Па треба да игра Георгиевски,зошто Козла кутриот на 30и кусур години и еден куп утакмици зад себе
СЕУШТЕ НЕ НАУЧИ ДЕКА ПРИ СКОК ПРВО ТРЕБА ДА СЕ ИСФРЛИ ТОПКАТА ПА ПОСЛЕ ДА ПАДНИ НА ПАРКЕТ....
Па јас да сум судија ќе го убијам од престапи судење,едноставно еден гол нема дадено како треба...дрво.......
Гоце е класика за него,дечкото има брзина,елеганција во движењето,се гледа дека доста е напреднат,посебно го следев при фаќањето на топките,кога му ги фрлаа во контри,како само лесно прифаќа било каква топка шо му се упатува ја прифаќа,како во амерички фудбал

...израснува дечкото во врвно крило,иако не е многу млад како Манасков,сепак има блескава иднина пред него...
Манасков,изгледа Лино доста работел со него,пред се околу тие контри,нема повеќе глупирања,нема повеќе некои луди удари,едноставно класично
ЗАКУЦАВАЊЕ,без многу мислење....
Плус му дава целосна минутажа,со ова се здобива со поголема самодоверба.....
Ако продолжат вака овие двајца ќе биди одлично,не само за Металург туку и за репката....
Денес како шо очекував,победи колективот,победи одбраната,победи тимот шо во своите редови го има еден Станиќ(а богами и Диви),Мојсо...
+кога тимот ќе изигра перфектна одбрана,лесно е на контри да го толчиш противникот....

Се опуштија малку(не смеат да си дозволат)....иначе Горење немаше да се докопа ни до 20 гола...
Не се залажувајте,Горење е далеку од наивен тим,ќе видите во Словенија како играат...
Денес немаа шанса,едноставно Металург ја уби нивната брза игра,ги откажа во целост и беа приморани така да играат....
Овде Металург е најсилен....во наметнување свој стил на игра....(нормално ова важи за тимовите со просечен квалитет, во ЛШ...сеуште Металург не кутнал некој тим од топ класата,Загреб веќе неколку години не е во ВИП друштвото,ако продолжат вака ништо чудно да тепаат некој класа тим)....
Сега следува гостување во Данска....против Силкеборг....
Данците се голема енигма,не се врвно ниво,ова е сигурно...ама Данец си е Данец,едноставно тие го измсилија ракометот...

Ќе видиме утре како ќе се пкажат со Шамбери дома,да видиме колку се кадарни на домашен терен....
Ако игра вака Металург има реални шанси за победа во Данска...