Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ете така,ова требаше...(y)
Сега ако можат нека напрат и еден фан шоп,доста му е калапење пари на оние дуќанџиите во пазарот,пара напраја на сметка на Пелистер(без разлика дали ракомет или фудбал)....
Време е Пелистер да почни да прај пари од својот бренд,не да му отвора бизнис на некој индијанци на пазар шо штанцат на големо фушарски ,дресој,мајци,тренерки,шалој итн..
Мала пара да се вложи,да се отвори едно дуќанче некаде ќе се напрај голема работа....
 
Браво за стрната,секоја чест!Само ќе видиме до кога ќе функционира,оти жалосно а вистинито е дека е оваа 3-та веб страна во минатите 4 год...Реално со маркетингот и рекламите на спортот во Битола не му оди.Треба мегусебна соработка мегу сите спортски колективи во градот и промоција на нивни страници и слично.За фан шопот на фудбалот се збораше и толку се дозбора....ај и тука да видиме шо ќе биди?!o_O.па ич професионализам да не се праело.За Мишевски секоја чест,без разлика како кој и како пиши и води тв,човекот си ја знај работата,тој ако не напиши детален извештај од нигде нема да прочитаме,освен да наслушниме од чаршија :eek:.Чоекот е млад,перспективен и го бива за професијата,добро е цел спорт си спортски страници и вести во градот да му ги дадат него да ги води и да ги азурира и известува секојденвно!И со тие фб страници кај шо се клава 'лајк' кој стигна страна напрај,демек индиректно се залага за клубот :drk:.Па напрајте една ко шо треба,6 год на фб цел свет дреми.Еден куп профили напраја,сега од 2 страни на фб известуваат моментално..и то шо го известуваат е трагикомично.Некни имаше изјава на фб страната по завршениот натпревар со тинекс:Иако гледавме немили сцени на теренот сепак успеавме да извлечеме победа од 3 разлика 28:25 (12:12) од многу добрата играта на нашите ракометари и оние малкуте 20-ина навивачи кој грмеа во Битолскиот ракометен храм.....
Малку треба да си земат обврска кој и како пишува,ова не личи на спортски клуб со такво реноме и историја.Видете малку како пишат на запад на разните страници за спорт.
 
Ако си добар во нешто никогаш не го прај то без пари

Е да незаменлив е Мишевски :icon_lol: неписмени се другите новинари во градов :свиркам:
А веќе ко сме кај парите,океј е Мишевски да се врати ко ке има пари,а Цревото,Абдула и остала багра одма станват мршојадци.
Можи генерализирам ама сите се исто срање,па и со Пролет глеам кај Чкембари застанати луѓе шо биле активни пред 15-20 години,шознам можи и тие го избркаја Циле.
То е Циле ефектот,пркна малце клубот и по 7-8 години сите се активираја :rolleyes:
 
А веќе ко сме кај парите,океј е Мишевски да се врати ко ке има пари,а Цревото,Абдула и остала багра одма станват мршојадци.
То е Циле ефектот,пркна малце клубот и по 7-8 години сите се активираја :rolleyes:

Прво, поарно е тие да се на функција во клубот, колку толку значат нешто спрема СД и претходната гарнитура... :sneaky:
А второ, Циле ко демек едвај ги чекаше за да му пика по сто евра во џепо ко ќе влезат в сала... :coffee:

Вака така работите мрдаа од место... Полошо од овие 2-3 сезони назад не можеше да биди, треба трпение малце повеќе време зато шо сме децении назад во секое поле, ама барем има светло на крајот од тунелот. :)
 
Слушнав дека 99% работата била завршена со Никола Митревски, највероватно на паузата или на крајот од првенството иди кај нас, во зависност кога му завршва договорот со Металург, како и да е тој ќе биди најголемо засилување, решен е Циле изгледа да фрла пари па ова е одлична шанса да се напрај јака екипа !
Можиме да собериме и доста други добри играчи пример Бутино од Вардар и онака тој го изгуби местото во тимот би бил одличен играч кај нас, Чантурија, Везенко од Зомимак, плус тие шо се најавени русите, украјнците, има време полека полека ќе видиме шо ќе испадни...
 
Чантурија да можиме да си го вратиме во тимот ќе нема ко нас...:cool:
Заедно со Бутино во пакет и ќе се засилиме одлично на крилните позиции.:свиркам:
 
Тешко деќа ќе ги вратите играчите од Струмица, кој порано играле во вашиот тим.. имаат договори плус ќе ги продолжуваат..
 
Николлче голманот? Ооо браво, то е веќе добар потег.. Исто и бутино, толку време кај нас играше не се изделка таман замина и за репрезентација заигра. Чантурија игра променливо барем ко играше кај нас сега незнам во каква форма е. Плус ако носат руси украинци би било добро да парираме. Моментално тенки сме на десен бек и десно крило слабо играат играчите. Ајде ќе видиме како се одвиваат работите, само си мислам зошто се се дознава од рекла казала, нема ништо на тв и слично се се крие во тајност незнам оти
 
Тешко деќа ќе ги вратите играчите од Струмица, кој порано играле во вашиот тим.. имаат договори плус ќе ги продолжуваат..

Само 1 играч ни треба од кај вас... Чантурија.:)
Не се знај брат никогаш , со пари се можиш да купиш.
Да почекаме да видиме како ќе се одвиват работите до крајот на првенството , мада и јас би сакал да си останат сите играчи кај вас а ние да се засилиме со странци .
Така лигата ќе добие на квалитет , ќе имаме 4-5 добри екипи.
 
ajde ajde mozi ke trgni rabotata fali uste 1na jaka makedonska ekipa da bidime realni ... od strumica samo aleksandar lani so igrase kaj nas desno krilo mozime ako ima suski da se vrati temelkov i taka igra luksemburg vo nekoja ekipa :D
 
Е да така е.. јас разговарав со еден од челните луѓе од таборот на нашите, зборам за Струмица, и рече дека костурот ќе се задржи од оваа моменталнта екипа, и ќе се донесат уште неколку квалитетни играчи.. сега ако некој понудите добра пара, сигурно дека ќе го пуштат.. :D
 
Слушнав дека 99% работата била завршена со Никола Митревски, највероватно на паузата или на крајот од првенството иди кај нас, во зависност кога му завршва договорот со Металург, како и да е тој ќе биди најголемо засилување, решен е Циле изгледа да фрла пари па ова е одлична шанса да се напрај јака екипа !
Можиме да собериме и доста други добри играчи пример Бутино од Вардар и онака тој го изгуби местото во тимот би бил одличен играч кај нас, Чантурија, Везенко од Зомимак, плус тие шо се најавени русите, украјнците, има време полека полека ќе видиме шо ќе испадни...

Не знам зошто ама уште од првиот момент кога се спомна дека Циле ќе се враќа во Пелистер, прво што ми текна е дека ќе ги земат Митревски и Недановски :)
 
ajde ajde mozi ke trgni rabotata fali uste 1na jaka makedonska ekipa da bidime realni ... od strumica samo aleksandar lani so igrase kaj nas desno krilo mozime ako ima suski da se vrati temelkov i taka igra luksemburg vo nekoja ekipa :D

Zenata mu ne m dava na Temelkov inace uste mn porano ke dojdese vo Vardar. Mihajlo mu davase 10 000 evra mesecno taka da nz kolku ke se ostvari ova
 
Слушнав дека 99% работата била завршена со Никола Митревски, највероватно на паузата или на крајот од првенството иди кај нас, во зависност кога му завршва договорот со Металург, како и да е тој ќе биди најголемо засилување, решен е Циле изгледа да фрла пари па ова е одлична шанса да се напрај јака екипа !
Можиме да собериме и доста други добри играчи пример Бутино од Вардар и онака тој го изгуби местото во тимот би бил одличен играч кај нас, Чантурија, Везенко од Зомимак, плус тие шо се најавени русите, украјнците, има време полека полека ќе видиме шо ќе испадни...
чекајте само ние супер лига да се вратиме. има партали да летаат од сите, каков пелистер, каков вардар, каков металург. ние ќе бидиме шампиони! :D

пс. странава ви е закон. искрено ви посакувам да ви биди исполента со убави вести и коментари (y)
 
Нема врска муабетот околу Чкембари....
Појќето беа од постарата екипа на Чкембари шо е редовно присутна на утакмиците на ФК Пелистер,со оглед дека на ракомет не се навивало речиси 2 години....
Имаше и некои шо на времето биле во највисокиот врв на групата,дел се сега во ветерани,дел се сосема настрана од групата,ама грото од тие 20 ина постари Чкембари се сеуште активни на трибина....
Нормално е ако се зголемат амбициите на клубот да има и луѓе шо одамна не биле на утакмици,не само на трибини,туку и околу управа,ова е секаде,не само кај нас...
Сите сакаат силен Пелистер,не само навивачите,туку и луѓето шо се занимаваат со ракомет...нема врска мршојадци ова она...
Кај нас то е она Битолското,одма да се плука по некој еее кај бевте вие ко немаше пари... Праен е овај муабет многу пати....
Нормално е дека никој не можи ништо да напрај ако клубот останаше како до лани....
Треба пари,треба луѓе,треба силна организација за да се напрај нешто...
Работите тргнаа во позитивна насока, ќе се врати публиката ова е најлесно,уште да се напрај една добра екипа околу управата,стручни лица(не само да се донеси тренер),треба цел тренерски тим,тренер на голмани,кондиционен тренер,итн....плус треба да се напрај надзорен одбор,стручна тренерска комисија составена од легенди на Пелистер,па маркетинг служба да се крени малку рејтингот на клубот во Македонија,факт е дека сите ни се смеат,треба да се врати реномето шо го имаше Пелистер,никој да не смеј појќе да си игра мајтап со нас........
Се надевам дека ќе се средат работите,тргна во позитивна насока клубот..
П.С.
Околу играчите шо ги спомнавте...
Бутино реално е остварлива опција,нема минутажа во Вардар...
Никучо зошто да не?во најдобрите години е за голман,само ќе треба добро да се одврзи ќесето ако не се лажам срка 3 К по месец во Металург,не се мали пари....
Темелков,искрено за овај мислам дека нема шанси,како шо спомна redblack ,дечкото се задомаќини во Луксембург,таму му живеј фамилијата,тој ја напушти една Германија за оди во аматерска лига...нема шанса за овај,плус не е веќе млад,има 34 години....
Чантурија,Битолски зет...ако го стегни жена му ќе се врати...:D
Има време,допрва следуваат потезите на управата околу новите играчи,сигурно ќе биди интересно до крајот на преодниот рок....
Само прашање е шо ќе најдат?со оглед дека драстично е паднат квалитетот на странските играчи во последно време...
Не е ко порано,сега се шо вреди веќе игра некаде на Запад,пред се Германија,имаат подолги договори,ќе мора да се напрај сериозна потрага по салам играчи...
На времето носевме играчи од Србија,Босна,сега е премногу паднат квалитетот таму..ќе мора многу сериозно да се бараат играчи,не да се зема кадро-некадро....
Ќе видиме ,има време...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom