Фан клуб - РК Металург

Значи Кил го зема голманот кој беше избркан од Штербик во Барселона. Кил ќе си има проблеми на таа позиција оваа сезона по се изгледа.
Па не би рекол, Сјостранд е одличен голман. Последниот натпревар што го игравме против Шведска знам дека он беше еден од најзаслужните за тоа што изгубивме, а и од онака што сум го гледал.
 
Па не би рекол, Сјостранд е одличен голман. Последниот натпревар што го игравме против Шведска знам дека он беше еден од најзаслужните за тоа што изгубивме, а и од онака што сум го гледал.

Добар си е Сјостранд, не викам дека не го бива туку не е у групата на Штербик, Омејер, Шариќ, Станиќ, не е у таа група ниту Паличка затоа викам нема да му биде лесно на Кил. Може да им се деси нешто слично како на Атлетико Мадрид оваа сезона, иако подобри се овие голмани од Дал, ќе видиме.
 
Абе мрднатиов покажува со среден прст и на маицава му пишува АЦАБ? :pos:
DSC_0412_resize.jpg

--- надополнето: 4 јули 2013 во 20:03 ---


Уз дужна почит кон Брестовац, али он кажува дека тој е заслужен за тоа што Станиќ е врвен ракометен голман?
И шо да мисли некој сега за Левче?директор на тим од најдобрите 8 во Европа носи маица ACAB...на официјално потпишување договор со играч....:вонзем: браво бе Левче цар си....ајде по еден лајк сите за директорот HOOLIGAN....:drk:
Facebook-like.jpg
 
Замисли, Кире потпишува за Барса директорите излегуваат со маици АЦАБ :pos:
Ма ово нема ни у Београду! :pos:
 
Значи одма паднавте во несвест :D Таа маица му е од пиратите и очигледно не ни знае што му пишува :)
 
Има некој поим кој е овај? Демек е добар и е лев бек, ама сепак е 23 години и доаѓа од вториот тим на Чеховски Медведи.

Ваљда е овај со 8 на видеава
Код:
https://www.youtube.com/channel/UCtCi1MtT3l1JrE7fpTvHagg/videos
 
Има некој поим кој е овај? Демек е добар и е лев бек, ама сепак е 23 години и доаѓа од вториот тим на Чеховски Медведи.

Да де, вакви играчи само Металург зима, Вардар зима само докажани скапи од прва постава такозвани "играчишта" ;)
--- надополнето: 5 јули 2013 во 20:02 ---
 
Растворцев е млазен авион за овој бе :D
 
Петок, 05 Јули 2013 13:01

Од 14 до 17 август на ракометниот терен на „Женска плажа“ во Струга ќе се одржи традиционалниот турнир „Струга 2013“. Ова ќе биде 41.во издание на оваа ракометна манифестација.

struga-turnir-500.jpg

На турнирот ќе настапат: шампионот на Македонија Вардар, ланскиот победник на турнирот Металург, потоа француските екипи Иври и Версај, романскиот првак Констанца (тренер е Звонко Шундовски и игра репрезентативецот Бранислав Ангеловски) и белоруската екипа Мешков Брест.
Екипите ќе бидат поделени во две групи по три. Учеството го откажа повеќекратниот руски шампион Чеховски Медведи, а организаторот Струга ќе настапува во ревијални натпревари.
- За да се има подобри услови за од утре ќе стартуваат градежни работи на теренот, а во план е проширување и на капацитетот на трибините со изградба на уште една на јужната страна. Воедно наша цел е во Струга да играат екипи кои се или биле дел од Лигата на шампионите, истакна членот на Организациониот одбор Сашо Србиноски на денешната прес-конференција.
Термини за почеток на натпреварите се 19 часот и 20 часот и 45 минути.
Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски информираше дека во деновите на траење на турнирот ќе се одржи и Конференција на клубовите, потоа Собрание на РФМ, како и семинат на тренери и уште неколку активности поврзани со ракометот.

02.07.2013, 16:04
МОЈСОСКИ НАЕДНАШ СТАНА НЕПОЖЕЛЕН КАЈ ЛИНО ЧЕРВАР
Наумче: Потпишувавме договори како да сме Роналдо и Меси, а сега ме бркаат
81168E8190B3EB4CBE77B9A70915DE20.jpg
Наумче Мојсоски до крајот на неделата ќе го расчисти својот статус во Металург, откако, како што вели, нагло станал непожелен во идните планови на тренерот Лино Червар. Тоа е чуден и шокантен развој на настаните во редовите на ракометниот вицепрвак, кој пред само 40-ина дена потпиша четиригодишен договор со својот најдобар играч, но за петок има закажано нов состанок со спонзорот Минчо Јорданов, по кој би можел и да почне да си бара нов клуб.

- В петок, кога ќе се видам со спонзорот Минчо Јорданов, ќе знам на што сум. Пред неколку недели потпишувавме нови договори како да сме Кристијано Роналдо и Лео Меси, а сега слушам дека Лино веќе не ме сака во екипата. Ако тоа и лично ми биде соопштено, тогаш нема да имам друг избор, освен да си заминам од Металург - вели Мојсоски.

Вардар или странство, Наумче прво сака да го разреши својот статус во Металург, па потоа ќе носи следни одлуки. Како и во случајот со Дарко Станиќ, и тој тешко дека ќе може да си замине без шестцифрено обесштетување.
- Има понуди, но тоа засега е ставено во мирување - вели Наумче.
Само два и пол месеци по историскиот настап во четвртфиналето на Лигата на шампионите, Металург буквално се растури. Прво во јавноста излезе информацијата за фамозниот список за бркање на 12-мина играчи, кој очигледно ќе биде проширен и со Станиќ и Наумче.
- Клубот ги промени плановите и амбициите, а моите цели не се совпаѓаат со нив. Не гледам проблем и да ја продолжам кариерата во Вардар, кој има одличен тим - изјави Станиќ за "Спортски журнал". (Г.К.) Фото: Д. Перковски

http://www.vest.mk/?ItemID=3AD8FB009FBD9748B1F6D72EB7E67287
--- надополнето: 6 јули 2013 во 06:33 ---
07/05/2013 - s прашува: ."sto ke bide so naumce i stanic nisto ne kazuvate a veke podolgo vreme davate komentari naskoro kogaaa e toa tocno ???"Одговор:
Наумче Мојсовски дефинитивно останува во Металург. Станиќ, како што знаете, побара да замине.
http://www.rkmetalurg.mk/prashanja-i-odgovori/
 
Околу Мојсо...
"Sto bidna so pregovorite za Stanic i Mojsovski?"Одговор:
Наумче Мојсовски дефинитивно останува во Металург. Станиќ, како што знаете, побара да замине.
А за Станиќ најверојатно е точно дека има подобра понуда (а не дека односите се нарушени), ама па не се и доволно луди овие да го пуштат без добро обештетување. Дефинитивно Металург засега купи интересни играчи.
 
Во Атман и Пецако добија многу,топ играчи,за Атман да не прајме муабет,туку и за Пецако(ако добие шанса и ако остани здрав мислам дека ќе задоволи(овај Жедик ќе видиме шо калибар е(сигурно не е поголемо дрво од Козлина во напад)....ако најдат некоја замена за Вугринец ќе биди добро,ако не со Атман на десен..ол раунд играч е....
Ќе треба некој солиден пикер да си донесат,само со Марковски ништо не бива...
За голман нема да е толку страшно,Диви ако го задржат и е опоравен како треба ќе закрпи доста дупки,+Митревски+овај Аслањин ако го донесат....
Висок голман,можеби и премногу висок за голман(малку смешно делува на терен,го гледав на неколку утакмици на Спорт Клуб)...не толку подвижен и спретен ама можеби ќе можат да го изделкаат....еве шанса за Брестовац...:drk:
Како и да е,подобро нека го шутнат Станиќ со време отколку да го упропасти целиот тим,незадоволни играчи во тимот се темпирана бомба...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom