Фан клуб - РК Металург

2 тима ќе одат во Лш.Првото место им е загарантирано на Фуксе или Хамбург а за другото место ќе разигруваат Висла,Металург,Шегед и Монпеље.Не знам што те буни.:D
 
Овие се победливи екипи,само да не остане сега пак шундот во тим ради ова. :facepalm:

Сега треба да покажат дали вистина имаат јајца да ги стават децата или тоа било резултат на паника ради изгубената титула.

И пак ќе кажам сезонава подобро беше да се игра ЕХФ куп.
 
Може да се очекува финале против Монпеље. 50/50 ќе биде таа утакмица. Ептен добро ќе е, ако имаме два претставника во ЛШ (y)

Иначе има некои шпекулации за нови играчи? Ако ги отпуштат тие неколку играчи, бар да најдат подобри замени.
 
Може да се очекува финале против Монпеље. 50/50 ќе биде таа утакмица. Ептен добро ќе е, ако имаме два претставника во ЛШ (y)

Иначе има некои шпекулации за нови играчи? Ако ги отпуштат тие неколку играчи, бар да најдат подобри замени.

Засега Марковски и Пецаковски се дојдени (неофицијално)......мада сигурно пазарот беше/е поврзан со тоа дали ќе се игра следна година Л.Ш.

Инаку Пецаковски страшна сезона имал
 
Немало да им дадат вајл-карта, нда. коа ви викав сигурна е. :D И не само тоа, туку сериозни се шансите за пласман. Ниедна екипа не е заебанција од овие три, ама ниедне не е ни непобедлива.
 
Со среќа нека му е на Металург. Ова е екстремно ретка можност за Македонија да има 2 претставника во ЛШ. Подобро и не можеше да испадне. Хамбург ќе добие шанса на друг начин да стигне до ЛШ, па ќе останат оние поизедначени екипи да разигруваат. Интересно е што сите 4 екипи со соочуваат со одредени играчки и финансиски проблеми. Лесно може да се случи онаа екипа која најлесно ќе ги преброди да се пласира во групната фаза.

Пик Сегед е дефинитивно противник по мерка. Не е слаба екипа воопшто но ако се добро подготвени ова е дефинитивно екипа која Металург може да ја совлада.

Другото полуфинале е Висла Плок - Монпелје. Висла Плок колку што знам има одредени финансиски проблеми и дел од играчите им заминаа. И минатата сезона не играа во ЛШ мислам дека се веројатно најслаб од овие 4 екипи. Шанси имаат ама не верувам дека може да победат 2 утакмици. Монпелје од друга страна е веројатно првиот фаворит на турнирот. Ама и тие не се она што беа. ПСЖ ја презеде главната улога во Франција и не се знае што ќе се случи со Монпелје. Минатата сезона беа катастрофа, но имаа големи проблеми со скандалот со кладилниците. Силна екипа, но повторно екипа која може да се победи.

Мене ми се чини дека се ќе зависи од тоа каде ќе се игра турнирот. Дури би рекол дека, освен ако е Висла Плок домаќин, домаќинот има едно 70% шанса за да влезе во ЛШ.

После ова Червар и Минчо сериозно треба да размислат што ќе прават со екипата. Мислам дека ова не спречува да им се даде шанса на младите играчи да влезат во тимот. Две утакмици се во прашање и онака ќе ги одиграат главно со првата постава. Едино губитокот на Ракчевиќ и евентуално Велко Марковски тешко ќе биде да се надомести. Останатото што е важно е се уште во екипата. Пецаковски е сосема солидна замена за Додер и Козлина според мене.
 
Металург догодина нема да игра Лига на Шампиони. Тимот влезен е во голем ремонт и со раскинувањето на договорите на Додер, Козлина, Батиновиќ, Ракчевиќ, Велко и Јоноски не се надевајте џабе јас би рекол ни со Висла Плоцк немаат шанси ако треба да играат. Освен ако набрзина не се смени стратегијата поради групава ама не ми се верува ама баш ич. И се менува целосно сега уложувањето во екипата, сега ќе земат младинци и со нив Лино ќе тренира што е апсолутно за поздравување. Големи трансфери како оние на Вугринец, Марковиќ, Станиќ не треба да се очекува. Ама во сево ова има и добра работа а таа е што македонскиот ракомет за неколку години е можно да добие солидни играчи на бековската позиција во младинците Нелоски, Маџовски, Филиповски... Овие играчи ќе бидат новиот костур и логично е поради тоа што ЕХФ купот и СЕХА по се изгледа се догодина таргетите на Металург ќе бидат вистинско мерило за нив... Сега се знае Вардар е погонот и Металург е тотален аутсајдер во сите дуели меѓутоа Вардарци ќе се наполнат со странци па ќе видиме како ќе се одрази тоа врз Столе, Филип, крилата се надеваме дека нема да греат клупа. Ама затоа со тие играчи што ги носат и те како им се зголемуваат шанси од година в година да направат историски резултат во Лига на Шампиони и да бидат лесно доминанти во дуелите за титула. Али па генералниот проблем е што МОРА македонските првотимци да играат во силен клуб и да имаат минутажа. Инаку ќе пати репрезентацијата!
--- надополнето: 21 јуни 2013 во 14:25 ---
Може да се очекува финале против Монпеље. 50/50 ќе биде таа утакмица. Ептен добро ќе е, ако имаме два претставника во ЛШ (y)

Иначе има некои шпекулации за нови играчи? Ако ги отпуштат тие неколку играчи, бар да најдат подобри замени.


Финале со Монпеље со новиов состав (иако целосно е непознат) Металург не може ни на сон да игра. Пратете прво па после коментирајте, екипата е пола расформирана....
 
Финале со Монпеље со новиов состав (иако целосно е непознат) Металург не може ни на сон да игра. Пратете прво па после коментирајте, екипата е пола расформирана....

Mонлеље освен Омејер, Динарт и Карабуе немаат некои други квалитетни ракометар. Просечна возраст им е 33 години, носителите на игра им се по 36-38 години, а за нови квалитетни ракометари мало морген, дека имаат лимитиран буџет.
 
Mонлеље освен Омејер, Динарт и Карабуе немаат некои други квалитетни ракометар. Просечна возраст им е 33 години, носителите на игра им се по 36-38 години, а за нови квалитетни ракометари мало морген, дека имаат лимитиран буџет.


Јас ти гарантирам дека со овие откази Металург нема никакви шанси, и што е најбитно приоритетите сега како што стојат работите, и покрај добивањето на вајлд картата не им се да влезат во Лига на Шампиони. Ја сменија целосната стратегија како што знаеме со македонските младинци од нивната школа и дел од овие неколу што ги земаа и ќе ги земат (просечни играчи) да створат нова генерација за некое време од домашните играчи. Е сега круцијална грешка е отпуштањето на Јоноски и Марковски (има тука многу политики) со нив се губи целосно играта во одбрана и со новиве не очекувајте дека така лесно ќе поминуват со по 20-22 примени гола како на мечевите во ЛШ.
 
Ако земе Металург домаќинство и Червар тренира со децата што ги собрал цело лето по 12 часа на ден и има пријателска со јак тим секоја недела притоа противниците да не се појачаат со повеќе од еден,два играча од кој никој да не биде класа,би имале некакви шанси да победат на турнирот .Во спортивно шансите им се никакви.

Колку и да другите екипи се без пари и губат играчи ,сепак они имаат тимови кои ја поминале целата сезона заедно и играле заедно.Може се просеци и под-просеци али се просеци и под-просеци со искуство и воиграност.Металург има група деца со сомнителни квалитети кои не изиграле еден натпревар заедно,ниту пак натпревар против сериозен тим.Уште помалку натпревар кој е важен со сериозен тим пред публика со очекувања.

32 годишен што седел на клупа по просечни клубови и имал скромна минутажа,ќе стави
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom