Каква партија.. им одржавме лекција по ракомет на Данците среде Копенхаген.
Вугринец ги уништи и во двата наптревари.. човекот ја игра можеби најдобрата сезона на 39 годишна возраст.
Атман денеска одигра маестрално, Станиќ одличен како и секогаш.
Морам да го пофалам и Димовски за борбената игра во нападот, човекот буквално јадеше ќотек.
Каков соло потег на Злате денеска, успеа да се запише барем еднаш во листата на стрелците во ЛШ оваа сезона.
Цепелинот на Вугринец и Циндриќ
Мисијата е комплетирана, го постигнавме ланскиот успех.. но оваа сезона имаме далеку подобар тим од лани така да ако ја избегнеме Барселона можеме да се надеваме и на Ф4
Големи честитки до играчите, горд сум што навивам за Металург.