажан голман,за него нема збор трансферот,иако паѓа и тој со годините.
На крај ќе излези Бојанчо најдобар трансфер,сериозно,барем детето борбен е,игра со срце,двата со брат му како да се родени Битолчани,мават,тепат,грешат некогаш,ама со борбеноста се вадат.
Шо не можи да се кажи за другите,посебно не за Павле,ама ај кај него ќе дајме еден грејс период,сепак детето дојде од слаб клуб,немал некој тренинзи,нова средина,нова држава,му треба време,барем скок шут има,за разлика од оние тутурутките.
Не е до парите,има пари,ете сега се збора дека со новиот ребаланс сите пари шо одеа за ФК ќе се префрлат во РК,то ти се преку 18 милиони денари,или 300К + од некое спонзорче,не е курташак сума.
Ете Европа се пријајавивме,значи сами си наметнавме притисок,ко веќе мислеа да терат со овие не се пријавувај бе,не се бламирај.шо ќар иаме ние ако изиграме една текма со некое си клубче од Босна со стаж од 2 години,само за да изиграме една утакмица?
Ако веќе мислиш да играш Европа НАПРАЈ ЕКИПА.
Стварно се разочарав,не очекував брда и долини,ама барем за наша лига мислев дека нема да има проблем,а најмалку пак во Битола.
Пред 2и кусур илјади публика на два пати не победваме,во само 4 кола,ова ни се нема случено ни ко бевме далеку послаби.
Ами во втор дел шо ќе прајме,на тие гостувања во Прилеп,Радовиш,за Охрид да не прајме муабет,а ни заводат и толку ќе биди.
Му се сечат рацете,ако не е Богдан во напад се губиме тоталка,пак ја држи играта некако,иако очајно му треба да врати килажа,ама изгледа таков е чоеко,и е склон на :X3:.
Два правци игра,со Папата,имат придонес,е сеа шо нема замени то е.
Засега од та изјава на Камени дека СЕ ПРАЈ ЕКИПА ОД ПОДЕДНАКВИ ИГРАЧИ НЕМА НИШТО да сме реални.
Дали 10 играчи иаме кои би можеле да се вклопат во некоја ротација и да не падни играта.
Не можи ти да очекуваш со толку технички грешки да нема пад во игра,посебно не против екипа која игра до граница на пасивен како шо ни играја Охрид,од ко видоја дека немат шанса на позиционен напад од надвор чекаја само да пукни негде зоната и користеа простор или за пикер да се напрај пенал или да се дај топката до Пискало,не е ни чудо шо 8 пенали ни свирнаја.
Е од нив нешто треба да научиме,гледаш не оди,смири ај топката,не брзај,не можи на секое брз центар,а очигледно е дека немаш играчи.
Ко сме кај ИГРАЧИТЕ,ги спомна некој тие Македонски играчи-ете како Илиев,Блажевски голмано,,Ласко од Пролет,Соколов.
Значи СИТЕ БЕА ПОБАРАНИ ,ама доби корпа Тодор,на Илиев му нудеа салам пари ама батето локал патриот,ја вработиле жена му во Велес си се врати дома,Соколов ги дупеше ЌЕ ВИ КАЖАМ ЗА БРЗО,ПОЧЕКАЈТЕ,не му кажа:icon_mrgr:,Блажевски уште лани зимата ко си ојде од Струмица му пушти рака дека ќе дојди ,па после пишман аџија ги издупи и си замина во Охрид,тој Ласко имал договор со Пролетарците,а тие од искуство порана нејќат ни под разно нас играчи да ни пуштат,тешка сељачана од клуб се,малски клуб.
МАКЕДОНСКИ ИГРАЧИ НЕ НИ ТРЕБАТ,ПОСЕБНО НЕ НЕКОЈ НА ИСТО НИВО КО НАШИТЕ,МЕНТАЛИТЕТОТ НЕ ЧИНИ,НЕ ТРЕНИРАТ КО ШО ТРЕБА,ОДМА СЕ ЖАЛАТ,ТРЕНЕРОТ ЈАКИ ТРЕНИНЗИ НИ ПРАЈ,НЕ УМРЕ БЛА,БЛА.
Е зато ги нејќам нашите,со секоја чест на исклучоците,абе ти си платен да играш,не да ми се жалиш онде,за тие пари шо ти ги дават луѓето 4 месеци рмбат 6 дена во неделата на смени.:boksix:
Странец,ако е професионалец,шо има тренинзи поминато,шо знај како се ПЕЧАЛАТ ПАРИ нема да се жали,ако го плаќаш ќе игра,ако треба и ОРО ЌЕ ИГРА,е зато ни треба нас МЕНТАЛИТЕТ,мора од корен да се смени лузерскиот менталитет,навиката СО СЕДЕЊЕ ПАРИ ДА СЕ ЗЕМАТ,е не можи така.
Е сеа ко сме кај договорите,заебано е шо и да ги бркат овие балваните:icon_mrgr:,прашање е дали нашата ПРАВНА СЛУЖБА(ако ја има,а претпоставувам дека ја има со оглед дека преку 10 души се во тој бордо):icon_mrgr:дали имат клаено КЛАУЗУЛИ ЗА РАСКИН НА ДОГОВОР,да се знај под кои услови можи да се раскини играчот,или пак да се оди на спогодбен раскин,ама познавајќи го Македончето тешко дека разбират тие дека и во нивни најдобар интерес ќе му е да си одат.
Ако не можат да се отарасат од нив,нека ги чуват то е сеа,ако појќе се исплаќа да седат,ама ПОД ИТНО ДА СЕ ДОЈСИ ТРЕТ ДЕСЕН БЕК,АМА ПОД ИТНО,ко можиме да плаќаме 4 леви крила,можиме и 4 десни бека.
ПАРИ ИМА,нека не дупат таму,можат и да влезат во наредниот буџет за фискалната 2017 ако треба,ко се сигурни парите.
Вака не можи,да се врати Борјан на лев,и ако е сериозна повредата на Колев да се носи голман,то е приоритет.
Ако не можи да најдат играчи,БАРАЈТЕ МЕНАЏЕРСКА АГЕНЦИЈА,има колку сакаш,денес да се јават веќе утре в сала ќе имаш 10 играчи на проба,ама кој да се јави?
Демек ќе бараја и летото,ама на крај излезе поевтино дека на GOOGLE YOU TUBE SEARCH е поисплатливо,е зато на ова дереџе дојдовме.:pos:
Работата е за плачење не е за смеење,ама не мојш да не се смејш со појави ко Вешо и Ивица,секакви играчи имам видено в сала на тренинзи,од Слободан Николиќ(чичкото на Богдан),од УЗУНЧЕВ,Саздовиќ,Кире Митревски бек ко беше:pos:,Ќани долги години решеташе:vozbud:,Кире Атанасовски со стомако до земја,се имам видено овие 20 и кусур години,ама вервајте вакви ИГРАЧИ КО ВЕШО И ИВИЦА НЕ,НА ПЛЕЈСТЕЈШН НЕМА ВАКВИ,посебно Вешо,ко влезе вчера ко од спиење да имаше станато:pos:,со гурелки:icon_lol:,одвај чекаше ДА ЗГРЕШИ НЕКОЈА:pos:,хаха,која легенда ејј.
Јас не знам Камени како се воздржва со онај,да беше Цане Цауро досега ќе го одлежеше,не е хумано ова шо му го прат на мустако стварно.:shook:
 
Последно уредено:
So e najgolem majtap,za koj so sme nie krivi...kako grad...parite od fudbalot ke se nasocele kon rakometot....nemoj molimte...abe ovie so sega se na vlast,sto denari da ima ocite ke si gi izvat,da gi ukradat... pa so deka pandelevski stanal precedatel na fudbalot...pa to e smesno...radi nego 500 familii vo bt ostanaja bez egzistencija, pelisterka ja prefrli skopje, i sega trosi pari za belosvetskite kurvi da gi slika po kalendari...pelisterka ne postoi...sega e pumpa luk oil... i tie se so propadnaja sakate da naprat nesto...tie se so fatija isusija...posleden coek so go sakase pelister,a bese umesan so klubot bese spiro mavrovski... 10 godini se na vlast i pelister vo prvite pet ne mozi da vlezi... mrsh...
 
Од наредно коло ќе почнат вистинските предизвици за нас а богами и за комшиите... Ние гостуваме кај Борец, тие кај Радовиш. Ќе се види на дело дека се напрај утка голема со трансферите и кај нас и кај нив. Тие барем се трудат да се попрат, ги збркаја дрвата и си го донесоја Мајнов на десен. Играч шо за наша лига е класа према останатите на та позиција.
Кај нас никаква реакција нема.. Си се редат неуспеси од коло во коло, играта оди во надолна линија а никој не превзема ништо. Ако почниме да губиме на гости, а ќе почниме од наредно коло како шо глеам, во прашање ќе се доведи и плејофот. Прилеп, Пролет, Радовиш се екипи шо до крај покрај Охрид, Работник и Пелистер ќе бидат во игра за првите четири места.
Ако ни се повреди и Колев вчера, тешко нас ќе биди само со Даниловски на голот. Тогаш и Металург 2 ќе почни лекции да ни дели во Скопје.
Ама како шо кажа и Томасот, само тие и господ знај какви договори имат со играчите и дали имат ставено клаузула (чисто сумљам) за прекин со играчот а да не повлечи консеквенции клубот од тој прекин. Ама ко ќе ми текни дека Пискачот е одговорен за овие работи, ми се темни пред очи.
Незнам зошто чекат како лани да фатат удолниците па после на сред сезона да бркат играчи. Се глеа дека нема ни 5% напредок во играта од 1во коло до сега, баш напротив секое коло се све полоши и уште одат со глата в ѕид.
 
И една многу важна работа шо заборајв да ја спомнам преѓе,околу ПУБЛИКАТА И МЕНТАЛИТЕТО НАШ БИТОЛСКИ.
Значи толку заостанат народ сме то чудо нешто:facepalm:,еден куп луѓе шо ги знам,шо сме оделе години на утакмици на Пелистер,кај Чкембарите,гостувања еден куп,а сеа се во тие тн"ОБЈЕКТИВНИ"фанови и шо одат паралелно и на Работник и кај нас.
Ова само кај нас во Македонија го има,не ми се верва на друго место да има ваков парадокс,ни во Африка кај тие племињата.
Абе ЌЕФОЈ БЕА дека Пелистер КИКСНАЛ,не можев да повервам шо гледам,му се гледаше во фаците,дојдени за сеир и ситење,:boksix:срамота е да се карам оти живеам години со луѓето, иначе заслужват на клоци да ги бркаш од салата,забегана работа,му викам ДОБРО БЕ,ШО НАВИВАЧ СЕ ПРАЈШ ТИ НА ПЕЛИСТЕР А ОДИШ ДА ГИ ГЛЕДАШ РАБОТНИК?и ми вика АБЕ И ТИЕ СЕ ОД БИТОЛА ОТО ДА НЕ ОДАМ?и ај шо ќе прајш после муабет,и то овај чоек со години идел на утакмици,не е некој од вчера ко оние шо дркаја на Линчолург,Вардар,ЖРК Вардар и слично.
Ист пример и со некои ракометни луѓе шо имам контакт,пет пати појќе го плукат Пелистер а го величат Работник,ај сеа.Шо добро имат видено тие од Работник жити се?
Сигурно не е само мојот пример,сигурно секој има барем по неколку другари шо му мрчат ЕЈЈ АБЕ ЦИЛЕ ГИ ЗЕДЕ ОВИЕ,ПОЈЈАКИ СЕ ОД ПЕЛИСТЕР,АЛАЛ НЕКА МУ Е,СЕКОЈА ЧЕСТ.
ДА ДРКАШ ДЕКА ПЕЛИСТЕР НЕ ТЕПАЛ ЕЈЈЈ:facepalm:
Е то е онај менталитет наш,лузерски,шо секогаш си го ништиме нашето,шо секогаш нешто не ни чини,а кај другите чини.
И после ко ќе ги фрлат чевлите овие ако по некоја случајност ги земат пак на некоја функција во Пелистер ќе имат општа амнезија и ќе се прат дека живееле за Пелистер,дека Пелистер е нивниот живот,бла,бла.
Шо секогаш тие луѓе шо СИТЕ ОВИЕ 15 И КУСУР ГОДИНИ КО СМЕ ЧОРБА наместо да поможеа нешто за Пелистер тие си седеја настрана ,грицкаја семки и сеа се главни мрчатори.ЕЕЕ ЧОРБА Е ПЕЛИСТЕР,ВАКА ТРЕБАШЕ,ТАКА ТРЕБАШЕ.,
Класичен пример со Цревото лани,колку е различно МРЧЕЊЕТО И РЕАЛНОСТА,едно е да кажваш сосема друго е да спроведиш и да напрајш нешто,треба да се свесни дека овде не одат така работите,заостанати сме.
И нормално е сега ко сите тие ракометни луѓе немат врски со партијата и се тргнати настрана,таво време дојде,без партија нема спонзори,а ко ќе има спонзори и партијата кажва вака така ќе биди,и нормално е шо секакви луѓе се клават.
Ама не можи бе и то да е некој изговор да се откажат луѓето од Пелистер,демек ЕЕЕ АБЕ ПИСКАЧО Е ДИРЕКТОР,НЕ ОДАМ ЈАС,тој муабет од еден куп луѓе го слушам,абе за кој одите вие на утакмици?За Пелистер или не одите оти некој бил директор,или Панделески бил прецедник,ами поарно Панделески отколку Брачедо,или Циле или цела сурија Битолски тајкуни шо болеста не си ја дават и со прст не мрднаја за ништо во градо,исти курац е,дури и бетер се нашите,овие барем пробват нешто,овие нашите 50илјади луѓе остаја без работа па ништо не вратија на народо,е па самите ко не мрдаме за ништо не можи Грујо,Бранко да дават пет пари за Битола,ги боли нив за нас овде,шо нема ништо во градо.
Е шо демек порано ко беше Баге цветаја рози во Пелистер?Земавме титули да,ама труло беше одамна во Пелистер се,и на крај пукна тиквата,мораше да пукни,пукна ТАТ,си еба матер Жито Битола во то време,главните пари од таму ги носеа, прашање на време беше кога ќе пукни и Пелистер и дојде Спиро.
Точно,чоеко го сакаше Пелистер вистински,навивач цел живот,за то нема збор,лично го имам милион пати гледано на тренинзи на Пелистер,на утакмици во сите спортој,пред да стани претседател,цел живот по утакмици и тој ко нас,ама реално го еба партијата него,посебно во 2005 ко реши да остани со Љубчо,а имаше најпојќе гласој на првиот круг на изборите,после му ги даде на Газето и се друго е историја,ако тепаше Спиро и станеше градоначалник ќе беше друга приказната за Пелистер.
Втор нокдаун по тој во 2000 со суспензијата шо ни ја сервира Кометал Ѓорче ко го патосираја Гунар Прокоп и ни го ебаја цел залет,се спремаше јака екипа за ЛШ,наместо то суспензија и завршивме со узунчев место Лазаров:boksix:
То е,сеа ова година трет шамар,наместо да се фати залет,да се обедини се околу Пелистер во градо овие шо прат,2 клуба и уште поголеми поделби,во најпош можен момент.
СЕ ОД ИНАЕТ,ама то е,сосила убајна нема,не ќе го молат некој ко Циле за милостина,и тој инает,и оние од Општина бетер,нормално е,два петли не пеат заедно..
Ко се прај се од инает,ко се дозволи партијата да се меша кај шо не треба ќе биди вака,ќе биди Пелистер инструмент за нечии интереси,и шо е најтрагично се ќе биди тргни-застани,никогаш нема да се напрај еден салам проект.
Ко ќе почнат да ја реновират салата,да се спремат за нешто појќе од помочан плеј оф е тогаш треба да се надеваме дека можи(по некоја случајност)да е нешто подобро,.а сега џабе се нервираме само оти Прилеп со 2 играчи не тепал,оти не мојме Охрид да го тепаме,дали ќе го тепаме Велес сеа?
Ќе се замараме со неважни работи,то е то.
И другата сезона пак одново цел тим ќе сменат,и така ќе се тера,уште една сезона,дежа ву.:pijani:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom