Фан клуб - РК Металург

http://www.rkmetalurg.mk/metalurg-katastrofalno-go-porazi-vardar-junior/
Висока победа против јуниорите на Вардар, далеку сме од рангот на А тимот но барем јуниорите им ги плеснавме :pos:
Најефикасен на натпреварот бил Костески со 6 погодоци, Божовиќ и Петров постигнале по 5.
Следниот натпревар ни е против Шафхаузен во сабота, второто коло во ЛШ.
 
Утре во 17:30 играме против Кадетен Шафхаузен, минатото коло беа можеби "изненадувачки" поразени на домашен терен од Елверум, и токму тој пораз им дава крилја да влезат со сите сили против Металург.
Главна опасност од Металург го посочија Божовиќ, и сигурно ќе играат на него фластер.
Актуелен шампион на Швајцарија со доста воигран тим, далеку по искусни и по добро покриени на секоја позиција од нас, тоа е тоа што го прави швајцарскиот првак за фаворит во овој дуел.
Опасни ќе ни бидат од секоја позиција, но би го издвоил левото крило Линигер и моторот во нападот Часар, кој до лани настапуваше во ПСЖ.
Имаат одличен голман, за нас добро познатиот Никола Мариновиќ од австриската репрезентација, дај боже да го гази проклетството од репрезентативен план што го има против Македонската репрезентација.. нека биде поразен и од македонски клуб. :D
Гледам Лино покрај наведените двајца ( Линигер и Часар ) за голема опасност го смета и пикерот Кох, стварно незнам за каков играч станува збор...
Искрено тука ја гледам шансата за победа, голема предност ни е домашниот терен, прашање е каква ќе биде само мотивацијата кај младите?
На овој натпревар мора да се оди со 101% од можностите, победа ќе значи подигање на самодовербата и искуство плус за оваа екипа.
Очекувам поголема шанса да добие Кузмановски, доста дрско играше против Мотор минатата утакмица.
Се надевам дека со помош на потребната подршка од трибините и борбена игра конечно ќе стигнеме до победа, Среќно.
 
Конечно и ние да се израдуваме на победа во ЛШ. :D
Одлична утакмица изиграа дечките, конечно сите излегоа зрело и мотивирано на терен.
Одбраната денеска беше одлична, ваква одбрана до сега не бев видел од новиот тим на Металург, одлично ја поставил оваа 6-0 стариот.
Немаше жестоки и груби дуели за исклучувања.. момците решаваа чисто. :D
Нападот главно го предводеше Божовиќ кој е и најефикасен со 8 голови, но на овој натпревар за голема пофалба е хрватот Мраковчиќ.. на идентичен начин постигна 2 многу битни погодоци кога имавме играч помалку, ја одигра утакмицата на кариерата, со движењата и влезовите наликуваше на Миркуловски.
На голот го имавме и расположениот Дупјачанец, кој имаше многу битни одбрани кога противникот беше на работ да ја спушти разликата, и тој имаше голем удел на резултатот, треба да го имаме во оваа форма зашто другите двајца се тешки дрва..
Пешевски беше добар во првиот дел, отвараше простор за бековите, одигра буквално како што треба да одигра еден квалитетен пикер.. но во вториот дел не прочитаа и добро ни го затворија Жаре. :D
Крилата добро си ја завршија работата, посебно ме бендиса напредокот на Костески на играта во одбраната, барем на овој натпревар.
Маџовски солиден, вршеше голема работа во одбраната, успеа да скроти 1 контра која ќе беше сигурен гол, само се излигави кога сакаше атрактивно да го лобува Портнер, но потоа се извади за оваа грешка.
Инаку кој шут го има овој Божовиќ :vozbud:
Мариновиќ не се ни обидуваше да ги брани неговите топовски удари :pos: , вистински лидер е на оваа екипа.
Потполно заслужена победа, од првата минута имавме контрола на резултатот, победа која носи голема самодоверба во овој тим и искуство плус..
Големи честитки до играчите, се надевам дека нема тука да застанат.
 
Во 18:00 го играме дербито во македонската лига, дуелот против новиот проект Работнички.
Се засилија со неколку бивши ракометари на Металург и актуелни репрезентативци, имаат солиден тренер на клупата.. за македонска лига е и одличен, според ростерот издвојуваат чекор напред од другите екипи и според мене доколку кикснеме некаде, тоа ќе биде против Работнички.
Домашниот терен не прави екстра фаворит на овој дуел, и се надевам дека оваа утакмица ќе биде загревање пред ова вистинското во сабота, Елверум. :)
 
Го декласиравме Работнички со 13 разлика, искрено очекував дека ќе пружат колку толку посилен отпор, но загубија како магариња.
Противникот го отвори натпреварот со почетно водство,и тоа е се што направија на овој меч, потоа имавме серија од 6-0 и според играта и поставеноста јасно беше дека ова ќе биде лесна победа и само загревање за средбата со Елверум.
Божовиќ и Костески беа најефикасни со по 6 голови.
 
lin.png


несфаќам
 
По изминативе година ипол би било пρемија Металуρг да успее да ја мине гρупнава фаза, дај Боже да успеат..Аκо пρодолжат со ваκва игρа и не би биле толκу далеκу од тоа :):pipi:
 
По изминативе година ипол би било пρемија Металуρг да успее да ја мине гρупнава фаза, дај Боже да успеат..Аκо пρодолжат со ваκва игρа и не би биле толκу далеκу од тоа :):pipi:

Тешко веројатно. Досега ги победија 2та најслаби од 5те противници - дома.
 
Ја забележавме и втората победа во низа во ЛШ, уште еден одличен натпревар на оваа екипа, одбраната беше пресудна за оваа добиена утакмица, противникот во второто полувреме постигна само 7 гола.
Во првото полувреме беше доста израмнето, лесно ни ја пробиваа одбраната, откако се повреди Божовиќ по тешко ни одеше во нападот, и противничкиот голман имаше свој ден.
Вториот дел беше друга приказна, Лино одлично ја мотивирал екипата, ги корегираше грешките во одбраната, пикерот Оверби кој правеше најмногу проблеми, им отвараше простор на бековите во првиот дел.. во вториот дел беше скротен и одлично чуван.
Дупјачанец се разбрани во вториот дел, имаше одлични интервенции и успеа да му одбрани пенал на Линдбое, добро е што го имаме во ваква одлична форма.
Секоја чест на Лино што го доведе Мраковчиќ во оваа екипа, одлично се вклопува во концептот и е играч со неверојатен талент.. располага со потребните движења кој што треба да ги поседува еден врвен играч на таа позиција, прави одлични влезови од кој најголемата добивка е барем седмерец.. :bravobe:
Изненаден сум од Маџовски, искрено не очекував дека ќе ја оправда довербата за прв избор на таа позиција, во одбраната игра одлично.. нешто што го нема кај Манасков и Ојлески.. контрите ги решава ладнокрвно и сигурно.. без многу егзибиции..
Лино може да се пофали дека изделкал некој од талентите. :D
Исти е случајот и со Костески, доколку минатата сезона кога доби шанса проблемот му беше играта во одбрана, засега покажува дека проблемот е надминат, делува многу сигурно и во напад и во одбрана.
Добро функционираше нападот во второто полувреме кога бевме без Божовиќ, Бувиниќ ите како добро го замени, и овој играч има голем потенцијал.
Матиќ има многу кредити кај Лино, и по неколку промашени шутеви го држи во игра.. треба таму по често да добива шанса Кузмановски.
Нека е честито победата, сега не очекуваат по сериозни утакмици..
Инаку има некое инфо за Нелоски? требаше во октомври да се врати.
 
Последно уредено:
http://www.rkmetalurg.mk/fotogalerija-od-vecherniot-trening-na-metalurg-vo-skjern/
Одржан е вечерниот тренинг во Скјерн.
Во недела гостуваме на најсериозниот кандидат за првото место во оваа група, натпреварот започнува во 15:10 часот.
Најтешкото гостување на Металург во групата, повторно играме со ебена скандинавска екипа, но овој пат многу по квалитетна за разлика од претходната Елверум.
Најголемата опасност од Скјерн е добро познатиот пикер Бјарте Мирол, одбраната ќе биде на тешки маки да се справува со него.
Покрај Мирол, би го издвоил и средниот бек, Ласе Микелсен.
На голманската позиција го имаат Магнус Дал, кој бранеше за Атлетико Мадрид, но секако имаат уште некое данско срање кое можеби е и прва опција на голот.
Имаат солидни крила, Кристенсен и Расмусен.. добро изделкани од оваа позната данска школа.
Како и да е , станува збор за многу искусен состав и ќе биде екстремно тешко да се справиме со нив.
Е сега доаѓа ова вистинското кај што треба да се одигра со 101% од можностите, Скјерн и Баја Маре се вистински тест до кај се можностите на оваа екипа за играње и на гостински терен, се надевам после овие две големи победи на домашен терен самодовербата е на високо ниво и играчите ќе излезат максимално мотивирано на овој натпревар.
Божовиќ ја надминал оваа незгодна повреда против Елверум и е целосно опоравен, е сега нашиот "мотор" Мраковчиќ има напукната рака, среќа што не е шутерската и ќе може да игра на натпреварот, но дали ќе може да биде како во претхнодните дуели останува да видиме.
Доволно е оваа екипа да покаже дрскост, да бидеме рамноправни во текот на целиот натпревар, и да изгубиме .. да биде тоа машки.. не како против Мотор уште на стартот на вториот дел се откажавме.
Се надевам дека Лино ќе го пронајде вистинскиот рецепт и ќе ги мотивира повторно овие момчиња да одиграат максимално борбено и на овој натпревар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom