Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Го гледам со цигарче врака:mad:. Спортист од врвен калибар то не смеј да си го дозволи. Ете Кире Лазаров споредете го со брат му. Филип и пуши и си прај кафански шеми зато неможи ни на малиот прст и технички и кондициски да му се фати на братот. Плус добро, и од мајка не му е дадено за ракомет:tapp:. Јанев е пикер, во ред не мора да трча многу, али цигари и прав спортист не одат.o_O

Потполно се согласувам со тебе бато. (y)
 
Го гледам со цигарче врака:mad:. Спортист од врвен калибар то не смеј да си го дозволи. Ете Кире Лазаров споредете го со брат му. Филип и пуши и си прај кафански шеми зато неможи ни на малиот прст и технички и кондициски да му се фати на братот. Плус добро, и од мајка не му е дадено за ракомет:tapp:. Јанев е пикер, во ред не мора да трча многу, али цигари и прав спортист не одат.o_O

Незнам шо те чуди, нема спортист во Македонија кој живеј спортски живот ! Ете можи има да не грешам ама се само 2% значи премалку !
Помина то време кога сите беа насочени само на тренинзи, добра исхрана, теретани, карантин, нема поќе такви работи, се е башибузук сега, сите се пушачи, пијаници и ред други работи, со еден збор не водат спортски живот!
Ете една легенда во кошарката како Тодор Гечевски после утакмица на МЗТ се прај камен, па особено ако му победи тимот 3 дена после не оди на тренинг :D па шо остана за овие пилиштарите кај нас :pos:
За "спортистите" во Битола исто, ракометарите кога ќе седат на кафе во ИН од сабајле тука е кафето, тука е тутунот, азното само ќе си дојде, и после то ајде на тренинг :) Па вечерта за да ги запознајме во градот новите играчи по кафичи мора да стегнат нешто жестоко ;)
Фудбалерите исто, пола екипа со цигарите врака се, после си резервират во Клупче и стартните 11 можат да се натпреваруват кој поќе можи да испија :ROFLMAO:
Кошаркарите, Гоцката со Реј Ален коските си ги остаја во Конект, стаж му течи таму, дали пред или после утакмица исто е за нив важно коњакот е на маса :pos:
Сите ги следам еден неможи да ми мрдни ! :cool: Зато ќе си играте во Македонија деца, кур ви е двор ви е тука, е во подобрите европски земји не е така каде спортот е на многу повисоко ниво, таму не можи да си претате лево десно...

П.С. Околу ракометот 3 пријателски играме оваа недела
Вторник Пелистер-Радовиш 18:00h
Среда Пелистер-Тинекс 18:00h конечно се собраја екипа од маркетите зедоја слободен ден:pos:
Петок возвратен дуел со Радовиш таму :D
 
Триста циркузи напраја тркалата и на крај се откажаја во 5 до 12 од учество во Челинџ куп. :facepalm:
Нешто шо најмногу ќе ме напрај радосен ова сезона е победа над овие умрените , на гости и дома (со голема разлика).
Привршва и паузата па почнува и борбата за бодој , ќе видиме шо тим склопивме дури ко ќе почнат утакмиците од првенството.
Вистина досегашните резултати не беа убедливи ама секој почеток е тежок ... Ќе има грешки и лоши трансфери ама се е то дел од еден процес на градење на добар тим.

Сите знајме како се развиваа и Вардар и Металург со години , за да дојдат на ова ниво . И тие имаа утки во трансферите и се носеа разни играчи за на крај да поминат низ филтерот и да останат најдобрите.
Клубот се стабилизирва полека полека , сопственик богат доби сега е ред на Циле да го одврзи ќесето за наредна година и да докажи дека не го зеде клубот туку така под притисок , него дека е дојден за да напрај успех со клубот и да се прекини долгогодишната суша.

Вчера прочитав еден убав статус на страната на РК Пелистер и имаше голема дискусија во врска со статусот ... Во целост се сложвам со напишаното таму и време е да почнат луѓето да плаќат карти на утакмици а не да чекат гратиси и да влегват без пари кога цената на картите е 50 денари. Вистина немаме никакви услови в сала и не заслужват да се плати карта ама пак парите се за клубот и ќе поможат колку толку .
Тој шо го сака клубот ќе плати карта а не да се моли за карти безплатни и да чека некој познаник на врата за да влези без пари.

САМО ЕДНО ИМЕ ЗНАМ - ПЕЛИСТЕР БИТОЛА !!!
 
Апсолутно точно е дека треба да се плаќаат пари за влезница макар биле и симболични, ако ништо повеќе да се навикнат луѓето дека без пари не може да гледаат врвен спорт. Ама тоа дека еден куп битолчани оделе во Скопје за да го гледаат Металург е малку смешно искрено. Да, на Металург одат многу битолчани уште од поодамна (сум бил и јас, сум видел еден куп од ваков тип) но тоа се битолчани по потекло кои живеат или барем студираат во Скопје. Дури и би рекол дека добар дел од таа "фан база" на Металург се битолчани кои живеат во Скопје. Реалноста е дека тие и да сакаат не можат да го гледаат Пелистер во живо (а дури ни на ТВ бидејќи такви преноси не постојат) па макар бил и најјак клуб во светот. Проблемот лежи во пропаѓањето на градот и големото иселување кон Скопје, а не толку во тоа дека битолчани не сакаат да го гледаат Пелистер.
 
Намерно не го потенцирав тој дел од статусот , пошто реално неам никаков проблем ако некој оди и гледа ракомет во Скопје.
Секој има право да оди кај сака , па ако сака можи да навива за други клубови.
Муабетот е тоа не се само битолчани кои студираат или живеат во Скопје , него статусот беше наменет за оние кои патуваат до Скопје само за да гледаат натпревари на Металруг , а такви ги има многу кои ги познавам од Битола.
 
Мизерија се овие Радовиш, на 3-4 минути до крајот само 3 гола имаа во второ полувреме. :icon_lol:

п.с: Браво Мендееее! :pos:
 
Мизерија се овие Радовиш, на 3-4 минути до крајот само 3 гола имаа во второ полувреме. :icon_lol:

п.с: Браво Мендееее! :pos:
Како изиграја другите ? Засилувањата ? Бранеше Свежио ?
 
Како изиграја другите ? Засилувањата ? Бранеше Свежио ?
Не беше Свежио. Не ги знам толку засилувањата, ама бранеше прво полувреме тој новиот голман, не беше нешто посебно, второ бранеше Менде многу подобро. Овај бекот Филиќ или како и да е беше добар, 4 гола мислам постигна, овој Басараб не ни играше многу имаше 1 гол и 1 асистенција мислам. Двете леви крила беа добри, едниот постигна 5 гола мислам, другиот ќелавиот 4 гола (на Дибиров личи.). :icon_mrgr: Папата играше првото и постигна 4 гола на пикер, второто влезе Јанев, тој 3 гола постигна.

Имаја и многу технички грешки, сепак Радовиш не се некоја мерка за да се види колку се јаки.
 
Se duri ne se resat tuzbite pozitivno za ovaj incident od kucinata jas na rakomet ne stapnuvam !
шо се случи на таа утакмица?Од цела сезона само на неа не бев и одма беља :D .Знам дека имаше искри на теренот ама на трибини шо се деси?И да знајш ако мислиш дека нешто ќе се реши околу тоа тешко!Самата држава а и нашата општина му е наложено да не уништат,за да нема кој да му прети во градот!Ист е случајот со голем број навивачки групи во Мк.Кога нема спорт и навиввачите се ретчат,и самата полиција како во случајот на клипот мава по публиката.И Циле според мене го зеде клубот атер за градоначалникот шо ги поделија парцелите во касарната и ај демек ете циле напрај камбек демек сега ќе сјачва клубот а?тешко....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom