Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Абе не се проблем картите , тие се потрошен материјал.
Во другите сегменти да се среди клубот , во раководните кадри.
Та за карти лесно е најмал проблем е тој во цела ситуација.
Јас имам сезонска и картата си е ОК , сега ги имат печатено нови и личат на нешто .Незнам оти овие карти вакви се .
 
Им зафаќат место па сакат да ги допродадат. Пари се дало и за нив за печатење :)
 
Штета шо нема да се навива организирано, требаше да згрми малку да видат како се навива од срце за клубот, дека не е се до парите !
Официјално се враќаме на трибина со навивање од следниот меч со Зомимак дома !
Инаку за тие од другите градови, утре утакмицата е пренос на МТВ од 17:30h !
Ќути да не сте вие, Вардар немаше да знае како се навива од срце
Седи не лупетај глупости :)
 
Цел тим добро изигра...Плус играме без двата најдобри...Со 3,4 играчи ќе бидиме коска....[DOUBLEPOST=1399308124][/DOUBLEPOST]Инаку одбраната ни е чорба,голманот не вади , инаку ќе беше +10 до сега[DOUBLEPOST=1399308356][/DOUBLEPOST]За утакмицата само ќе речам :cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Браво за дечките, храбра игра, така треба. Реално има дупки доста во екипата, ама добро е ова за самодоверба. Доста квалитетен отпор на Вардар, кој реално и не тактизираше до толку многу, иако релативно опуштено влегоа во првото полувреме.

Според мене еден класа десен бек, 2 крила и висококвалитетен тренер и организација се сосема доволно за да почне да оди сериозно нагоре Пелистер. На голман пикер и на лев и среден бек мислам дека е доволно покриен тимот, особено ако се земат во превид и повредените.

Инаку на лев бек според мене не треба ни да се помисли за засилување, дури некои и од тие што се треба да се испратат дома летото. Тимот мора да се гради околу Дрогришки и Кузмановски имаат потенцијал децата дефинитивно (и порано ги имам гледано) и штета би било да не се форсираат и да не им се дава шанса уште од сега.

Инаку нападот како така функционира дури и без крила. Ама одбраната е катастрофа. Тука треба салам тренер и многу работа летото. Премногу млако некако играа без цврсти, па ако треба понекогаш и остри стартови. Прво полувреме, дали 3 фаули вкупно направија, така не можи.
 
Никаква инфраструктура,никакви најави на тв и радио за дерби,никакви карти и флаери,никаква услови,сала,стручен штаб и тим,скапи карти по 100 ден на овие услови...се е никакво и пак полна сала!Не бев на натпревар (не одам дури не средат) а има многу за средвање,ама од то шо го видов на тв испаѓа по незнам кој пат дека дефинитивно фали ракомет во Бт како еден од главните ракометни публики во Европа.Штета шо генерации играчи и навивачи се изгубија и веќе станува заборав како се одеше и навиваше ама то е ,некој е крив за то...Секоја чест за публиката,Бт стално живеј за ракомет..Па ние да имаме играчи и тим како вар и металург ќе биди чудесија.Јас очекував дека ќе нема жива душа со оглед на сите проблеми, посебно со флаерот :facepalm: ,а вие се чудите за картите?!o_O Па то нормално е бе,и не е се до парите како шо дле мислите туку до организацијата,ама кај нас од стално е муабето "абе ај шо гоебаш" арни се картите ќе поминиме и со овие...срам да му е за цела организација од карти флаери и све останато на убијците на ракометот во Бт,штета шо го немаме..Секоја чест за играчите и публиката!
 
Ova strancive so gi imate bolje da gi nemavte osven Svezio :) Vardar si izigra labava utakmica trening, i kako sto rekov od 4 do 6 gola ke bide razlikata i taka izleze :)
 
Браво за дечките, храбра игра, така треба. Реално има дупки доста во екипата, ама добро е ова за самодоверба. Доста квалитетен отпор на Вардар, кој реално и не тактизираше до толку многу, иако релативно опуштено влегоа во првото полувреме.

Според мене еден класа десен бек, 2 крила и висококвалитетен тренер и организација се сосема доволно за да почне да оди сериозно нагоре Пелистер. На голман пикер и на лев и среден бек мислам дека е доволно покриен тимот, особено ако се земат во превид и повредените.

Инаку на лев бек според мене не треба ни да се помисли за засилување, дури некои и од тие што се треба да се испратат дома летото. Тимот мора да се гради околу Дрогришки и Кузмановски имаат потенцијал децата дефинитивно (и порано ги имам гледано) и штета би било да не се форсираат и да не им се дава шанса уште од сега.

Инаку нападот како така функционира дури и без крила. Ама одбраната е катастрофа. Тука треба салам тренер и многу работа летото. Премногу млако некако играа без цврсти, па ако треба понекогаш и остри стартови. Прво полувреме, дали 3 фаули вкупно направија, така не можи.
Се се сложвам ,само ќе те дополнам дека мора налето да се донеси барем еден класа одбранбен играч...На лев и среден бек ништо не треба земвање ,треба само работа со овие децата...
 
Се се сложвам ,само ќе те дополнам дека мора налето да се донеси барем еден класа одбранбен играч...На лев и среден бек ништо не треба земвање ,треба само работа со овие децата...

Можи и тоа, не велам не. Одбраната, реков, е тотално катастрофа, е сега колку е до играчите, колку до концепцијата и тренерите не можам вака да кажам. Реално и 4 тренери се сменија, не можи никаква рутина во ништо да се изгради така. Треба еден да се знае кој квалитетен тренер и постепено неколкугодишен проект да се започни, преку ноќ ништо не бидува.
 
Крила, кирла немаме, скоро и како со 2ца играчи помалце, на ваква утакмица ако не блеснат не знам кога, можат да се земат посериозни на пример ете Бутино игра сликараска улога само во Вардар, зошто да не дојди овде да игра.
 
Треба да се земат 8 квалитетни играчи :) НЕМАМЕ НИШТО СЕГА,дрогата и другарите една утакмица дават на 20 изиграни.Вардар не ни се испоти а вие викате квалитетна игра...резултатот е добар да го гледаш ако не си ја гледал утакмицата. За организација веќе и да не збораме мизерија е благ збор
 
Ќути да не сте вие, Вардар немаше да знае како се навива од срце
Седи не лупетај глупости :)

Седи не ми продавај мадиња за бубрези !
Шо демек вие демек од секогаш сте биле по ракомето ?
Нели имавте соопштение пред некоја година дека повеќе нема да навивате за Рк Вардар, туку целосно се фокусирате на натпреварите од ФК Вардар !
Ве немаше на трибина одредено време, после имаше тргачења со Вујо, тој ве повикуваше на секој натпревар да одите, вас пак ве немаше, ве молеа играчите да се вратите да навивате алооо !!!
После се вративте, дојде Самс фрли некоја пари и ајде сега фокусирани се на ракомет :cenzura:
Седи мирен не отворај дискусија на оваа тема !
За разлика од кај вас, во Битола приоритет за навивање од секогаш било на РАКОМЕТ!
 
Има некои фотки од утакмицата? Имаше фоторепортери од локалните портали?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom