Не е дека не вреди,Лино има големо знаење,неоспорно е ова,голем тактичар,ама во последно време се успа некако...секако парите шо ги зема во една ваква лига не се реални....за вчерашниот пораз директен виновник е тој.....
Селекцијата на играчи шо ја направи беше ептен чудна......би рекол и непотребна...со 90% од играчите кои немаат способност да решат меч кога од нив тоа се бара....
Помина времето кога играа само 8,9 играчи,сега ако сакаш да држиш ритам со европските екипи треба да го прифатиш нивниот стил на игра....
Со ракомет без ротација,без добро компонирана екипа,пред се во напад тешко ќе има константен успех.....
Треба двајца врвни бека,лев и десен,Мојсо да си се врати на старата добра позиција....ете сега и Додер ќе биди тука,ќе има помош.....
За крила да не прајме муабет,и Манасков и Гоцката се далеку од врвен квалитет,освен во контри и чат пат при вишок со играч плус речиси и да не беа користени цела сезона....е па без игра преку крила нема јак напад,не можи бековите да даваат 30 гола по меч....
Металург во моментот има многу небалансиаран тим,пред се за ротација во напад....
Козлина кога игра,кога не,повеќе е второто.....не е ни чудо зошто дечкото и во Цеље во оние златни години играше пред се во одбрана(кога беше Рутенка во Цеље),после си замина Рутенка,дојде Харбок,па пак беше втора,трета опција во напад,влегуваше чат пат во напад...но претежно тој е дефанзивец,исто и во Гепинген.......не е врвна класа лев бек...бавен е,нема финта,има само шут,а против побрза и подвижна одбрана се губи тотално...
За одбрана брка неверојатно голема работа....
За Јоноски се е кажано...
Левов со 185 см ќе биди замена за Марковиќ?

Батиновиќ беше добар,ама дојде повреден и џабе парите за него...
Миркуловски е голем борец,ама не е играч кој би пробил агресивна одбрана....
Голем хендикеп за Металург беше повредата на Ракчевиќ,откако се повреди тој играта ја изгуби таа физиономија,Мојсо немаше толку блокови како порано,немаше проигрување до пикер,целата одбрана се насочи кон бековите,пикерот беше отсечен и затоа празните минути.....
И ова е нападот на Металург,се виде и вчера...недостига брзина во напад,комбинаторика.....
Со парите шо ги има/ше на располагање Лино можеше и мораше да одбери подобра комбинација на играчи....
Со малку подобра екипа,Металург во една ваква група во каква шо беше оваа сезона ќе беше сигурно пред Копер,и ќе имаше шо да кажи против Загреб,впрочем се виде дека сосема малку фалеше да го отпаднат Загреб....
Ќе видиме како ќе пазарат летово.....но треба една голема реформа во екипата.пред се во напад....