Интересно е вака, кога некој од дијаспората ти кажува кој спорт е најпопуларен во Македонија

Само што ракометот не е на трето место, туку на прво, потоа е кошарката, а дури потоа е фудбалот, како што стојат работите уште долго време ќе биде така.
Околу публиката, има еден кошаркарски клуб кој секој меч има бар 1.000 публика дома, и по 200-300 на гости, се вика МЗТ, кога ќе се направи салата во Аеродром, ќе има и по 4.000 по натпревар. Околу тоа колку е Вардар популарен пишува тука, за огромната поддршка од 100 гледачи колку што одат да го гледаат фудбалскиот шампион на Македонија.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=19667 Морам да напоменам, се избрукаа и со Шалке, дали имаше 3-4.000. Џабе живеете во илузии, помина времето кога цело Скопје навиваше за Вардар, и не само што не им е гајле за Вардар, не им е гајле за ништо. Само некои вакви како тебе, еден на 10.000 ќе сече вени за тоа дали Вардар или Металург имале подолга историја, повеќе успеси. И едниот и другиот си имаат свои моменти и сите успеси се направени во последите две децении.