Фан клуб - РК Металург

Абе играчи излегувале и ќе излегуваат од тука,не е спорно ова....
А споредби во работа со млади категории Скандинавија(или било која ракометна земја Германија,Хрватска,Шпанија,Франција,Унгарија итн)-Македонија е нерационално и незамисливо...
Ние само се залажуваме дека работиме...и вистинско чудо е како со вакво(не)работење со младите успеваме да направиме некој клубски успех....
А Металург како клуб,со поставеноста која моментално ја има тешко дека исполнува стандард за ЛШ,ова во никој случај...
Од празни зборови од типот БАРАМЕ РЕШЕНИЕ,ОЧЕКУВАМЕ НОВИ СПОНЗОРИ,ДОПРВА СЛЕДУВА ВИСТИНСКОТО видовме до кај се стигнува во Македонија...
Тие екипи од Шведска шо ги спомна немаат вакви проблеми,и во Данска,Шведска се случува да крахира екипа,да замини спонзор,ама ваков срам по само 1 месец почната сезона да ти заминат сите играчи тешко дека ќе се случи во догледно време....

Прво викаат таа е реалноста,ќе пробаме со млади сили,па после ЛШ играме догодина,па Лино ветува сега нов силен Металург....:icon_mrgr:(а силен Металург повлекува најмалце една постава нови странци,и кај ќе играат децата?(на свадба):pos:
Со луѓе како Левче во управа илузорно е да се надеваш на нешто добро...
Ако сака Металург да остани клуб ќе мора да си напрај сериозна управа....со импровизации не се опстојува долго во Европа...

--Во Шведска не се десило да екипа крахират во ЛШ затоа што играчите играат за два сенвичи со ВИРШЛИ и се наогаат во ситуација на времето од источниот блок и едвај чекаат да се продадат во Данска и Германија, еден дел од играчите добиваат смешни суми, но во шведските лиги нон стоп имат откажување--во декември напушти бившата екипа на ЗОРАН РОГАНОВИЧ Х 43 имале борч 250 000 илјади евра и ке почнат од втора -трета лига следната година.

-За младите селекции во Скандинавија е позитивно што имаат многу јако МЛАДИНСКО ПРВЕНСТВО кое се состоит (го викаат ) 5 чекори.
прв --сите учествуваат поделени во групи од 3-4 екипи ,првите две екипи одат дирекно во 3 a поразените добиваат уште една шанса во чекор 2...итн
-Имаат турнири колку сакаш,но тренерите во младинските категории не добиваат ништо тоа се родители кои имаат деца што играат во екипите,
за време на утакмиците родителите од децата работат џабе ,ги чистат трибините итн.,тие не се расфрлаат со пари.
 
Таленти??
Ништо не бидува од нашиве, џабе се лажеме.. Борац и Партизан немаше да губат на домашен терен толку многу бе, ПРЕМНОГУ е ова.. Талески е очаен играч, префосриран од јавноста зошто само тој го имаме со 2 метри..
Една ебена акција не направија, ЕДНА ЕБЕНА АКЦИЈА!
Толку немање желба за надигрување, ништо бе ништо..
Не ми е јасно како Лино планира да направи добар тим? треба да се донесат 11 странци за Металург да биде барем 40% од тоа што беше..
 
Таленти??
Ништо не бидува од нашиве, џабе се лажеме.. Борац и Партизан немаше да губат на домашен терен толку многу бе, ПРЕМНОГУ е ова.. Талески е очаен играч, префосриран од јавноста зошто само тој го имаме со 2 метри..
Една ебена акција не направија, ЕДНА ЕБЕНА АКЦИЈА!
Толку немање желба за надигрување, ништо бе ништо..
Не ми е јасно како Лино планира да направи добар тим? треба да се донесат 11 странци за Металург да биде барем 40% од тоа што беше..
Не зафркавај,почнаа да играат подобро во второ.И не се децава до толку утепани.
 
Добро второ полувреме , Загреб се опуштија и не се залагаа толку, но тука беше и Николче кој што здиви на утакмицата посебно во вториот дел..
Но мора да се подобри ова, играчите едното полувреме го играат добро а другото се резилат, дали е некој грч поради неискуството или е некоја друга причина, незнам...
Во првото полувреме видовме екипа која што немаше идеја како да организираат акција, делуваа тотално незаинтерисрани, се им беше исто дали ќе бидат торпедирани или не, никакви емоции и никаква желба за надигрување..
Нападот катастрофа , цело време додавања помеѓу бековите и на крај се решаваше со шут од неизградена позиција или евентуално пробивање..
Единсветниот добар потег во првиот дел беше додавањето на Маџовски кон Пешевски кога постигна гол.
Вториот дел беше друга приказна, Николче проработе а и играчите го искористија опуштањето на Загреб на најдобар можен начин, се спасија од резил и се изборија за достоен пораз.
Нелоски има одличен шут, постигна страшни голови но треба да се работи со него на дуел играта, нема муда да влезе во дуел 1 на 1 , да не остане само со шутот и да си биде просек.
Талески разочарува, се надевам нема да остане вечен талент.
Ќе видиме какви ќе бидат настаните понатаму, на клубот му треба засилувања, мора да се најде среден бек кој што ќе биде мотор на екипата и ќе ја разигрува, пикер е неопходен, неможе Жаре сам.
 
Да дека ви требаат среден бек,пикер а и голман,само работата е во тоа што квалитетни засилувања на овие позции нема во МК,така да ќе мора Лино да донесе од екс Ју.И кога ќе видиш на крај од прва постава од 7,5 странци,а Македонците ќе играат по свадби и кладлници.Опасна игра на зборови игра Лино,манипулира со реалната состојба во клубот,а со тоа и со навивачите.
Иначе мислам треба да сте благодарни на Загреб за последниве две утакмици што дигаа рачна,кога бевте пред демолирање.
 
Последно уредено:
http://sportmedia.mk/srbinot-golubovik-i-hrvatot-vrgoch-se-novi-igrachi-na-metalurg/
Еве нови засилувања, пикерот е донесен а тоа најмногу фалеше во екипата, освен Жаре немавме друга опција, овој Вргоч настапувал во Финска, висок е 204 сантиметри и тежок 125 килограми, одлични се предиспозициите за пикер но играл во многу лоша лига, сигурно е бил анти-талент штом не успеал да се задржи во првенството на Хрватска, но ќе видиме како ќе се покаже, сепак е производ на хрватската школа :D
Овој Голубовиќ има настапувано за солидни клубови, со Бувиниќ би бушеле на оваа десна бековска позиција, а предност е тоа што може да игра и како десно крило.
Се чека и среден бек, си треба мотор во екипата да го разигрува нападот, незнам какви планови има Лино, дали планира од Маџовски да прави Миркуловски или пак од Крстевски .. но без искусен среден бек се е џабе.
 
Маџовски може да го направи :) за Крстевски не верувам... Маџовски има одлични предизпозиции, одлични движења и шо е најбитно не се плаши од дуел игра, од то шо можеше да се види на утакмиците со Загреб..
 
Маџовски може да го направи :) за Крстевски не верувам... Маџовски има одлични предизпозиции, одлични движења и шо е најбитно не се плаши од дуел игра, од то шо можеше да се види на утакмиците со Загреб..
Да али му фали искуство, му фалат утакмици на големи натпреварувања, така и Миркуловски стана играч, засега делува многу неискусно но единствена предност му е тоа што има муда да влегува , тоа го немаат Нелоски и Талески.
 
Прва постава све странци а „талентите“ пак ќе чекаат некој подобри времиња. Ах тие патриоти што дури и лимит на странски играчи воведоа за да се водело сметката за „талентите“
 
Прва постава све странци а „талентите“ пак ќе чекаат некој подобри времиња. Ах тие патриоти што дури и лимит на странски играчи воведоа за да се водело сметката за „талентите“
Која е таа прва постава се странци што ќе бидат? Не мора да се ќења кога нема потреба.
 
Прва постава све странци а „талентите“ пак ќе чекаат некој подобри времиња. Ах тие патриоти што дури и лимит на странски играчи воведоа за да се водело сметката за „талентите“

Од една страна точно е дека колку повеќе носат странци толку повеќе си плукаат на она што го зборуват, но од друга страна овие играчи и не доаѓаат баш на местата на "талентите". Пикер секако мораше уште еден да се донеси, а на голман секако не ни има некој талент а и не верувам дека пред Митрвски ќе биде овој. Претпоставувам само ќе го замени Мисовски. За десниот бек се согласувам поарно ќе беше да се форсираат Велковски и Давитковски отколку вака...

Вака така пак стигнаа до бројка од 5 странци... Е сега ќе видиме дали ги бива и колку ќе играат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom