Фан клуб - РК Металург

Така се гради озбилно тим. Браво за Металург, ајде сега уште 2-3 посериозни засилувања.
 
http://www.rkmetalurg.mk/storija/2206
ЛЕСНОТИЈА ВО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕТО. ЗА ЖАЛ,СТАНИЌ СЕ УШТЕ E РАКОМЕТАР НА ГЕПИНГЕН

Металург како клуб ја чуствува и ја сфаќа желбата на нашата јавност да се задржи голман и човек од калибарот на Дарко Станиќ. Истата желба ја делиме и ние. Меѓутоа, загрижува фактот дека некој од тоа сака да профитира на штета на Металург и си поигрува со чуствата на илјадници наши фанови. Дали се работи за желба да се стекне одреден број нови читатели или пак се работи за нешто од лична природа, не знаеме, но новинарот на Дневник, Горан Антевски, излезе со статија чиј наслов е - “Станиќ останува во Автокоманда“, во која наведува дека српскиот интернационалец за отштета од 200.000 Евра останува уште две години во Металург.
Кога веста би била вистинита ние со задоволство би ја објавиле и самите, меѓутоа, овде се работи за целосна дезинформација која веројатно ќе разжалости голем број наши симпатизери и фанови на Станиќ. Ниту преговараме за рок од две години ниту сме спремни да платиме 200.000 Евра. Не спориме околу правото на секој медиум да објавува свои информации, но во овој случај, намерно или ненамерно, се работи за чиста дезинформација која ќе ги погоди чуствата на многу луѓе.
Вистината е следна.
Металург подолго време макотрпно преговара околу трансферот на Дарко Станиќ. Секако дека ќе платиме извесна отштета, но таа е неколку пати помала од споменатата сума. И токму тука и во овој чуствителен момент кога преговорите најпосле тргнаа во позитивна насока, еден македонски медиум и еден македонски новинар со спомнување на произволни рокови и превисоки суми можат да им наштетат на интересите на Металург, македонскиот ракометен шампион.
На крај, ги советуваме сите на кои им значи нашиот клуб во иднина информациите од овој тип да ги бараат таму каде е тоа природно, на официјалниот сајт на Металург. Ве уверуваме дека никој нема да ја има информацијата за судбината на Станиќ пред нашиот сајт, апсолутно никој. Знаејки ја нестрпливоста на нашата јавност врзана токму за случајот на Дарко Станиќ, Ве уверуваме дека ќе ја објавиме веста во ист оној момент кога ќе се знае крајниот исход.



:icon_lol:
--- надополнето: 12 мај 2012 во 11:49 ---
Хахаха тројца во иста секунда постиравме :pos:
 
Врска неам, за Металург ме интересира. Нешто што у континуитет се случува последниве неколку сезони.
Па ја не глеам проблемот да е во Металург, ги укривувам тие од Вардар Про.
Овие првите си имаат средства си пазаруваат, и неможи тоа никој да им го забрани. Вардар кога глеа дека играчите одат во Металург, треба нешто да превземи.
Еден ден и тоа ќе заврши.
 
Па ја не глеам проблемот да е во Металург, ги укривувам тие од Вардар Про.
Овие првите си имаат средства си пазаруваат, и неможи тоа никој да им го забрани. Вардар кога глеа дека играчите одат во Металург, треба нешто да превземи.
Еден ден и тоа ќе заврши.

Работата е што сме сведоци на тоа како се користат тие играчи кои ќе ги испазарат со средствата кои ги имаат. И у секој случај не е воопшто добро за македонскиот ракомет и репрезентацијата.
Тоа е тоа што мене ми ствара револт и негодување.
Не оставање на простор да се увиди вистинскиот квалитет на играчите и стопирање на нивниот понатамошен развој.
Дали немаат доволно квалитетен тренерски кадар или што е работата, стварно не знам.
 
Па ја не глеам проблемот да е во Металург, ги укривувам тие од Вардар Про.
Овие првите си имаат средства си пазаруваат, и неможи тоа никој да им го забрани. Вардар кога глеа дека играчите одат во Металург, треба нешто да превземи.
Еден ден и тоа ќе заврши.
А што може Вардар да превземе ? Очигледно е дека Михајло не е толку глуп за да фрла ненормални пари за играчи. Михајло може троши ама тие играчи што ги плаќа скоро сите играат. А што е со тие на Минчо, најголем дел греат клупа или па ни тоа не прават. Може ги зима за у публика да ги стаи, да може да ја напуни тоа шталата у Автокоманда.... Не е уште официјално излеа, ама ако е вистина преминувањето на Додер у Металург незнам што збор да употребам за да ја отсликам неписменоста и нелогичноста на тој потег. .... :tapp:
 
Ослабнување на Вардар кое го прави Металург ама да се почека нивниот потег колку ќе бидат спремни за ново засилување.
 
Стварно е глупаво купувањето на Додер (доколку е точно, се разбира)... моментално имаат двајца подобри играчи од него на истата позиција. И овој Червар не знае што прави, ова ти е како Баерн да ја купува цела Борусија Дортмунд, онака, за да играат во вториот тим на Баерн.
 
Јас да сум на местото на михајло и да имам пари сега би вложил во пелистер, ако треба све странци ќе купам само да го откинат на металург. Па да видат дали ќе зимаат бодови во битола. Нормало и вардар да биде квалитетен ама да има вистинско дерби вардар - пелистер а не ова вештачко што напривија со пари и со судии освоени титули.
 
Јас да сум на местото на михајло и да имам пари сега би вложил во пелистер, ако треба све странци ќе купам само да го откинат на металург. Па да видат дали ќе зимаат бодови во битола. Нормало и вардар да биде квалитетен ама да има вистинско дерби вардар - пелистер а не ова вештачко што напривија со пари и со судии освоени титули.
Зошто вештачко дерби?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom