Фан клуб - РК Металург

http://www.balkan-handball.com/balkan/miroslav-kocic-novi-golman-metalurga/

Николче Митревски ќе си дреме на клупа, не е проблем.

Се грижиме за македонскиот ракомет :vozbud:

Е од ова поголема глупост здравје. Овој и онака нема да биде втор голман, а за трет голман илјада пати ќе беше подобро да се земеше некој од младите во Јуниор што се. Кимевски 23-24 години има што чекаат? Некои трансфери јас ги одобрувам бидејќи во одредени ситуации заради недостиг на квалитет мора да се купуваат странци ама ова нема никаква смисла.
 
А од каде знаеш дека овој нема да биде трет голман зад Станиќ и Митрески бидејќи Мијатовиќ си иде? :)
Која е логиката да носиш 33-годишен трет голман? Трети голмани има на лагер колку сакаш низ Скопје, за низ Македонија да не правиме муабет.
 
Диви беше донесен за трет голман во Вардар , патем години за голман не се сметаат. :)
 
во наредните денови пикер и бек од странство , ептен сте патриоти
 
Види сега малце безвезе ми е муабетов , таму каде што има квалитетни играчи не се носат нови т.е Миркуловски , Мојсоски , Манасков/Ојлески , Георгиески.
За голмани секогаш сме биле антиталенти , освен Диви и Брестовац не паметам некој асален да имало. За пикер си е Никола Маркоски кој ќе има што да учи од Вори ( од Ванчо не знам дали нешто би можел да научи) . Ова под претпоставка дека навистина ќе дојде Вори.
 
Диви беше донесен за трет голман во Вардар , патем години за голман не се сметаат. :)
Многу нормално дека не се сметаат, а иначе можеш и самиот да видиш каква е поставеноста во Вардар и колку минутажа добива Диви, а колку Малумбрес. Мене ми е смешно што клубот се рекламира како македонска репрезентација, а секогаш носи играчи од странство како овој, како Чоровиќ, како Коражија....да го донесеше Червар Филип Ивиќ од Кроација, ајде во ред, млад е има цела кариера пред него и плус е одличен голман. Ама еве и самиот си сведок колку време Николче чека шанса и ја добива минимално, колку да го намамат да остане во клубот, на сметка на вакви трансфери кои повеќе се покажуваат како екскурзии за играчите, отколку како трансфери за градење кариера.
 
Чоровиќ беше на прошетка низ Скопје :D
 
Види сега малце безвезе ми е муабетов , таму каде што има квалитетни играчи не се носат нови т.е Миркуловски , Мојсоски , Манасков/Ојлески , Георгиески.
За голмани секогаш сме биле антиталенти , освен Диви и Брестовац не паметам некој асален да имало. За пикер си е Никола Маркоски кој ќе има што да учи од Вори ( од Ванчо не знам дали нешто би можел да научи) . Ова под претпоставка дека навистина ќе дојде Вори.

Но затоа за нивни замени ги доведоа Циндриќ, Кеџо и Борозан. :noze:

Во ред е да купуваат странци, целта ги оправдува средствата, знаеш што не е во ред?
Не е во ред уште да го фураат популистичкиот приод како „Металург е патриотски клуб“, фура само домашни играчи и хејта клубви кои купуваат странци.
Не е во ред да се дичат со школата две и кусур години а да не промовираат ниту еден играч од неа.

Или намали малце со хајпот за школата, кажи дека уште се млади или дај му шанса барем на Талевски...
 
Искрено Малубрес не заслужува ни трет голман во Зомимак а не пак во Вардар , тоа што Диви е моментално прв голман е поради квалитетот и шансата која ја искористи. Се носат играчи на критичните позиции а тоа е голман и бекови , кога ќе дојдат на возраст за прв тим верувам дека и надежите од Металург јуниор ќе бидат во прв тим . Кога ќе дојдат младинците во прв тим тогаш ќе имаме проблем со крилата (Манасков е сигурен но Георгиевски не е) . Невозможно е да се состави добар тим од потполно домашни играчи , тоа им успева на Загреб , а пак не се врвна екипа со амбиции за нешто повеќе во Европа.
 
Види сега малце безвезе ми е муабетов , таму каде што има квалитетни играчи не се носат нови т.е Миркуловски , Мојсоски , Манасков/Ојлески , Георгиески.
За голмани секогаш сме биле антиталенти , освен Диви и Брестовац не паметам некој асален да имало. За пикер си е Никола Маркоски кој ќе има што да учи од Вори ( од Ванчо не знам дали нешто би можел да научи) . Ова под претпоставка дека навистина ќе дојде Вори.

А овој што го донесоа демек е талент каков што нема во Македонија а очајно му треба на Металург? Да не ги мешаме работите. Веројатноста да биде подобар од Митревски е многу мала, а да се носи трет голман странец на едно 3-4 голмани во Јуниор(од кои еден веќе остаре а викаат дека е добар) е катастрофа според мене.
 
25 години има кимевски
 
Немаме таленти за голман барем не за екипа со амбиции за нешто повеќе во европските натпреварувања.
 
Талевски зашто не добива шанса никад нема да разберам :facepalm:
 
Но затоа за нивни замени ги доведоа Циндриќ, Кеџо и Борозан. :noze:

Во ред е да купуваат странци, целта ги оправдува средствата, знаеш што не е во ред?
Не е во ред уште да го фураат популистичкиот приод како „Металург е патриотски клуб“, фура само домашни играчи и хејта клубви кои купуваат странци.
Не е во ред да се дичат со школата две и кусур години а да не промовираат ниту еден играч од неа.

Или намали малце со хајпот за школата, кажи дека уште се млади или дај му шанса барем на Талевски...

Талески и Нелоски ќе им дојде времето за прв тим , засега не , но едно е сигурно ќе им биде дадена шансата да бидат во прв тим .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom