Pelister 2008
Ветеран
- Член од
- 28 ноември 2010
- Мислења
- 1.056
- Поени од реакции
- 598
Го зедоја јуниор Батако ?
Се прашувам зошто Червар не почне да го зема Манасков мали во прв состав.Детето на последните 5 натпревари дава во просек по 8 гола на натпревар.Со оглед на тоа што игра против појаки тимови од Металург Јуниор,повеќе од јасно е дека детево има голем талент за ракомет.
ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ ЈУНИОР ВО ШТИП
Објавено на : 09/12/2012 22:22
Текстот не е лекториран![]()
Металург јуниор е поразен во Штип од екипата на Текстилец, а резултатот од средбата е 28:24 (13:12).
Тежок и крајно неизвесен натпревар одиграа ракометарите на Јуниор во Штип. Во најголем дел од средбата се играше гол за гол, а доказ за тоа се и четиринаесетте израмнувања на резултатот.
Во првиот дел двете екипи беа целосно рамноправни. На секој гол на Текстилец веднаш стигнуваше одговор од Металург јуниор. Беше 1:1, 2:2, 3:3, 4:4, 5:5, 7:7, 10:10, 11:11 и 12:12. Единственото наше водство се случи при резултат 7:8. Сепак, првиот дел заврши во корист на домашната екипа, 13.12.
Исто толку неизвесно беше и второто полувреме. Повторно се играше гол за гол, со многу израмнувања. Металург јуниор во средината од ова полувреме дојде до водство од два гола разлика, 16:18, но не успеа и да го зачува. Најлошо ја одигравме последната четвртина од средбата, во која примивме седум, а постигнавме само три гола.
Мора да се истакне дека средбата се одигра во исклучително ладна сала, каде што, низ лошо затворените прозорци, снегот вееше директно во салата. Можеби и тоа е една од причините за нашата просечна игра. Слаб ден имаа и нашите голмани, кои заедно имаа 4-5 одбрани.
РК Текстилец - РК Металург јуниор 28:24 (13:12)
РК Металург: Ивановски, Блажевски, Бошковски, Пешевски 1, Нелоски 3, И. Крстевски 1, Манасков 8, Матијашиќ 2, Маркудов, Палевски, Талески, Давитковски, Стојановски, Г. Крстевски 1, Маџовски 2 и Костески 6. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 4 минути.
http://www.rkmetalurg.mk/storija/3377