Фан клуб - РК Металург

Почнуваше на центар ама постојано ротираат со Атман тие. Впрочем тоа е системот на Металург и Миркуловски постојано ротираше со Мојсовски.

Јас мислам подобро е Мојсо да го игра најголемиот дел од времето на лева позиција, некако не можам да го замислам како центар, а верувам во последно и тој самиот не може да се замисли. Кога ќе играат Миркулоски со Атман тогаш можи Атман да оди лево.
 
Доста бе со тоа Вардар го потековте, бил ова бил она. Сега ви текна на сите дека постои Вардар од кога влегоа милиони во него, претходно немаше жив човек на трибини. Првата сезона во СЕХА, Вардар играше натпревари од „затворен тип“. Салата ја полнеа само на дерби натпревари. Од кога ја освојаа титулата во регонална лига, од тогаш почнаа да го спомнуваат РК Вардар. Кажете колку пати сте влегле и сте платиле карта во СЕХА лига или на евро куп (Магдебург) да го подржите Вардар? Туку беше обратно Михалјо плаќаше за да се појават одреден број на навивачи. Дури и човекот што денес го славите, Самсоненко, јавно кажа дека прв пат гледа тимот да ги плаќа навивачите да дојдат на натпревар да навиваат.
Ниту Вардар ниту Металург немаат некоја историја со која би можеле да се пофалат пред 1990 година, во Европа кога ќе се спомне ракомет во Македонија сите прашуваат дали сеуште постои Пелистер. И Вардар и Металург се што направија беше од поново време. Така да се лажете ако мислите дека некој е поголем од некој во овој случај.
Ти си дошол на трибина па да видиш дека немало жив човек? Како си видел кога немало преноси? Или гледаш на гравчиња?

Дојди кај мене на кафе ќе ги видиш купените карти. Во Сеха не се плаќаше влез, освен со Металург и Загреб, што треба да значи тоа ако не сме платиле? Металург даваше гратис карти на свои пријатели и спонзори за најважниот натпревар против Вардар и салата(„шталата“ со други зборови, со една трибина) им беше полупразна ако не ги броиме мајките и браќата на играчите.

И дај ја изјавата на Самсоненко кај што го изјавува тоа, или пак не знаеш да читаш па изјавата: „Навивачите да не плаќаат карта за натпревари“ си ја помешал со тоа дека ги плаќале да доаѓаат.

Не знам ни зашто ти реплицирам, али децава што пратат ракомет на фб веруваат во секое напишано мислење, па така да мора да те демантирам.
 
И дај ја изјавата на Самсоненко кај што го изјавува тоа, или пак не знаеш да читаш па изјавата: Навивачите да не плаќаат карта за натпревари си ја помешал со тоа дека ги плаќале да доаѓаат.

Не знам ни зашто ти реплицирам, али децава што пратат ракомет на фб веруваат во секое напишано мислење, па така да мора да те демантирам.

1.05.2011, Вардар играше полуфинале на ЕХФ куп, во салата имаше едвај 200 души бидејќи поголемиот дел од ''верните'' навивачи беа на славење на први мај. Од тие 200 души половина си заминаа после запросувањето, значи се на се повеќе обични љубители на ракометот имаше одколку комити. Бев присутен и видов, да не се ваѓаш дека од памет кажувам.
 
Како тоа не му држи? Абе кога ќе сватите дека се игра за трофеи и дека запишано во историја ќе си стои пелистер и Вардар а вас пак ќе ве нема. Тоа дека повлекувале е сосема нормална работа па сегде е тоа така бе ало, или имаш или немаш прав на настап зависно од годините со кој се дефинираат генерациите.

Точно е дека се игра за трофеи и дека други екипи ќе бидат вечно запишани како освојувачи на трофеите. Ама освојување на трофеи е многу различно од развој на играчи. Ако се жртвуваат трофеи во младинска конкуренција на сметка на развој на играчите, не сфаќам како е тоа лошо за македонскот ракомет како целина.

Поправете ме можеби грешам, но колку што знам Металург во младинските категории свесно игра со помлади играчи од потребното. Не сфаќам како заради тоа нивните играчи се полоши.

И не само тоа и други одлуки на вашиот тренер лошо влијаат на репрезентацијата...
А за ова со младинците само кажав што имам досега видено, ако нешто се подобри сигурно ќе го потенцирам.

За однесувањето, тактиката и трансферите немам никаква намера да го коментирам Червар и јас апсолутно не се согласувам со него. Ама школата на Металург не е Червар и факт е дека каква таква за македонски услови е доста добра. А реално во последниве неколку години почна посериозно да се развива таа школа, па оние кои наводно добро се развиваат сеуште се многу млади и допрва ќе видиме што ќе биде од нив. Засега попусто се расправаме.

Денес имаме една одлична и талентирана кадетска репрезентација составена од 11 репрезентативци кој се натпреваруваат во Супер лига (11 од Металург, 2 од Вардар и по еден од Пелистер и Тинекс Пролет)

Не знам колку и како има политика моментално во повикување на играчи за да играат за репрезентација но на некој начин ова е релавантен факт. Како така од 15мина, 11 во оваа репрезентација се од Металург. Тоа сигурно дека е показатал за квалитет. За порано не ни знаеме реално бидејќи талентираното поранешно раководство на РФМ не ги ни пријавуваше младинските репрезентации.
 
1098335_643333535677840_949392119_n.jpg
 
1 болд-:pos:имаш фазла од 15 години? ти со мене се контраш за ракомет? па дали ти знајш каков тим имаше тутунски и како си поминуваше вардар во прилеп токму во тој период кога доминираше пелистер? вардар или губеше во прилеп или му се судеа по едно 20 седмерци за да победи? секоја 2 утакмица судеа вардарови судии и тутунски секогаш беше оштетуван до даска! ама ти то не го знајш.
каква сорта сме ние кои немаме допирна точка со тимот од автокоманда, ај кажи ми баш ме интересира.

2 болд- на толкав број на жители колку има скопје и на само 4 или 5 клуба колку има сега скопски во ракомет, срамота е да ми пишуваш за некаква си големина на навивачка група, кога на утакмици на рк вардар има по 200-300 гледачи кога се игра против послаби екипи. вардар треба да го сакате и бодрите секогаш, оти за на дерби утакмици или утакмици со јаки екипи каде е мода да бидиш виден, то е друго...

Првиот болд се однесуваше на вас страсните навивачи на македонски клубови, ве немаше дур други клубови со традиција доминираа, клубови кој си форсираа клубска шема а не ова вештачко градење на имиџ преку репрезентацијата. Немислев ништо во врска со Тутунски ама еве веќе збориме ајде кажи ми каков тим сте имале? Освоивте еден куп и Сласк ве плесна 20 разлика. Полека малку, не летај, јас сакам да ве видам назад во супер лигата ама реалити чек малку...

Ракомет во Скопје е само една од многуте забави што ги нуди градот. Дури и како спорт е на 3то место после фудбал и кошарака. Секој сака полна сала ама реално тоа тешко ќе биде сепак каде каде сме подобри во тој аспект од нив.
--- надополнето: 19 август 2013 во 04:00 ---
Лани имало публика на Вардар ? Мислиш на натпреварите со Металург само и Магдебург. Јас лично бев на неколку натпревари на Вардар во Кале (Борац и Извигач), беше слободен влез и имаше нешто повеќе од 100 луѓе. Металург за тие натпревари наплаќаа по 50 денари карта и имаше повеќе од 200-300 луѓе. Каде е логиката ?
Не знам за чкембари, мајмуни или ајдуци, ама знам дека Пирати(сигурен сум) не плаќаат во Автокоманда, а не знам за ЛШ како им е аранжман, тоа ќе одговори некој од пиратите тука.
Што не ги спомна Фемили Аеродром, како кај нив е друг менталитетот и не дозволуваше МЗТ да ги игра своите натпревари бесплатно, и како идеа на сите натпревари без разлика дали било домашен натпревар со некој аутсајдер.
Во држава со стандард како две дневници на запад, Металург наплаќаше карти од 600 денари (пред сала на црно се продаваа и по 1000 денари), успеа да ги продадат за 30 минути. Продаваа дресови по 600 денари и маици по 300 денари.
--- надополнето: 18 август 2013 во 22:02 ---

Од тој младински погон зависи иднината на Македонија, иначе Македонија нема да види ракомет наредни 10 години. А за хрватите си тотално во право, никогаш не разбрав зашто ги величеше Неловски, Манасков и Талевски(деца по 17 години), а носи непроверени играчи како Мандиќ и Жедиќ.
--- надополнето: 18 август 2013 во 22:04 ---

Во ред се игра за трофеи во право си, ајде сега наброј ми ги сите младински шампиони последните 10 години, или последните 5 години ? Или пак можеш да ми ги наброиш играчите од која школа излегла. Па сега размисли дали се бројат трофеи во младински или играчите што ќе ги извадиш.

Ниту еден МАК клуб нема редовна публика. За жал таква нација сме што се палиме само кога има појак противник и кога има што да се види. Сепак реално гледано Вардар има повеќе публика и навивачи него металург и тоа без никаква реклама или продавање пуфки дека ете они се репрезентација, ребреднирање, менување на лога и слично.

За што да ги спомнам Фемили? Па и тие влечат корени од Комити. Тоа дека не давале да се игра безплатно зар за тебе е заслуга? Па тоа треба да е нормална работа сегде, тоа што никој никаде не се замара со наплаќање карти во државата (освен на понекоја побирна утакмица) ти е доказ до каде сме стигнати и колку ни е јак интересен спортот.

За трофеите и играчите... Кажи ми ти мене ако толку јака школа имате зошто изгувме од косово и италија бе дечко. Зошто зимате 3то класни словенци и играчи од 2ра хрватска лига? Освен Манасков кој пред се е продукт на татко му кој играч сте го извадиле што може да игра во лига на шампиони
 
Значи доаѓаме до муабетот дека сте дерби навивачи и сакате да го гледате Вардар само кога има добар натпревар. Ти ако ме убедуваш дека Вардар е бренд и традиција и не знам што, ќе идеш на секој натпревар и ќе го следиш, па и ќе платиш една симболична сума од 50 денари за да му помогнеш колку толку.
Јас не гледам навивачите на Металург да се удираат во гради и да викаат дека Металург е ова или она и дека сите натпревари ги посетуваат и др работи.
Сакав да ти објаснам дека и двата клуба се на исто ниво. Кога има интересни натпревари има публика кога нема добар натпревар, празна е салата. Не гледам разлика во тимовите тука или дека има нешто повеќе подршка.
Додека за Косово, колку што знам, им беше наредено од Маки и Столе (тренерот на Вардар) „играјте но не играјте“, таму беа за промоција на косовскиот ракомет и немаше никакви услови за игра. Ти ми викаш дека поважно е трофеи од играч, наброј ми ги сите години кога Вардар бил младински шампион ?
Дејан Манасков по потекло е од Велес, неговиот татко од млади години го има донесено во Металург. За Велес нема настапено на ниеден официјален натпревар, додека за Металург ги има поминато сите младински категории. Не разбирам како е играч на Пепи Манасков и како он го има направено играч. Додека за останати играч од Металург што излегле се Гоце Георгиевски и Столе Стоилов(нема да го ставам Чаневски дека ми побара ЛШ играчи.)

За тоа дека Фемили излегле од Комити вистина е, исто како и скоро сите останати навивачки групи од Скопје, но сите што се имаат оделено се заради паричка повеќе.
--- надополнето: 19 август 2013 во 07:19 ---
Ти си дошол на трибина па да видиш дека немало жив човек? Како си видел кога немало преноси? Или гледаш на гравчиња?

Дојди кај мене на кафе ќе ги видиш купените карти. Во Сеха не се плаќаше влез, освен со Металург и Загреб, што треба да значи тоа ако не сме платиле? Металург даваше гратис карти на свои пријатели и спонзори за најважниот натпревар против Вардар и салата(„шталата“ со други зборови, со една трибина) им беше полупразна ако не ги броиме мајките и браќата на играчите.
И дај ја изјавата на Самсоненко кај што го изјавува тоа, или пак не знаеш да читаш па изјавата: „Навивачите да не плаќаат карта за натпревари“ си ја помешал со тоа дека ги плаќале да доаѓаат.
Не знам ни зашто ти реплицирам, али децава што пратат ракомет на фб веруваат во секое напишано мислење, па така да мора да те демантирам.

Сум бил на два натпревари на Вардар во Кале, со Борац и Извигач. Салата беше празна, немаше никакво навивање и никаков интерес од навивачите на Вардар. Истото беше и со чешкиот тим Место, празна беше салата. Е кога дојде натпревар со Магдебург, тогаш магично интересот беше огромен.
Да, Металург ја направи најголемата глупост со гратисите и непуштање на карти за тој натпревар. Го земаа спортот од навивачите и го употребија за некоја поголема цел. Ама не заборавај дека Металург наплаќаше карта за сите натпревари (50 и 100 денари) и во сала имаше луѓе(ако беа мајки и браќа секоја чест големи фамилии имаат :) )

Еве ја и изјавата:
„Кои се тие навивачи што се борат за името?! Реално ФК Вардар има свои навивачи и машкиот ракометен клуб Вардар Про исто така има навивачи, но ние како ЖРК Вардар, за жал сега немаме навивачи. Но ќе се трудиме да ги имаме бидејќи навивачите му требаат на секој клуб. На почетокот на сезоната јас лично три пати контактирав со тие навивачи кои би требало да навиваат за нас и нив ги нема во сала. За мене вистински навивачи на еден клуб се оние што навиваат со срце, не што бараат нешто за да навиваат за клубот. Каде се тие навивачи да навиваат кога игра ЖРК Вардар во Прва лига? - вели Самсоненко за официјалната веб страница на ЖРК Вардар СЦБТ.

Сите знаеме кој навивачи беа ставени во оваа изјава и кој беа повикувани да навиваат за ЖРК Вардар.
 
Значи доаѓаме до муабетот дека сте дерби навивачи и сакате да го гледате Вардар само кога има добар натпревар. Ти ако ме убедуваш дека Вардар е бренд и традиција и не знам што, ќе идеш на секој натпревар и ќе го следиш, па и ќе платиш една симболична сума од 50 денари за да му помогнеш колку толку.
Јас не гледам навивачите на Металург да се удираат во гради и да викаат дека Металург е ова или она и дека сите натпревари ги посетуваат и др работи.
Сакав да ти објаснам дека и двата клуба се на исто ниво. Кога има интересни натпревари има публика кога нема добар натпревар, празна е салата. Не гледам разлика во тимовите тука или дека има нешто повеќе подршка.
Додека за Косово, колку што знам, им беше наредено од Маки и Столе (тренерот на Вардар) „играјте но не играјте“, таму беа за промоција на косовскиот ракомет и немаше никакви услови за игра. Ти ми викаш дека поважно е трофеи од играч, наброј ми ги сите години кога Вардар бил младински шампион ?
Дејан Манасков по потекло е од Велес, неговиот татко од млади години го има донесено во Металург. За Велес нема настапено на ниеден официјален натпревар, додека за Металург ги има поминато сите младински категории. Не разбирам како е играч на Пепи Манасков и како он го има направено играч. Додека за останати играч од Металург што излегле се Гоце Георгиевски и Столе Стоилов(нема да го ставам Чаневски дека ми побара ЛШ играчи.)

За тоа дека Фемили излегле од Комити вистина е, исто како и скоро сите останати навивачки групи од Скопје, но сите што се имаат оделено се заради паричка повеќе.

Вардар си е бренд и клуб со традиција сакал ти да признаеш или не. Тоа дека таква е публиката во државата пред се се должи на никаквиот квалитет на лигата. Доколку има квалитет ќе си има редовна публика. Ние Кале го наполнивме против металург, вие неможете ни аутокоманда да ја наполните со нас и тоа со дадени карти под рака, немате муда да ги пуштите во слободна продажба зашто се знае, ќе бидете гости во ваша сала. Тоа е разликата и е ОГРОМНА со оглед на тоа дека со тие ваши одлуки свесно правите антипромоција на спортот.

Не гледаш за навивачите на металург затоа што не постојат. Металург и на форумот го пратат претежно луге од други градови и тоа пред се оние кој се анти Вардар расположени. Ако не се квалификува во ЛШ никој од нив нема да се појави на обична утакмица макар тоа било и со Вардар.

Ај на Косово не се покажаа, ај на медеитеранските игри не се покажаа, ај во домашните првенства не се шампиони, мали биле, кажи ми ти мене каде се покажеле и изиграле нешто? Кванитет на тон, квалитет НУЛА. Оваа академијата уште колку години треба да ви дададеме да произведе некој? Георгиевски не е доволно добар за да игра ЛШ, може највеќе да биде резерва. Манасков е продукт на татко му затоа што он го бутка децата да тренираат повеќе и он им е пред се главен теренер или инспирација, како сакаш. Јасно ми е дека кај вас ги прошле сите категории ама тие исти тренери не произвеле ништо друго. Столе може е ваш јуниор ама никогаш не доби шанса така да џабе ти е и тој на листата. Најталентираните деца што ви се во подмладокот ги имате украдено дали од струга или од некое трето место. Може до утре да дискутираме, јасно е дека имате најогранизирана и најголема школа моментално, тоа не е спорно мегутоа квалитетот на кој сакаме и ние и вие да бидеме е 2-3 класи над она што го произведувате и вие и ние. Затоа и лино влечка третокласни хрвати и словенци, јасно му е дека со она што го има на располагање тешко би можел да се носи со Вардар или Европа. Доколку русинот не донесе квалитетни тренери од страна не само ракометни него и кондициски па и асални нутрионисти тешко дека и нашата школа многу ќе просперира. Разликата е што нашиот веќе има искуство бар за ова со тоа што долго време има тениски академии во Германија и Русија, ваљда ќе примени нешто од тоа и овде.

Пак ќе кажам во средина каде нема пари тешко е да се одвојува за слаба лига и притоа да се има адекватно навивање. Не заборавај нас ФК ВАРДАР ни е на прво место. Кореографии, пиротехника, гостувања кошта. Во ред еве клубовите помагаат ама пак дел е на наш грб. Добро е што полека се менува свеста кај сите па еве Фемили, Комити (ФК ВАРДАР) и ред други си плаќаа карти годиниве. Мило ми е што Самс ќе инсистира на тоа па макар било и симболична цена. Крајно време е да се створи навика да си плаќа секој влезница.
 
Ракомет во Скопје е само една од многуте забави што ги нуди градот. Дури и како спорт е на 3то место после фудбал и кошарака. Секој сака полна сала ама реално тоа тешко ќе биде сепак каде каде сме подобри во тој аспект од нив.
--- надополнето: 19 август 2013 во 04:00 ---

Ниту еден МАК клуб нема редовна публика. За жал таква нација сме што се палиме само кога има појак противник и кога има што да се види. Сепак реално гледано Вардар има повеќе публика и навивачи него металург и тоа без никаква реклама или продавање пуфки дека ете они се репрезентација, ребреднирање, менување на лога и слично.

Интересно е вака, кога некој од дијаспората ти кажува кој спорт е најпопуларен во Македонија :D Само што ракометот не е на трето место, туку на прво, потоа е кошарката, а дури потоа е фудбалот, како што стојат работите уште долго време ќе биде така.

Околу публиката, има еден кошаркарски клуб кој секој меч има бар 1.000 публика дома, и по 200-300 на гости, се вика МЗТ, кога ќе се направи салата во Аеродром, ќе има и по 4.000 по натпревар. Околу тоа колку е Вардар популарен пишува тука, за огромната поддршка од 100 гледачи колку што одат да го гледаат фудбалскиот шампион на Македонија. http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=19667 Морам да напоменам, се избрукаа и со Шалке, дали имаше 3-4.000. Џабе живеете во илузии, помина времето кога цело Скопје навиваше за Вардар, и не само што не им е гајле за Вардар, не им е гајле за ништо. Само некои вакви како тебе, еден на 10.000 ќе сече вени за тоа дали Вардар или Металург имале подолга историја, повеќе успеси. И едниот и другиот си имаат свои моменти и сите успеси се направени во последите две децении.
 
Точно е дека се игра за трофеи и дека други екипи ќе бидат вечно запишани како освојувачи на трофеите. Ама освојување на трофеи е многу различно од развој на играчи. Ако се жртвуваат трофеи во младинска конкуренција на сметка на развој на играчите, не сфаќам како е тоа лошо за македонскот ракомет како целина.

Поправете ме можеби грешам, но колку што знам Металург во младинските категории свесно игра со помлади играчи од потребното. Не сфаќам како заради тоа нивните играчи се полоши.

Кај се тие млади играчи? Загреб секој 2 години вади по 10 колку излегле од фалената школа на металург овие 10 години? Сегашниот тим што го имате освен Наумче и до некој степен Мојсо и Манасков пак во се ослонува на странци. Денот кога ќе извадите тим со 5 македонци во прва постава кој ќе ја носат играта и ќе го имате тој успех ОК, тогаш може веќе да збориме за некаква школа до тогаш џабе правиме муабет едноставно резултати нема сакал ти да признаеш или не.
--- надополнето: 19 август 2013 во 07:49 ---
Интересно е вака, кога некој од дијаспората ти кажува кој спорт е најпопуларен во Македонија :D Само што ракометот не е на трето место, туку на прво, потоа е кошарката, а дури потоа е фудбалот, како што стојат работите уште долго време ќе биде така.

Околу публиката, има еден кошаркарски клуб кој секој меч има бар 1.000 публика дома, и по 200-300 на гости, се вика МЗТ, кога ќе се направи салата во Аеродром, ќе има и по 4.000 по натпревар. Околу тоа колку е Вардар популарен пишува тука, за огромната поддршка од 100 гледачи колку што одат да го гледаат фудбалскиот шампион на Македонија. http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=19667 Морам да напоменам, се избрукаа и со Шалке, дали имаше 3-4.000. Џабе живеете во илузии, помина времето кога цело Скопје навиваше за Вардар, и не само што не им е гајле за Вардар, не им е гајле за ништо. Само некои вакви како тебе, еден на 10.000 ќе сече вени за тоа дали Вардар или Металург имале подолга историја, повеќе успеси. И едниот и другиот си имаат свои моменти и сите успеси се направени во последите две децении.

Во Македонија да, во Скопје не.

Да МЗТ има публика, АМА доволно е една асална утакмица ко со БАТЕ и ВАРДАР да има 35 000 колку што МЗТ нема да има цела сезона, значи пак зависи од квалитетот на лигата и утакмиците во глобала. Денот кога ќе се направи балканска лига ко во баскет е денот кога Вардар повторно ќе воскресне до тогаш ќе си биде вака.

Ако сум далеку не се секирај во СК сум доволно да знам што и како се случува, релативно често сум дома, јасно ми е како стојат работите.
 
Скопје, Македонија, исто е, ракометот е број еден спорт уште од 90-тите. Бате се случува еднаш на десет години, го попалија народот преку реклами и се посраа на терен.
 
Вардар си е бренд и клуб со традиција сакал ти да признаеш или не. Тоа дека таква е публиката во државата пред се се должи на никаквиот квалитет на лигата. Доколку има квалитет ќе си има редовна публика. Ние Кале го наполнивме против металург, вие неможете ни аутокоманда да ја наполните со нас и тоа со дадени карти под рака, немате муда да ги пуштите во слободна продажба зашто се знае, ќе бидете гости во ваша сала. Тоа е разликата и е ОГРОМНА со оглед на тоа дека со тие ваши одлуки свесно правите антипромоција на спортот.
Не гледаш за навивачите на металург затоа што не постојат. Металург и на форумот го пратат претежно луге од други градови и тоа пред се оние кој се анти Вардар расположени. Ако не се квалификува во ЛШ никој од нив нема да се појави на обична утакмица макар тоа било и со Вардар.
Ај на Косово не се покажаа, ај на медеитеранските игри не се покажаа, ај во домашните првенства не се шампиони, мали биле, кажи ми ти мене каде се покажеле и изиграле нешто? Кванитет на тон, квалитет НУЛА. Оваа академијата уште колку години треба да ви дададеме да произведе некој? Георгиевски не е доволно добар за да игра ЛШ, може највеќе да биде резерва. Манасков е продукт на татко му затоа што он го бутка децата да тренираат повеќе и он им е пред се главен теренер или инспирација, како сакаш. Јасно ми е дека кај вас ги прошле сите категории ама тие исти тренери не произвеле ништо друго. Столе може е ваш јуниор ама никогаш не доби шанса така да џабе ти е и тој на листата. Најталентираните деца што ви се во подмладокот ги имате украдено дали од струга или од некое трето место. Може до утре да дискутираме, јасно е дека имате најогранизирана и најголема школа моментално, тоа не е спорно мегутоа квалитетот на кој сакаме и ние и вие да бидеме е 2-3 класи над она што го произведувате и вие и ние. Затоа и лино влечка третокласни хрвати и словенци, јасно му е дека со она што го има на располагање тешко би можел да се носи со Вардар или Европа. Доколку русинот не донесе квалитетни тренери од страна не само ракометни него и кондициски па и асални нутрионисти тешко дека и нашата школа многу ќе просперира. Разликата е што нашиот веќе има искуство бар за ова со тоа што долго време има тениски академии во Германија и Русија, ваљда ќе примени нешто од тоа и овде.

Пак ќе кажам во средина каде нема пари тешко е да се одвојува за слаба лига и притоа да се има адекватно навивање. Не заборавај нас ФК ВАРДАР ни е на прво место. Кореографии, пиротехника, гостувања кошта. Во ред еве клубовите помагаат ама пак дел е на наш грб. Добро е што полека се менува свеста кај сите па еве Фемили, Комити (ФК ВАРДАР) и ред други си плаќаа карти годиниве. Мило ми е што Самс ќе инсистира на тоа па макар било и симболична цена. Крајно време е да се створи навика да си плаќа секој влезница.

ФК Вардар е бренд и традиција, РК Вардар не е. Или доколку е објасни ми зашто, баш сакам некој да ми каже која е таа традиција што ја има Вардар.
Дека Автокоманда не е полна кога игра со Вардар, грешка си, а тоа дека може да има повеќе навивачи на Вардар од Металург е поради тоа што има влезници во слободна продажба. И Вардар кога играл дома минатите сезони имало повеќе навивачи на Металург. Но сега тој тренд е сменето дека Михајло под рака им ги даваше на Комитите, не верувам дека некој од тие навивачи отишол и купил карта.
Косово, повторно ќе ти повторам дека беше наместен турнир и настапуваа само двајца играчи на Металург. На медитеранските игри прва постава беа, Ојлевски, Лазаров, Манасков, Георгиевски, Јовчевски, Стоилов и Даскаловски. (5 играчи од Вардар). Освен Стоилов јас друг играч не видов нешто да покаже. Додека во домашното првентство(Супер Лига) завршија на петто место, а во купот играа во полуфинале со Струмица Зомимак и загубија во еден рамноправен натпревар. Го победија Пелистер на домашен терен. Што треба повеќе од овие 17 годишни деца?
Гоце Георгиевски настапува на секој натпревар во ЛШ прва постава 60 мин, моментално е прва постава во репрезентација. Доволно ни кажува за неговиот квалитет.
Столе Стоилов, е продукт на школата на Металург, првите чекори таму ги почна. Првиот професионален договор таму му е. првата титула и првиот трансфер во странство. Од секогаш бил квалитет играч, поради тоа што бил проблематичен затоа и замина.
Пак не разбирам како Манасков играч на Металург го тера татко му да тренира и да не бил он немал да стане играч. Многу лоша констатација ти е ова.

Постојат навивачи на Металург, јас сум еден од нив, и тоа од мали нозе и кога клубот настапувал во прва лига. Тешко дека некој од Вардар може да го каже истото и дека се сеќава на неколку генерации играчи назад на Вардар.
 
Скопје, Македонија, исто е, ракометот е број еден спорт уште од 90-тите. Бате се случува еднаш на десет години, го попалија народот преку реклами и се посраа на терен.

Епа тоа е проблемот што се случува еднаш на 10 години. Како сакаш да има публика кога играш со селски екипи. Така е мање више со секој клуб во МКД. Едноставно нема квалитет било да е фудбал, ракомет или кошарка. Кога ке се средат спортовите еден по еден се ќе си дојде на место. Моментално кошаркава е најсредена со АБА лигата, се надевам за кусо време и СЕХА ќе дојде на исто ниво. Фудбал ќе фати уште 10тина години ама кога ќе се среди и тоа тогаш се ќе си дојде на свое место.

Во времето на бившата држава во Скопје а и секој друг голем град се форсирал фудбал и кошарка. Ракометот преднечел во помалите места затоа што во меторополите си имало други популарни спортови и доволно забава да неможело да функционира трет спорт на врвно ниво. Највеќе титули затоа биле освојувани од клубови од Бјеловар, Шабац, Бања Лука итн. Работите сега се малку сменети и ракометот е се поинтересен и покомерцијален ама доволно е да погледнеш кој што добива финансиски за да ти стане јасно до каде е спортот... Пред неколку месеци налетав на информации и ги приложив на една од темите, ракометниот европски шамион зима помалку од 500 000е, колку за илустрација Металург лани од ЕХФ заработи помалку од ФК Вардар што ќе добие од УЕФА за едно коло. Разликата е бог и шеширџија, кошараката ти е негде измеѓу...
--- надополнето: 19 август 2013 во 09:03 ---
ФК Вардар е бренд и традиција, РК Вардар не е. Или доколку е објасни ми зашто, баш сакам некој да ми каже која е таа традиција што ја има Вардар.
Дека Автокоманда не е полна кога игра со Вардар, грешка си, а тоа дека може да има повеќе навивачи на Вардар од Металург е поради тоа што има влезници во слободна продажба. И Вардар кога играл дома минатите сезони имало повеќе навивачи на Металург. Но сега тој тренд е сменето дека Михајло под рака им ги даваше на Комитите, не верувам дека некој од тие навивачи отишол и купил карта.
Косово, повторно ќе ти повторам дека беше наместен турнир и настапуваа само двајца играчи на Металург. На медитеранските игри прва постава беа, Ојлевски, Лазаров, Манасков, Георгиевски, Јовчевски, Стоилов и Даскаловски. (5 играчи од Вардар). Освен Стоилов јас друг играч не видов нешто да покаже. Додека во домашното првентство(Супер Лига) завршија на петто место, а во купот играа во полуфинале со Струмица Зомимак и загубија во еден рамноправен натпревар. Го победија Пелистер на домашен терен. Што треба повеќе од овие 17 годишни деца?
Гоце Георгиевски настапува на секој натпревар во ЛШ прва постава 60 мин, моментално е прва постава во репрезентација. Доволно ни кажува за неговиот квалитет.
Столе Стоилов, е продукт на школата на Металург, првите чекори таму ги почна. Првиот професионален договор таму му е. првата титула и првиот трансфер во странство. Од секогаш бил квалитет играч, поради тоа што бил проблематичен затоа и замина.
Пак не разбирам како Манасков играч на Металург го тера татко му да тренира и да не бил он немал да стане играч. Многу лоша констатација ти е ова.

Постојат навивачи на Металург, јас сум еден од нив, и тоа од мали нозе и кога клубот настапувал во прва лига. Тешко дека некој од Вардар може да го каже истото и дека се сеќава на неколку генерации играчи назад на Вардар.

ФК, РК и ред други помали клубови што го носат името, се е тоа дел од СД ВАРДАР. Некој со поголем рејтниг и репутација некој со помал ама се е тоа ВАРДАР. Ретко некој навива за ФК а не и за РК.

Се виде колку е полна Аутокоманда на последната утакмица со нас таму. За другово нема ни да коментирам, смешен си, со години назад немало карти за нас или ни се продавале 50-100тина за во Аутокоманда. Ајде во Борис да се играат сите ко што предлагавме ама вас не ви се иде надвор од шталата зашто знаете што ќе биде. Така да тишина бар не се брукај...

Косово бил наместен турнир, на медитеранските игри беше цел ваш подмладок немој сега да ми кажуваш прва постава, само Вардарци играа (даваа голови) остатокот се виде колку ги бива.

Гоце е тапа, извини ама не е на ниво за во ЛШ. Во наша постава би бил само замена и би игра 10тина минути, толку и вреди, тоа е она што пробувам да ти објаснам он е играч ко и другиве деца кој само може да пополни место. Манасков или Столе се веќе друга категорија.
 
Ти се повикаш на некое спортско друштво што не постои. Никогаш КК, РК, ОК и ФК Вардар не биле под една капа.
Што е тоа што РК Вардар го прави бренд, што има толку долга традиција ? Ве прашувам сите не разбирам што е до толку да пагаме во несвест.
Ти реков ФК Вардар е, РК Вардар не е.

Епа сеа си контрадикторен, велиш делеле карти под рака а сакаш да биде полна салата. Факт беше дека внатре неможеа да влезат навивачи на Металург кој сакаа да купат карта, поради таа лоша одлука. Голема грешка си дека немало карти за Вардар, секогаш имало во продажба и секогаш можел кој да купи, барем јас сум купувал. А тоа е вистина дека има размена по 50 карти. Колку даваат Металург на Вардар, толку и Вардар на Металург, тука нема ништо спорно, има реципроцитет. Факт е дека навивачите на Металург се повеќе фамилијарни луѓе кој сакаат да го следат Металург и уживаат во ракометот. Тоа со Вардар неможе да се добие дека друг вид на натпревари се. На последниот натпревар во Кале имаше 2 фамили со мали деца. Дојдоа неколку навивачи на Вардар и малтретираа повозразни луѓе со пцуење и викање „што барате тука ќе ве колиме“. На претпоследниот натпревар во Борис, поголема група на Комити се упатија кон трибината на Металург. Па кој би сакал да седи на таков натпревар. Јас веќе што ова го поминувам повеќе од 20 години, и сум изморен и сакам да седам да гледам ракомет, не да внимавам да не ме удрат со паричка или да не долета некој навивач на друг тим.

Не знам зашто упорно го спомнуваш Косово, кога таму немаше играчи на Металург, таа генерација беше предворена од Столе, третиот тренер на Вардар. На медитеранските видовме колку голови даваа Вардар затоа изгубивме од сите тимови. Ти напоменам, петто место во Супер Лига и полуфинале куп на Македонија. Мислам дека децата играа одлична сезона и се покажаа. Се друго што би кажал е за инает.

Пак ќе кажам Гоце е прва постава во тим што заврши 7 место во Европа и прва постава на репрезентација на Македонија, пак се друго што ќе се каже е за инает колку е добар или не.
 
Вардар не било СД? :facepalm:

Металург дели карти под рака бе ало... Неможеа да влезат оти преку глава ни е од тоа што го правите секоја година со картите, ајде по 50 карти ќе си дадеме (толку имате пубилка) а останатово НЕМА... Затоа и вака беше оваа година. Факт е дека карти за Аутокоманда никогаш нема за нас да си купиме, се делат под рака, затоа последнава утакмица салава ви беше полу празна.

Кој глупости ги напиша за фамилиите и децава ејј, па последниве 2 инцидента со вас вашите навијачи провоцираат, лани со шишиња ги гагавте играчите во шталата ете затоа ве мразам, измислувате глупости се со цел да си ја оправдате вашата беда и мизерија. Уживај нема што да разговараме повеќе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom