Фан клуб - РК Металург

Па углавном они него го ребраат,не само хрвати сите на форумот......али знаеше и он јако да истрола.
Иначе не му постојат веќе постовите,кога го банираат се му бришат што напишал.30 пати баниран трајно,со 30 различни никови се враќа :icon_mrgr:

Да ама го има и на друг форум, каде е присутен со ник МКД :vozbud:
 
Не знам што толку се буните за навивањето, денес бев во сала и супер беше. А за коментаторите и спикерот во сала ако толку ви сметаат па исклучете го тонот или сменете канал.:) Иначе кога се вратив дома од Борис пуштив на ТВ да ја видам утакмицата и можев да приметам дека на ТВ не беше ни одблиску доловена еуфоријата и навивањето, веројатно затоа што зукот од салата беше намален, а појачан оној на коментаторите. А за тим како Металург нема што многу да се збори, играчите се супер воиграни, и мислам дека и Киелце ќе падне во Скопје. За Станиќ и Вугринец мислам дека се најдоброто нешто што го имал било кој тим во Македонија, со каква леснотија играат тоа е чудо, дефинитивно не се од оваа планета:D. Само така нека продолжи Металург и далеку ќе стигнат годинава.
 
Абе читам коментари немало навивање. Во сала и на кауч не е исто. Секоја утакмица тоа се коментира тука. Не само што има луда атмосфера под која фаќаат нашите ритам туку оваа атмосфера е веројатно и најбучна во цела Лига на Шампиони. И супер што конечно салата е испоонета.
Околу играта денес во прво се измешаа играчите пред се во одбрана, ама среќа во второ фативме ритам. Со ваков ритам Металург покажува дека да му се земат бодови противнициве ќе може многу да слават што е факт. Вугринец и Мојсо денес ја решија во напад работата, Станич стандард ѕвер, само мора посилна одбрана тоа е играта што го красеше и лани овој тим само сега со поголем ростер.
И дс не се заборави дека денес Јоноски и Марковски не играа што само кажува колку Металург напредна од лани.

Пс Лино убаво вика ех да сум играч да заиграм пред ваква публика. :D
 
Не дека хејтаме туку кажуваме реално како е, и самиот си свесен дека немаше никакво навивање. И те гледам дека си верен фан на Металург, само не ми е јасно зашто никогаш не одиш на утакмици на Металург.

Што тропате бе???
Немало навивање.Незнам како звучело на Тв но внатре во салата беше лудница.После ланскиот натпревар со Загреб немало пожестоко навивање од ова.И за песната Излези момче читам погоре кењаат,а уствари песната се пееше само 2 пати во цел натпревар.Погледнете ги емоциите на Вугринец после огромната поддршка од трибините.И за Пиратите свака част,момците иако се 100 тина души грми цела сала кога ќе викнат во еден глас - НИЕ СМЕ СО ВАС !!!

Позз хејтери и нека ни е честито победава. :D
 
Што тропате бе???
Немало навивање.Незнам како звучело на Тв но внатре во салата беше лудница.После ланскиот натпревар со Загреб немало пожестоко навивање од ова.И за песната Излези момче читам погоре кењаат,а уствари песната се пееше само 2 пати во цел натпревар.Погледнете ги емоциите на Вугринец после огромната поддршка од трибините.И за Пиратите свака част,момците иако се 100 тина души грми цела сала кога ќе викнат во еден глас - НИЕ СМЕ СО ВАС !!!

Позз хејтери и нека ни е честито победава. :D
На тв не се слушаше навивањето беше намален звукот за да појасно се слуша коментаторот затоа зборат така.
 
Леле ама ми го потече Видески со „атмосферата“ и овој шо се дере „Излези момче“ на микрофон. И овие Пирати па ебате, викни малку, крени атмосфера...

Вугринец ебате старото дртало... :cuc:

Не се слушаа Пирати пошто беа 300 души а салата беше препуна и кај ќе се слушнат покрај 7 илјади други....
 
Пирати беа околу 100тина души и тешко можеа да се слушнат на тв екраните од причина што намален беше звукот (ние што бевме в сала знаеме каква беше атмосферата) и од причина што главниот спикер се јавуваше на секој напад и одбрана такашто обичната публика со скандирање и извикување уааа ги неутрализираа пиратите пошо соодносот е огромен...
 
Што си вика сега Маркович?:D
За навивањето. Па кога ќе сфатат навивачките групи дека сме мала земја и дека за успехот на било кој македонски клуб во било кој спорт треба сите заедно да се радуваат и заедно да придонесат за тоа. Имаме потенцијал на спортски план, но навивачките групи треба еднаш да се обединат, а не да се разединуваат, затоа што навивачите се играчот плус на еден спортски натпревар (па посебно на фудбал, кошарка или ракомет). Имаме навивачи. Замислете кога сите би се обединеле на еден натпревар од клубски карактер.
 
Добро е што Марковиќ го заменија со Вугринец, овој многу подобар е.

Лошото е што Ренато само оваа сезона ќе игра и после мислам дека во пензија ќе иде.. Човекот има 37 години...
 
Лошото е што Ренато само оваа сезона ќе игра и после мислам дека во пензија ќе иде.. Човекот има 37 години...
Може ќе го убедат да остане уште некој сезона и Олафур Стефансон играше еве скоро до 40 и тоа не само што играше туку беше и меѓу најдобрите десни бекови. Ренато и на 47 подобро ќе игра од Марковиќ.
 
Червар: Ех, да сум играч да заиграм пред оваа публика

Тренерот на Металург Лино Червар беше презадоволен од победата над Санкт Петербург, но и од фантастичната атмосфера во салата „Борис Трајковски“.

Тренерот на Металург Лино Червар има причини да биде презадоволен. Неговиот тим ја забележа четвртата победа од исто толку натпревари во Лигата на шампионите и воедно е на добар пат да обезбеди пласман во Топ 16 фазата.
-Пресреќен сум, остваривме четири од четири, а тоа е остварување на сонот пред почетокот на новата сезона во ЛШ. Уште не е готово, но сега сме поблиску до Топ 16. Навивачите се прекрасни, атмосферата е неверојатна, жалам што не сум активен играч па да заиграм пред оваа публика, вели Лино Червар по вечерашната пресметка со рускиот тим.
Следниот натпревар од Лигата на шампионите, македонскиот првак повторно го игра на домашен терен и тоа против Киелце што ќе биде директна пресметка за првото место. Овој натпревар ќе се одигра по речиси едномесечна пауза поради настап на македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство


Не чинела публиката,вас не ви чинат мозоците истрипани,http://www.kurir.mk/sport/rakomet/88952-Cervar-Eh-da-sum-igrac-da-zaigram-pred-ovaa-publika
 
Само едно ќе кажам, БРАВО!!! :cuc::cuc::cuc:
Излишни се коментари.
П.с. Следната утакмица ја играме 2013 или има уште некој натпревар во 2012?
 
Само едно ќе кажам, БРАВО!!! :cuc::cuc::cuc:
Излишни се коментари.
П.с. Следната утакмица ја играме 2013 или има уште некој натпревар во 2012?
Во ноември дома против Киелце :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom