Фан клуб - РК Металург

во секој случај со вардар нема споредба - и на почеток на сезонава, а камоли сега,
така да тоа е...

Никад немало споредба. Вардар се бори за пехар во ЛШ а металург проповедаше патриотизам. На крај ја уништија репрезентацијата, испратија играчи во Катар што повеќе мислеа на каде после првенството него да играат и сега еве се подмладуваат со балканци... циркузанти
 
Никад немало споредба. Вардар се бори за пехар во ЛШ а металург проповедаше патриотизам. На крај ја уништија репрезентацијата, испратија играчи во Катар што повеќе мислеа на каде после првенството него да играат и сега еве се подмладуваат со балканци... циркузанти

Катар нема потреба да се спомнува, тоа може обрван да си вади алиби
на овие "новиве" договорите им се до јуни, мора некако да се заврши сезоната - сигурно нема со 1пикер да играат
а вардар ќе крене пехар во ЛШ по мене (можеби не одма, но наредниве сезони сиг) - но ќе го видиме нивниот состав (и буџет) па тогаш ќе збориме
 
во секој случај со вардар нема споредба - и на почеток на сезонава, а камоли сега,
така да тоа е...

Само што разликата е тоа што Вардар никад и не играле на таа карта на лажен патриотизам.А и Македонците што ги имавте на почеток на сезона,не зедоа плата 6 месеци на крај да бидат избркани како кучиња.Типичен патриотски потег :) Исто ги очекува и талентиве вансериски што ќе греат клупа на некои си од финска,српска лига :)Како ве ремети Лино,грев ме фаќа за вас :)
 
Само што разликата е тоа што Вардар никад и не играле на таа карта на лажен патриотизам.А и Македонците што ги имавте на почеток на сезона,не зедоа плата 6 месеци на крај да бидат избркани како кучиња.Типичен патриотски потег :) Исто ги очекува и талентиве вансериски што ќе греат клупа на некои си од финска,српска лига :)Како ве ремети Лино,грев ме фаќа за вас :)

да беше обратна ситуацијава - лино да донесеше 10хрвати и во металург да имаше 3македонци од кој 1игра само, а вардар да имаше повеќе македонци = ќе ја потопевте темава.
секој втор пост ќе беше за тоа...

а како металург си го тера маркетингот, тоа е друго.. секој што знае малку јасно му е дека од младинциве на металург реално можат 3-4играчи да излезат ок, другото е ситно...
Ако лино вика има иднина сите се супер деца, а после ти донесе 5играчи од страна - треба да е јасно дека пушта фора сител (или во најмала рака канал5)
 
^ 3-4 ок играчи за толку тупење ко демек ЛШ ќе освојат со школата?

Сигурен сум дека сите преферираме Вардар да има што повеќе квалитет а не што повеќе просечни домашни играчи. Од нашите единствена желба ни е Кире пошо е ЛШ материјал.
 
Еве и голман се донесе, остана уште позицијата среден бек да се пополни, засега е најнеопходна во тимот..
Бековската линија не е лоша , имаме одлични шутери Бувиниќ , Голубовиќ, Талески, Нелоски, Раде .. го имаме среден бек Борјан Маџовски на кој му фали само искуството од големи утакмици и затоа не би го ставил како прва опција на таа позиција во тимот.
Крилата не се лоши .. Ојлеси е искусен играч , остана од старата гарда , има искуство од големи утакмици, експлозивно крило во нападот..
Бојан Маџовски е многу добар во дефанзива, многу подобро игра одбрана од Манасков, мислам дека може да излезе добро лево крило од него, само треба да се поработи со него во нападот.
Дарко Џукиќ делува многу несмасен , се гледа дека има предиспозиции за класа десно крило но во Металург не покажува баш добри резултати за разлика кога игра за националниот тим.
Никола Костески веќе не се смета за талент , има 23 години, Лино никогаш не му даде шанса за докажување, засега не е лош , имаше добри партии , и мислам дека е редно да го замени Злате во репрезентацијата, овој циркузантот основни правила не знае за ракомет.
Се донесе и корпулентен пикер, имаме опција за ротирање на оваа позиција, не е само Жаре.
Се зголеми и конкуренцијата на голманската позиција, пензионерот Мисовски ќе си биде трета опција, човекот имаше по 0 одбрани на утакмица што е катастрофа.. се надевам овој ќе биде достојна замена за Николче.
Инаку со донесувањето на странците се подполнија празните места во тимот , на никој од младите нема да му биде заземено местото, Лино добро работи со нив, им дава шанса на сите на утакмиците, еве на Бувиниќ кога не му тргна против Загреб беше изваден во 15та минута и го ставија дури во вториот дел.
 
има некој инфо за сериозноста на повредата од Нелоски??
 
Сеуште ништо не се знае за повредата на Нелоски..
Не ја гледав утакмицата пошто немаше пренос, гледам Ојлески 7 гола дал, поразот беше очекуван но добро е што сме го изнамачиле противникот, со стариот тим на овој терен лесно не победуваа но овие момци покажале карактер..
Ќе бидеме тврд орев на домашен терен кога ќе се стават на располагање новите играчи од утре, следната ни е со Нексе на гостински терен во среда, се надевам ќе ни овозможат пренос да гледаме.
 
http://www.sport.com.mk/default.asp?ItemID=1BEAA1A79E4D8145A86BC11A16EAD731
Се шпекулира дека ќе се донесе и плејмејкер, станува збор за Јања Војводиќ кој моментално е член на Металопластика, ако се реализира трансферот на овој играч ќе бидеме комплетни на секоја позиција и ќе изгледаме по сериозна екипа. :D
 
http://www.rkmetalurg.mk/janja-vojvodikj-e-nov-rakometar-na-metalurg/
Официјално овој Јања е нов играч на Металург.
Подполнета е и позицијата среден бек, може да кажам дека заличивме на клуб :D
Бековската линија ни е доста солидна, имаме одлични шутери на левата и десната страна од кој очекуваме многу.
А овој Јања со Борјан Маџовски ќе ротираат на позицијата среден бек.
Ова за Лука Карабатиќ се смешки во боја :D
 
Како ќе се снајдеме со пренос за утакмицата со Нексе? сепак е најбитната утакмица во Сеха лигата во борба за шестото место..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom