Нема врска муабетот околу Чкембари....
Појќето беа од постарата екипа на Чкембари шо е редовно присутна на утакмиците на ФК Пелистер,со оглед дека на ракомет не се навивало речиси 2 години....
Имаше и некои шо на времето биле во највисокиот врв на групата,дел се сега во ветерани,дел се сосема настрана од групата,ама грото од тие 20 ина постари Чкембари се сеуште активни на трибина....
Нормално е ако се зголемат амбициите на клубот да има и луѓе шо одамна не биле на утакмици,не само на трибини,туку и околу управа,ова е секаде,не само кај нас...
Сите сакаат силен Пелистер,не само навивачите,туку и луѓето шо се занимаваат со ракомет...нема врска мршојадци ова она...
Кај нас то е она Битолското,одма да се плука по некој
еее кај бевте вие ко немаше пари... Праен е овај муабет многу пати....
Нормално е дека никој не можи ништо да напрај ако клубот останаше како до лани....
Треба пари,треба луѓе,треба силна организација за да се напрај нешто...
Работите тргнаа во позитивна насока, ќе се врати публиката ова е најлесно,уште да се напрај една добра екипа околу управата,стручни лица(не само да се донеси тренер),треба цел тренерски тим,тренер на голмани,кондиционен тренер,итн....плус треба да се напрај надзорен одбор,стручна тренерска комисија составена од легенди на Пелистер,па маркетинг служба да се крени малку рејтингот на клубот во Македонија,факт е дека сите ни се смеат,треба да се врати реномето шо го имаше Пелистер,никој да не смеј појќе да си игра мајтап со нас........
Се надевам дека ќе се средат работите,тргна во позитивна насока клубот..
П.С.
Околу играчите шо ги спомнавте...
Бутино реално е остварлива опција,нема минутажа во Вардар...
Никучо зошто да не?во најдобрите години е за голман,само ќе треба добро да се одврзи ќесето ако не се лажам срка 3 К по месец во Металург,не се мали пари....
Темелков,искрено за овај мислам дека нема шанси,како шо спомна redblack ,дечкото се задомаќини во Луксембург,таму му живеј фамилијата,тој ја напушти една Германија за оди во аматерска лига...нема шанса за овај,плус не е веќе млад,има 34 години....
Чантурија,Битолски зет...ако го стегни жена му ќе се врати...

Има време,допрва следуваат потезите на управата околу новите играчи,сигурно ќе биди интересно до крајот на преодниот рок....
Само прашање е шо ќе најдат?со оглед дека драстично е паднат квалитетот на странските играчи во последно време...
Не е ко порано,сега се шо вреди веќе игра некаде на Запад,пред се Германија,имаат подолги договори,ќе мора да се напрај сериозна потрага по салам играчи...
На времето носевме играчи од Србија,Босна,сега е премногу паднат квалитетот таму..ќе мора многу сериозно да се бараат играчи,не да се зема кадро-некадро....
Ќе видиме ,има време...