Сајбер, дај бе не се бламирај, жити се, како не ви се смачи?.
Барем ти си ( или беше) еден од најдобрите познавачи на спортот и пред се еден од најреалните ликови на форумот.( ама изгледа јанглаш сум бил).
Следиш долго време спорт, не ти доликуваат вакви констатации од типот на КАНО, СИМЕВ и останати експерти и сезнајковци.
Како не вадите теории на заговор по секоја изгубена битка за титула?
Па поголеми плачковци од вас нема,ниту ќе има, уште живеете во ерата на Самсоненко, титулите, долговите, тужбите од играчите, минусните салда, нас ни се смеете за Лемго, а вие бетер сте.
Ама толку разбира рајата во Скопје од ракомет, повеќето мислат дека ракометот почна да се игра во 2017 година.
Во 2023 година генерално алиби ви беше дека Алкалоид изиграл на нож со вас, а нас лагано ни ја дал утакмицата во Автокоманда, шо не е воопшто точно, ако се погледнат двете снимки ќе се види дека Алкалоид на утакмицата со нас на 13.04.2023 година играше со двојно поголема мотивација од таа утакмица на 01.04 со вас.
Алиби ви беше дека не сме ве победиле во меѓусебен дуел таа сезона, па со самото тоа не сме биле подобри и не заслуживме титула.
Таа сезона извадивте нерешено и со Тиквеш, така да не беше решавачки за титула тој кикс во Автокоманда.
Титулата ја освојува тој шо ќе освои најмногу бодови во плеј оф, а не тој шо ќе ги добие меѓусебните дуели.
Сезона 2023/24, иста теза промовиравте, ама изумивте дека и во меѓусебен дуел во плеј оф бевте послаби ( ние добивме на + 6 во Битола, изгубивме минус 4 во Скопје).
Имавте предност од +1 бод од регукарен дел ( добиен не со ваша добра игра, туку поклонет од брзоплетоста на играчите на Пелистер во клучни моменти), ама тој +1 бод требаше да си го оправдате во плеј оф.
Вие прво гостување по Битола и со втор тим излеговте со Тиквеш, демек лагано ќе добиете, и на крај ве решија Обина и другарите.
Вината ќе си ја барате кај Бутинот и екипата шо ви играше на терен.
Демек за нас изиграл Тиквеш, филијала ни бил, такви постови теравте.
А, ако ја гледаше некој утакмицата Тиквеш-Пелистер, јасно ќе забележеше дека Тиквеш и со Пелистер изигра на нож, и победникот не се знаеше до последните 2,3 минути.
И пак иста приказна, не заслужил титула Пелистер, бла, бла.
А имавме 13-1 во плеј оф.
Пак ќе речам, титулата се освојува преку цел плеј оф, не на еден меч.
И дојде ланската сезона.
Да не одам со хронологија.
Дојде денот да ве победиме дома, по 3 години.
И оп МЕСТЕНА БИЛА? ПУШТЕНА БИЛА, ЗА ДОБРОТО НА МКД РАКОМЕТОТ, ЗА ТАТКОВИНАТА И ЗА РАЗВОЈОТ НА РАКОМЕТОТ
Не од сите, од неколку играчи
Како бе местена?


Кои цареви сте, страшно нешто, да ве немаше требаше да ве измислат.
Кој ја намести?Ако веќе се расфрлаш со факти, дај биди конкретен.
Борозан? Се шо шутна влезе, го имаше еден од најдобрите натпревари во сезоната тој ден.
Срдановиќ намерно погоди статива? Даде 7 гола дечкото на тој меч.
Голманите ви ја наместија? Тој беше нивниот просек преку сезоната, 7,8 одбрани.
Гоце ја намести? Шо немаше сила во две контри да истрча, таа му е силата него, секогаш така ги трча ноншалантно контрите.
Томи Бој ја намести? Дечкото си изигра ок на утакмицата, намести доста голови, изнуди пенали, тој беше просекот негов низ сите сезони кај вас.
Мечка ја намести?Аларов?
Или Томче Стојановски шо не играше
, да бе, сега ми текна, то шо не играше Томче, вардаровиот Гедеон Гвардиола, еве кој ја намести.
Фрлавте дрва и камења по Танкосен, тој ја упропастил утакмицата, а нема врска ова, освен шо промаши еден зицер ( пречка), дечкото си изигра коректно, изнуди пенали, даде неколку топки.
Таа ви беше екипата лани, џабе мрчите, џабе се вадите.
Пораз чист како солза, не ви беше крив ниту Милано, ниту помошникот, ниту Видерер, никој, самите сте криви.
Како шо бевме ние криви кога изгубивме од вас на 01.05.2022 година, иста ситуација, и бод ни требаше за титула и се распаднавме на крај на меч ко бугарска скупштина.
Не вадевме теории тогаш дека местена била, и слично, признавме спортски пораз.
Неколку месеци подоцна БАН за вас, очекувано од ЕХФ.
Нема гратиси за екипа шо не плаќа плати на играчи цела сезона, поголем резил од овај амин.
Е тоа е таа цена шо ја плативте за тие слатки титули шо ви ги донесе Самсоненко, краток и брз успех, недомаќинско работење, на крај последиците и каматата стигна за наплата, законска казнена камата и тоа, 8 проценти.

И на крај доаѓаме до главното.
Ме интересира, од куртоазија.
Кој ви вети средување на долговите за да местите?
Државата?Приватни спонзори? Странски служби ?
Јас колку шо знам старото правно лице (Вардар на Самсоненко) не постои повеќе.( можеби грешам)
Ако не сум грешка, тие побарувања на Македа, Кањелас итн се исплатени.
Михајло се врати под назив Вардар 1961.
Како ќе средувате стари долгови на субјект кој не постои во централен регистар?
Кој ќе ви средува е подоброто прашање?
Ќе ви бришат долгови извршителите?
Доверителите ќе се откажуваат од побарувањата?ЗА ДОБРОТО НА ДРЖАВАТА 
Државата ќе ви дава дупли ваучери, за возврат, реклама на дресот.
Реалноста е дека и новиот субјект ви генерира долгови и негативен биланс.
Не се само тие стари тужби и долгови од ерата на Самсоненко.
Ама ова е Македонија и се е можно, министерство се рекламира на дресови на клуб.
И џабе ви е пак, и да ви ги исчистат сите борчови, пак ќе се заборчите, пак ќе заглават со плати и слично.
Не е ни чудо шо има негативна рецензија кај играчите Вардар, кој сериозен играч би дошол да игра пак во Скопје, поучен од искуството на претходниците, па да се брка после со арбитражи за да си ги наплати сработените плати.
П.С.
Иста приказна и сега ја терате, во уште незапочната сезона,со поразот во Суперкупот, судиите му ја дале на Пелистер. (одлуката на крај беше чиста).
Пелистер сам се доведе во ситуација да ве врати во игра, од 26-22 во 54 минута, требаше со смирена и пред се паметна игра да се приведе утакмицата кон крај, арно ама не мислеа така некои играчи на Пелистер и се дојде во неочекувана и пред се непотребно тесна завршница и крајниот резултат не е тој што требаше да стои на крај.