Ке биде денес интересно од два аспекта. Пресметка на две ракометни школи (балканска и скандинавска) и искусна против
млада екипа, но во подем. Скјерн го има епитетот за фаворити, не само заради домашниот терен туку и останати параметри му ја доделуваат оваа улога. Но иако статистиката, теоријата и финансиите се присутни во спортот, истите сепак се поблиски до математиката, 2+2=4 математички и фаворитот не секогаш победува, спортски (пр. вчера, Татран - Војводина скоро 10 разлика за Војводина во Прешов. Не ја догледав до крај, колку што приметив Војводина не беше комплетна. Ги немаше Растворцев и пар стандардни играчи, но голмант и добрата одбраната го решија мечот, овозможија брза транзиција во нападот. Татран важеше за фаворит но јбг.)
Концептот на спора игра со цврста одбрана и долг напад спроти концептот на брза игра со кратки напади ке биде сликата на денешнава утакмицата. Екипата што ке наметне својот концепт ке биде поблиску до бодовите.
Да не бидеме во заблуда со гостувањето на Металург кај Мотор па да го ставаме во подредена улога! Ако се земе во предвит од кој клубови се донесени и нивната возраст 95% од играчите и дека можеби немаа до тогаш никаков меѓународен натправар а не утакмици во ЛШ тој напревар е повеке од добар. Пресуден беше психолошкиот момент од неискуството.
Јас не се соменвам дека Лино туку така ке се откаже од бодовите или дека премногу го респектира Скјерн кој по мене е благ фаворит и тоа само поради искуството. Стариот е махер за вакви мечеви, и од анонимуси да изделка играчи кој ке се покажат токму на вакви натпревари. Ова нее е нешто ново за него, всушност во добар дел од неговата кариера го има правено, па затоа не се сомневам.
Да недолжам многу, ако влеземе на мечот со онаа фудбалска изрека што често ја слушаме од нашите фудбалери "
Одиме да се надигруваме"

, тогаш господ нека ни е напомош, ке не наполнат саглам, тие ке играат а ние ќе растрчуваме со безброј изгбени топки а казната во скандинавски стил, брз гол. Не верувам дека ке им дозволи Лино да се надигруваат. Ако се оди на долг напад со шутеви од изградени позиции и притоа се враќаат назад брзо (небаре куче им е зад петици) за да нема лесни голови, домакините ке бидат присилени на позиционен напад. Мислам дека Скјерн нема баш да се снајде добро со позиционен напад, како ке одминува времето ке се појави нервоза кај нив и ке има доста избрзани шутеви. Само да има свој ден Дупјачанец а останатите да не потклекната на психолошки план, тогаш играчите на Скјерн има добро да се испотат за да ги земат бодовите, а ако не ги сакат ние ке си ги земеме,
Скопско и се е можно 
.