Фан клуб - РК Металург

Го зедоја јуниор Батако ?
Се прашувам зошто Червар не почне да го зема Манасков мали во прв состав.Детето на последните 5 натпревари дава во просек по 8 гола на натпревар.Со оглед на тоа што игра против појаки тимови од Металург Јуниор,повеќе од јасно е дека детево има голем талент за ракомет.


ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ВО ШТИП
Објавено на : 09/12/2012 22:22
Текстот не е лекториран​
DSC_0185_resize21.jpg

Металург јуниор е поразен во Штип од екипата на Текстилец, а резултатот од средбата е 28:24 (13:12).
Тежок и крајно неизвесен натпревар одиграа ракометарите на Јуниор во Штип. Во најголем дел од средбата се играше гол за гол, а доказ за тоа се и четиринаесетте израмнувања на резултатот.
Во првиот дел двете екипи беа целосно рамноправни. На секој гол на Текстилец веднаш стигнуваше одговор од Металург јуниор. Беше 1:1, 2:2, 3:3, 4:4, 5:5, 7:7, 10:10, 11:11 и 12:12. Единственото наше водство се случи при резултат 7:8. Сепак, првиот дел заврши во корист на домашната екипа, 13.12.
Исто толку неизвесно беше и второто полувреме. Повторно се играше гол за гол, со многу израмнувања. Металург јуниор во средината од ова полувреме дојде до водство од два гола разлика, 16:18, но не успеа и да го зачува. Најлошо ја одигравме последната четвртина од средбата, во која примивме седум, а постигнавме само три гола.
Мора да се истакне дека средбата се одигра во исклучително ладна сала, каде што, низ лошо затворените прозорци, снегот вееше директно во салата. Можеби и тоа е една од причините за нашата просечна игра. Слаб ден имаа и нашите голмани, кои заедно имаа 4-5 одбрани.
РК Текстилец - РК Металург јуниор 28:24 (13:12)
РК Металург: Ивановски, Блажевски, Бошковски, Пешевски 1, Нелоски 3, И. Крстевски 1, Манасков 8, Матијашиќ 2, Маркудов, Палевски, Талески, Давитковски, Стојановски, Г. Крстевски 1, Маџовски 2 и Костески 6. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 4 минути.


http://www.rkmetalurg.mk/storija/3377
 
НЕВРЕМЕТО И ЛОШИТЕ АВИОНСКИ ВРСКИ ЈА ПРЕКИНАА ТУРНЕЈАТА НА МЕТАЛУРГ.

Објавено на : 10/12/2012 16:38
Текстот не е лекториран
ljambe_magareto43.jpg
Поради лошото време во Белград, летот за Виена доцнеше половина час, доволно за да се испушти авионот за Минск. Иако при полетувањето од Белград австрискиот авиопревозник ветуваше дека авионот во Виена (сопственост на истиот авиопревозник) ќе ги чека патниците, меѓу кои и ракометарите на Металург, тоа не се случи. Металург, не по своја вина, остана заглавен на виенскиот аеродром. Вечерниот лет за Минск е исполнет, а утрешниот не одговара, бидејќи со него Металург би стигнал во Брест на неколку часа пред натпреварот.
Во таква ситуација Металург ги почна преговорите со нашите спортски пријатели од Белорусија и со раководството на СЕХА-лигата. Мораме да истакнеме дека наидовме на целосно разбирање кај раководството на Брест Мешков и кај комесарот на СЕХА-лигата, Марјан Начевски. Натпреварот е одложен, а новиот термин ќе го одреди клубот од Белорусија, најверојатно некаде во февруари.
За жал, исполнети се и авионите кон Скопје. Поради бројноста на екипата нема места за вечерашниот лет, ниту пак за оној што лета утре попладне. Затоа, ракометарите на Металург се присилени да ноќеваат во Виена, а кон Скопје ќе летнат утревечер, со летот во 22 часот.
Без да сакаме, натпреварот со Нексе излезе дека е нашиот последен официјален натпревар во 2012 година. http://www.rkmetalurg.mk/storija/3381
 
Сите да учат од нив: РК Металург годината на триумфи ја испрати во Триумфалната порта
Убедливо најуспешен спортски колектив во Македонија, достоен репрезент на нашиот ракомет во Европа, учесник во Лигата на шампионите. Веќе препознатлив ракометен бренд не само во нашата држава, туку и во европски рамки. Во таков стил, РК Металург го организираше и предновогодишниот коктел. Годината што беше исполнета со многу триумфи, со шампионска титула во Македонија, но и со одлични настапи во Лигата на шампионите, ја испрати со коктел организиран во Триумфалната порта.

Најзаслужни за успесите се секако ракометарите, но и стручниот штаб предводен од хрватскиот стратег Лино Червар, а сето тоа финансиски овозможено од спонзорот Минчо Јорданов и раководството на Металург, со кое претседателствува Ристо Чокрев.

Велат, тоа е веќе воиграна и добитна комбинација, која секоја година се надградува, а за идната плановите се уште поголеми, да се направи чекор напред и во Лигата на шампионите.
triumfalna%201%20golema.jpg

triumfalna%202%20golema.jpg

triumfalna%206%20golema.jpg

triumfalna%207%20golema.jpg

triumfalna%209%20golema.jpg

triumfalna%2012%20golema.jpg

(y)
 
Од кај го има Минчо џемперчето земено, сакам баба ми да ми сплете едно вакво за новогодишен амбиент спие
 
Ново засилување за Металург во пресрет на вториот дел од сезоната. И тоа лев бек е сега ќе имаат и тоа како свежина и голема клупа ако се земе предвид дека се работи за висок и снажен шутер.

http://www.rkmetalurg.mk/storija/3415
 
Па тоа бе ! Треба млади таленти да се земаат,плус сигурно ќе послужи,слабо бекови за резерва има Металург,само Козлина. Добро е. (y)
 
Па тоа бе ! Треба млади таленти да се земаат,плус сигурно ќе послужи,слабо бекови за резерва има Металург,само Козлина. Добро е. (y)
Како не ви е срам ... зар нема некое талентирано дете од македонија :sick:
 
Дејан Манасков го продолжил договорот на уште две години, а неговиот две години помал брат Мартин, кој игра како лев бек, потпишал 4-годишен договор.
 
ау ау ау мерак ! Браво за Лино се покажа како голем човек и почитувач на Македонија.

Тоа е тоа бе,Металург е ВРВ во Македонскиот ракомет,плус му го продолжија договорот на Манасков и најавија дека публиката насоро ќе запознае нови талени од нивната школа,одлично !
 

Лино Червар од денес стана македонски државјанин


“ За мене е голема чест и гордост што сум државјанин на Македонија. Тоа е големо признание за мене, но и за нашиот клуб. Тоа е и обврска да работиме уште подобро и да ги промовираме македонската култура, македонската гордост и македонското достоинство секаде во светот. Од денеска се осеќам како рамноправен граѓанин на Македонија и чуствувам лична обврска да работам уште повеќе и уште подобро“.

471494_510307305666793_1529816627_o.jpg


Секоја му чест на Лино за се што направи за развој на Македонскиот ракомет ! :cuc::cuc:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom