Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Убав меч се на се, со многу грешки од двете страни. Го гледав мечот на ТВ и се гледа дека квалитетот на екипите е изедначен. Ме изненади добрата игра на Кире Атанасовски, не очекував дека и после толку години игра на ниво. Од МРК одлична партија на Ангелевски и на голманчето. Најреално мечот требаше да заврши нерешено но ете имавте повеќе среќа во судните моменти (пречка на Јанев) а и поголемо искуство и концентрација. И мал судиски превид во клучни моменти. Ногата при една акција на МРК по која судијата не досуди ништо а и еден пенал над Ојлевски ми се чини во акцијата потоа:smir:
Сепак честито победа:smir:

Изедначен меч,МРК е добра екипа,составена од млади ракометари од цела држава и има потенцијал во децата.
За судиите,имаа грешки-гледам се бунеа на судиите,играчите на МРК по средбата,посебно од Управата на вардар,братот на Михајло ,Владимир го видов на ТВ како им приговара нешто на судиите.
Имаа грешки на двете страни-но горе-долу коректно судење,какво шо ретко има во последно време.
И друга работа-јас не знам овие наши судии дали ги знаат правилата кога ќе ја кренат раката за пасивен напад.
Се знае бе,штом се крева раката нема тука многу филозофија,едно,две додавања и се дозволени на екипата и мора да се упати удар,ако не МОРА веднаш да се одземи топката.
А вчера па во најмалку 10 наврати МРК беше во пасивен напад,раката на судиите крената за писвен напад,ги оставаа по 30 секунди да комбинираат се додека не дадат гол или промашат.:kesa:
Пелистер само неколку пати се најде во ваква ситуација.
Ова е пропуст речиси кај сите наши судии,треба да го прифатат модерниот начин на судење,помина тоа време од пред 20 години кога екипите имаа напади по 5 минути,се додека дадат гол,или промашат.

И се додека вака судат ќе има приговори од страна на екипите.
 
денес играме со златен даб од прилеп младинци во 16 30
а првите тимови во 18 30 да ги поздравиме нашите игарчи на последната утакмица кај нас пред крајот на оваа добра ракометна година
:smir:
 
Очекувам сигурна наша победа со најмалку 7,8 голови разлика:pipi:
Во Битола Златен Даб од осамостојувањето досега има само една победа во првенствен меч-пред 2 сезони(1 разлика)и еден нерешен резултат(тоа беше местена утакмица:nesum: во сезоната 97/98 кога Пелистер му поклони 1 бод во последното коло на тогашниот Тутунски и го спаси од испаѓање).
Во сите други наврати бил редовно поразуван,многупати и катастрофално.
Се уште не ми е јасно како можеше да изгубиме во Прилеп,после таква супериорна игра во првиот дел:nesvest:
Сеапк од секогаш сме имале проблеми во Прилеп,зошто секогаш играчите на Златен Даб играат не со 100% туку со 200% од своите можности-то е едно огромно ривалство кое трае со децении наназад.
Денес треба да се сумираат сметките и да се наплати долгот:baeh:
 
Дефинитивно оваа сезона воопшто не ни лежат ПИВАРИТЕ од Прилеп:tapp:
Денес цел тим наш тим одигра слабо,млитаво-се доби впечаток дека малку го потценија гостинот,шо можеше скапо да не чини.:kesa:
Само благодарение на спортската среќа и неколку избрзани шутеви на Златен Даб во финишот извојувавме денес победа:toe:
Одбраната некако млитава,слаба,неорганизирина во првото полувреме,сосо повремени блесоци на голманот Тосковски-одбраната првиот дел беше послаба,премногу лесно примавме голови,посебно никако не можеа да го скротат пикерот Рубин Лашкоски.
Нападот посебна приказна:kesa:
Без идеја,без брзина,се пробуваше некако преку крила да се постигнат голови-без успешно-двете наши крила Јанкуловски и Унчевски само во првиот дел 10 пати промашија-им одбрани многу топки Дупјачанец или го промашуваа цел гол:nesvest:
На полувреме 11-14 иако можеше да биди разликата поголема во корист на Златен Даб.
Вториот дел влезе Златко Димитровски,проработи подобро одбраната и се вративме во живот-фативме приклучок,па се играше израмнето,на крај бевме посреќни,искористивме некои грешки на Златен Даб и победивме со 2 разлика.:jaj:
Секоја чест за голманот на Златен Даб Даниел Дупјачанец-класа голман(на блогот на Мишевски пиши дека имал 13 одбрани:nenene:,ама сепак мислам дека беа далеку појќе:smir:,исто :bravo:за бекот Бозароски,одличен играч со неверојатен шут од секоја позиција:zver:
Штета шо не го доведовме во летото овој играч,иако тренираше одредено време со екипата на крај не се договори со Управата:kesa:
Неизвесен меч,право дерби во кое имавме појќе среќа и победивме,сосема заслужено ќе беше и да победеа гостите.:wink:
Шо е реално реално е,не надиграа денес.:jaj:
Само не знам зошто Златен даб не игра вака на другите утакмици,имаат добар квалитет за некое место погоре на табелата:tapp:
 
Тесна победа, компаративно гледано игравме како МРК во претходоното коло, едина разлика шо ние тепавме некако...
Многу грешки, 7 обиди 0 гола :kesa: на почетокот... Заре единствен шо даваше голој, другите или в голман или над гол :jaj:
Второто си се вратија работите на свое место (делумно) 1-2 разлика, до израмнување, и 59` кога Томе Георгиевски погоди веќе се беше јасно...

Мое мислење е дека :nenene: смее Кире Митревски да преседва на клупа цели утакмици... има потенцијал, ама мора и да се искористи исто како и Игор Илиевски кој би требало во иднина да биди прва опција на лево крило со оглед на тоа дека Златко е повеќе од искусен, а Тото оваа година игра топло-ладно :toe:
 
Како и да е, ова е дерби кое заслужува да биди со далеку поголем квалитет од страна на двете екипи, а не да гледаме дерби со скопси маалски екипи како Металург.Нема шмек некако колку и да се јаки!!!Шо се однесува до мене јас очекував многу појче од Златен Даб годинава ама то е то!
 
Мое мислење е дека :nenene: смее Кире Митревски да преседва на клупа цели утакмици... има потенцијал, ама мора и да се искористи исто како и Игор Илиевски кој би требало во иднина да биди прва опција на лево крило со оглед на тоа дека Златко е повеќе од искусен, а Тото оваа година игра топло-ладно :toe:

Точно така,Цревото мора да му дај поголема минутажа на Кире Митревски-оваа сезона е далеку подобар од лани,има бааги напреднато,ама ако го забораваат цела утакмица на клупа џабе ќе биди и пак ќе затупи.
Има силен шут детето,шо е најдобро шутка без размислување,како шо е случајот со Томе Геогиевски на кого треба цел стручен штаб и цела публика да му УКАЖАТ дека треба да шутни и потоа упатува удар:kesa:
Тоа не е прав бек,бекот мора од секоја погодна позиција да е спремен да упати удар.
Барем Киро за таа работа не му ја мисли многу:pipi:
Се сложвам и околу Игор Илиевски,НЕПРАВЕДНО е оставен на клупа,со оглед дека сезонава Тото според мене игра најслабо откако е во Пелистер мора да му даде поголема минутажа на Игор Илиевски.
Неверојатен талент,ме потсеќа во својата игра многу на Аљушот и сигурен сум дека ќе биди нешто него:zver:
Изгледа малце му е страв на Цревото покрај Тото и уште поискусниот Злате да го исфорсира Игор Илиевски,ама ќе треба да го напрај тој ризик,зошто ако се погледни утакмицата со Вардар пред две недели ,а посебно со Златен даб во Прилеп,Тото беше катастрофа и неговите промашувања не чинеа 6 бода.
Мора побрзо да реагира Цревото-не да чека Тото да испромаши по 10 чисти шута ,туку одма да реагира.
Одличен играч е Тото,ама некако сезонава игра многу променливо и потребно е малку да се одмори-да ги користи Цревото сите крила рационално-а Злате би играл појќе во одбрана би имале подобар ефект од таа лево крилна позиција.:smir:
 
Факт е дека Тото е одличен играч за оваа лига, според мене би требало комотно за репрезентација да игра (да не беше приватна репрезентацијата), имаше оваа година добри партии со Романците изигра солидно, Вардар даде 7-8 гола, МРК ја реши, ама имаше и неколку утки :kesa: буквално кога го неќи топка, го неќи 0 гола од 7 шута :nesvest:

Томе, многу ме потсеќа на Саздовски кој ја носеше седумката после Лазаров... Само шо овој имаше скок а шут никаков, а Томе нема скок а знај да погоди (понекогаш). Реално 3ца играчи има во екипата кои буквално незнат да трчат а не со топка или пак изработена акција :kesa::nesvest:

Цревото... мислам дека и во наредните 10 години да биди тренер, пак нема да уфрли некој од младинците. Убеден е во некои играчи и упорно маста им ја вади :uvo:
Со 2-3 нови играчи на полусезона би можеле да туриме темели на екипа за другата сезона, ама само си прајме бајрам со умо дека другата сезона ќе ја биди и пак ништо :pos2:
 
за утакмицата со злтен даб да додам уште дека треба да му се заблогодариме на судиите инаку или ќе загубефме или најмногу нерешено и без рамбо многу има разлика во тимот кај нас
а тоа за цревото јас мислам дека тој не одлучва кој ќе игара а кој не прецедателот на клубот и навивачите кажваат кој ќе игар барем на домашен терен тие се слушаат кој да влези и кога како за димитровски кој влезе второто полувреме очигледно се уште кој не е во форма од грипот кој го имаше
 
Табела

Металург 13 13 0 0 39
Вардар про 13 10 0 3 30
Пелистер (-1) 13 8 0 5 23
МРК Вардар 13 7 0 6 21
Тиквеш 13 6 1 6 19
Тинекс Пролет 13 4 1 8 13
Златен Даб 13 3 0 10 9
Преспа 12 0 0 12 0
 
незнам зошто ама ми се чини дека металург ќе ни дат едно ботче :toe:
 
http://www.vest.com.mk/?ItemID=C43AACB1D73310438594C885B068B660

БИТОЛЧАНИ, НАСПРОТИ ОЧЕКУВАЊАТА, ОСТАНАА СО ПРАЗНИ РАЦЕ

Рефлекторите не стигнаа, столчињата исчезнале

БИТОЛА. - Наспроти најавите и ветувањата за скорешна модернизација на најголемите спортски објекти во градот, Битола и натаму останува без целосно уреден градски стадион и комплетирана сала по меѓународни стандарди. Иако изминаа две години откако ФФМ реши старите рефлектори од Градскиот стадион во Скопје да бидат инсталирани на стадионот "Под Тумбе кафе", а летоска од ЈПССО доаѓаа ветувања и за поставување на 3.500 столчиња во салата "Младост", за жал, на двата објекти се уште нема трага од најавената опрема. Поради тоа, овдешните љубители на фудбалот ќе мора да причекаат на меѓународни натпревари во својот град, а посетителите во спортската сала ќе мора да се задоволат со седење на цементна подлога.
Судејќи, пак, според она што може да се слушне во Битола, очекуваните рефлектори и столчиња претставуваат вистинска мистерија. Актуелното раководство на ФК Пелситер, на пример, нема никакви информации за осветлувањето на стадионот, како поради нарушените комуникации со ФФМ, така и поради сопствената незаинтересираност за подигнување на стандардите на објектот.
Уште понеразбирлив е случајот со столчињата за салата "Младост", за кои прво беше потребна согласност од Владата, а откако таа одобри, како што велат во овдешната подрачна единица на ЈПССО, нив оддеднаш ги снемало и не се знае каде завршиле

незнам зошто ама ми се чини дека металург ќе ни дат едно ботче :toe:
не бе ке не отепат а и нема шо да бараме со нив иначе утакмицата за 15минути би требало да ја дават на МТВ
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom