Фан клуб - РК Металург

Каква игра од Металург!
Ги испрашија.
Честито :)
 
Какво газење,полесно од очекуваното понатаму !

Браво сите до еден беа на ниво.
 
Вугринец изигра ептен добро, 23 гола им даде на 2те натпревари.
Атман одигра на ниво, ептен добар, 9 гола од кои 2 кога Металург имаше 2 играчи помалку. Браво момци!
 
СеЉфи
grande-metalurg.jpg
 
Газење на сред Данска, тоа е тоа !:vozbud:
Вугринец втора младост, Атман конечно проработи, за Станиќ се нема зборови.
 
Вугринец на високо ниво,човекот ѕвер,Атман вторава се распуца има топ во раката.Дури и престап ме изненади :pos:Постигна гол а не направи престап.Станиќ ѕверски одбрани двеве утакмици.Ајде чекаме сега ждрепка,може и Вардар да ни падне а :D
 
Каква партија.. им одржавме лекција по ракомет на Данците среде Копенхаген. :)
Вугринец ги уништи и во двата наптревари.. човекот ја игра можеби најдобрата сезона на 39 годишна возраст.
Атман денеска одигра маестрално, Станиќ одличен како и секогаш.
Морам да го пофалам и Димовски за борбената игра во нападот, човекот буквално јадеше ќотек.
Каков соло потег на Злате денеска, успеа да се запише барем еднаш во листата на стрелците во ЛШ оваа сезона. :D
Цепелинот на Вугринец и Циндриќ :drk:
Мисијата е комплетирана, го постигнавме ланскиот успех.. но оваа сезона имаме далеку подобар тим од лани така да ако ја избегнеме Барселона можеме да се надеваме и на Ф4 :)
Големи честитки до играчите, горд сум што навивам за Металург.
 
Вугринец на високо ниво,човекот ѕвер,Атман вторава се распуца има топ во раката.Дури и престап ме изненади :pos:Постигна гол а не направи престап.Станиќ ѕверски одбрани двеве утакмици.Ајде чекаме сега ждрепка,може и Вардар да ни падне а :D
Златко го имаше потегот на натпреварот жими се
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom