Фан клуб - РК Металург

Или мотивација дека мора да бидат уште подобри ако сакаат да играат ;). Нема ништо лошо во конкуренциј според мене...


Сепак се работи за деца од 17 години, побрзо би проработила љубомората отколку спортскиот дух. Но, сепак некој од овие ќе мора да испадни од игра во иднина. Ако од овие 7 излезат тројца солидни играчи тогаш мисијата е успешно завршена.
--- надополнето: 8 јули 2013 во 01:19 ---
07/07/2013 - kiki прашува: ."Jas imam zelba da go vidam Aginagalde na pikerska pozicija..."Одговор:
Ќе морате да ги гледате натпреварите на Атлетико Мадрид.
Сакам да му пуштам десница на тој шо му го одговорил прашањево :icon_lol:
 
mojsovski%20so%20rusite%20golema.jpg

Мојсовски за ЕКИПА: Веќе нема дилеми, останувам член на Металург!
Стеван Цаневски Прва лига
07.07.2013 19:36

Наумче Мојсовски нема да ги смени клупските бои, туку и во следната сезона ќе го носи дресот на Металург. Ова во изјава за ЕКИПА попладнево го соопшти самиот Мојсовски, со што и дефинитивно се става крај на шпеклулациите поврзани за неговата иднина. Во изминатиот период Мојсовски беше поврзуван со трансфер во лутиот ривал Вардар, разговори на оваа тема дефинитивно беа водени, но на крајот пресуди одлучноста на главниот спонзор Минчо Јорданов да го задржи македонскиот репрезентативец во „Автокоманда“.

Веќе нема никакви дилеми, и во следната сезона ќе го носам дресот на Металург. Точно е дека имаше интерес на неколку клубови за моите услуги, но Минчо Јорданов на последната средба јасно ми стави до знаење дека нема намера да даде зелено светло за мој трансфер. Тој директно ми кажа дека нема пари за кои би ме пуштил да одам во друг клуб, бидејќи целиот тим се гради околу мене уште од доаѓањето во Металург пред четири години. Тој додаде дека „проектот Металург“ не завршува, доколку тоа било случај би размислил да ми дозволи да заминам, но амбициите остануваат исти, максимално високи, па сите во клубот сериозно сметаат на мене. Искрено, ваквите комплименти од првиот човек на клубот ми годат, воедно тоа е човек што има сторено многу за мене во изминатиот период и токму поради тоа уште сега можам да соопштам дека останувам во Металург најмалку уште една година“ - изјави Наумче Мојсовски за ЕКИПА.

Останувањето на Мојсовски е одлична вест за сите фанови на Металург, кои сега погледите ќе ги насочат единствено кон Дарко Станиќ и неговото инсистирање на трансфер во друг клуб. Србинот делува решено да ги смени клупските бои, Металург не му го брани тоа, но бара отштета од преку 200.000 евра, па останува да се види дали ќе се најде клуб во Европа што ќе ја плати оваа сума за да го доведе Станиќ на својот гол.

http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=18662

Иако веќе се знаеше,сепак ова е официјално.
 
Уште чекаме на списокот на Борко...
 
Уште чекаме на списокот на Борко...

Излезе дека само серел.
Никој од македонските играчи не е избркан од Металург.Левов сам побарал раскинување на договорот,незадоволен од минутажата (договорот сеуште не му е раскинат).Стевче Алушовски и Левко Наумовски најавија дека си одат 2 недели пред "фамозниот список на Борко".

За сите други Македонци - потврдено е дека остануваат во Металург.
 
Ако се распадне Атлетико тогаш Агинагалде за пикер :)
--- надополнето: 9 јули 2013 во 00:28 ---
 
Ако се распадне Атлетико тогаш Агинагалде за пикер :)
--- надополнето: 9 јули 2013 во 00:28 ---

07/07/2013 - kiki прашува: ."Jas imam zelba da go vidam Aginagalde na pikerska pozicija..."Одговор:
Ќе морате да ги гледате натпреварите на Атлетико Мадрид.
 
07/07/2013 - kiki прашува: ."Jas imam zelba da go vidam Aginagalde na pikerska pozicija..."Одговор:
Ќе морате да ги гледате натпреварите на Атлетико Мадрид.

Знам, али немора ти одма филм да ми кршиш, се надевам и за Калман на лево крило :D
 
Миркуловски само одбрана да игра не ми се верува,а пак Мојсо да игра среден бек тоа уште повеќе нема шанса.Тука е Атман,кој сигурно го плаќаат доста а да биде само замена нема теоретски шанси.Атман е еден од најдобрите средни бекови,нема конкурент во тимов на таа позиција.
На лев бек се насукале како фоки многу играчи,голема конкуренција за не повеќе од 2 играчи на натпревар што би требало да играат.
Од никаква потреба го донесоа тој новиот русин.Од една страна викаат ќе фрлале во оган млади таленти,од друга страна им го стиснуваат местото на тие таленти.
Го имаш Мојсо кој игра лев бек(иако среден бек му е природна позиција),Пецаковски,Жедик,Нелоски,Талески и Маџовски а и понекогаш тука игра и Миркуловски кој ротираше со Мојсо.Го пренатрпа тимов Червар реално.

Овој ти е типичен одбранбен играч (Борјан) .. Го знам лично, и сум го гледал во Сеха има играно лани доста утакмици и 90% од времето што беше на терен играше одбрана, и тоа доста јако игра одбрана...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom