Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Утре Мрк-Пелистер во 17.30 најавуват дека ке ја давале на МТВ и одиме на победа
 
И на оваа утакмица сме аутсајдери:kesa:
Многу болни играчи има во тимот,посебно недостасува столбот на одбраната Златко Димитровски.
Нема да игра ни Игор Николовски кој ја одлежува казната за инцидентот со Аљушот!!
Без овие двајца целата наша одбрана е ранлива,се виде и на утакмицата со Тиквеш колку ни фалат овие двајца играчи:toe:,едноставно душата на одбраната се овие два ветерани!!!
МРК Вардар е доста добар тим,млад,полетен и се фаворити на утрешниот меч.
Доколку играме како со Тиквеш нема шо да бараме утре со МРК.
Ако ја стегнат нашите одбраната има некои шанси.
Нападот чкрипи,посебно голем минус е големиот број технички грешки шо ги прават бековите:nesvest:
Ќе видиме утре како ќе се одвиваат работите,најавен е пренос на МТВ:tv:
 
И покрај то шо ги нема овие двајца, Николовски и Димитровски мислам дека ќе биди изедначена утакмица, само доколку Тосето/Генцелот имаат ден, и нашиот десен бек да ја додава до крило :toe:

Победа, ито како е добродојдена во овој момент колку да се задржиме на 3то-4то место, па после да се консолидира малце тимот и на пролет по нови авантури :pipi:
 
Да - вардар се распаѓа- кај и да е и металург ке му дојди крајот( ништо не траело долго) и ко ке видиш за 1-2 сезони ПЕЛИСТЕР ШАМПИОН!!!!!:vozbud: АЈ ДЕНЕС ДА ПОБЕДИМЕ И ДА СЕ ИСКАЧИМЕ НА “-то МЕСТО- ВИАНРСКА ИЗГУБИ ОД ВАДРАР И НИЕ 3-ти ке сме
 
Не е финтата кој ќе се распадни попрво :nenene: работата е кога Пелистер ќе се консолидира, нова управа и нова екипа, оти искрено Металург планира дури и повеќе да вложва од оваа сезона, а Михајло тешко да остај Минчо да го шлапа на секое :nesum:

И да се распадни цела лига, и да е Пелистер шампион, тоа ќе биди џабе, многу повеќе би сакал да гледам како 5 екипи се борат за шампион... Како во минатато, кога покрај Пелистер и Вардар, во вратот им дишеа В.В, Тутунски, Јафа (сегашна Преспа), Младост Богданци каде редовно паѓаа големите фаворити, па Велес Тедико... Е во една таква супер лига, да освои Пелистер шампионска титула ќе биди вистински успех, ем конкуренција ем подобри резултати во европа :helou:
 
почна ракометот со мрк вардар на прва е гледајте :smir:
НАПРЕД ПЕЛИСТЕР ТИ СИ ЖИВОТ НАШ !!!!!!!!!

добро е тепја ама од овие играчи скоро никој не го заслужва дресот на Пелситер но кога ќе се земе во обзир дека играат без пари секоја победа е драгоцена иако е над доста млада екипа како на мрквардар
редно е некој да вложи некој динар во ракометот во Битола од толку фирми во градот никој денар да не дава ова никаде го нема па општината за кур не ја бива само културата та културата до кога бе мамето нивно ќе го оставаат спортото во Битола да тоне :kesa:
ps.не знам зошто не беше организирано одење на дел од Чкембарите во ск до сега на сите утакмици имаја подршка ракометарите
 
Atanasovski se razigra. Coekot bese so 2 operaci na ramoto so sakate pojke od nego za drugata polusezona ke bidi mnogu podobar- toj e klasa igrac- Za drugata sezona TOP ke bidi
 
Важна победа, испрличивме на крајот некако :tv:

Искуство си е искуство, одличен Кире Атанасовски, Заре стандард, Тото во решавачките моменти феноменален, Унчевски man of the match за мене, Тосето солиден... Другите некако не доминираа, Везенковски и Попов речиси и да не се видоа во утакмицата.
МРК, добра утакмица прикажаа, голманот 16 топки стопи, средниот бек Ангеловски, перспективен играч, за 3-4 години би требало да биде лидер на сениорска репрезентација, Јанев е класа пикер... Штета што Пелистер не успеа да го задржи а Вардар си игра ку*ташак со него купваат некои дебили ко Пешич, Томас а овој го упропастија :nesvest:

Пак ќе речам, мора Пелистер да се посвети кон враќање на некои од играчи кои потекнуваат од Битола, Спировски, Петровски, Митевски, Н. Митревски, Стојчевски (Бардакот)... Тоа би било екипа со која ќе газиме низ лигата, + играчи од младинските погони и :toe:

Честитки за победата, честитки за домаќинот за добрата игра :pipi:
 
Добро е тепавме во многу важен момент.
Победа за враќање на моралот кој беше некако разнишан по лакрдијата шо ни ја приредија судиите со Вардар:kesa:
Одбраната добра,Тосето фати се шо требаше да се фати,и нешто од појќе,има огромна заслуга за победата,нападот беше далеку постабилен и посигурен,за разлика од она шо го видов со Тиквеш во четвртокот играта денес беше каде-каде подобра.
Ме изненади Кире Атанасовски,речиси се шо шутна го погоди,одигра искусно-како шо треба да игра играч кој има толку утакмици зад себе(сепак бааги време беше повреден и не треба многу да му се замерува:smir:).
Заре,едноставно чоекот е :zver:,незапирлив на линијата,играч шо одлично знае да направи простор,да изнуди пенал-само треба некој добар додавач да му ја подава топката-Везенковски е добар асистент,другите некако каснеа со топките кон Заре.
Тото и Унчевски дадоа доста голови, посебно Унчевски-но некако паѓаат во играта,посебно Унчевски,знае да постигни гол од неверојатни позиции,ама и промашува еден куп чисти зицери-сепак детето е голем потенцијал на таа позиција,посебно шо неаме друго леворако крило.
Другите играчи просечни-посебно Попов одигра некако млитаво,иако не доби голема минутажа,појќе играше во одбрана-Везенкосвки денес повеќе додавач одколку шутер,даде многу топки кон лево крило,и неколку кон Заре и заслужува пофалба:smir:
Треба Цревото појќе шанса да му дава на крилото Игор Илиевски,се работи за огромен талент,и на неприродна позиција за него десно крило,покажа добра игра.
Се на се,значајна победа-сега во среда следува мечот со Златен Даб,очекувам сигурна победа,па наредниот викенд е мечот од 14 коло со Металург во Скопје и следува паузата.
Па од на пролет да видиме шо ќе биди,мора да се најди некој спонзор зошто вака не тераме далеку,играчите не се исплатени со месеци-и нивното трпение секако е при крај.
Сега треба да се надгради екипата,лошо ќе биди ако си заминат некој од играчите,зошто со овие играчи имаме навистина добра основа за во иднина со неколку вистински засилувања да напрајме навистина силен тим.
 
Убав меч се на се, со многу грешки од двете страни. Го гледав мечот на ТВ и се гледа дека квалитетот на екипите е изедначен. Ме изненади добрата игра на Кире Атанасовски, не очекував дека и после толку години игра на ниво. Од МРК одлична партија на Ангелевски и на голманчето. Најреално мечот требаше да заврши нерешено но ете имавте повеќе среќа во судните моменти (пречка на Јанев) а и поголемо искуство и концентрација. И мал судиски превид во клучни моменти. Ногата при една акција на МРК по која судијата не досуди ништо а и еден пенал над Ојлевски ми се чини во акцијата потоа:smir:
Сепак честито победа:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom