Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Селекторот на Хрватска, Лино Червар, денеска во Скопје беше претставен како нов тренер на нашиот ракометен куп освојувач Металург.
Спонзорот на клубот, Минчо Јорданов и трофејниот стручњак на денешната средба со новинарите истакнаа дека во преговорите дошло до совпаѓање на концептите, по што, иако немал во план, Червар ја прифатил понудата.
Трофејниот тренер со Хрватска има пет финалиња на големите натпреварувања и златни медали од светско првенство и олимписки игри, единствено му недостасува златен медал од европско првенство.
Негова интенција во текот на наредните две години ќе биде максимален прогрес на ракометарите од младинскиот погон на Металург, но и од клубовите во другите ракометни центри од Македонија.
Со денешниот прв тренинг ќе биде направена анализа на состојбата на клубот од Автокоманда, а целта е јасна, враќање на шампионскиот пехар и одбрана на Купот на Македонија.
За Европа планот е влез во четворката на Купот на победници на купови што би значело и најдобар европски резултат за Металург. Червар напомена дека досега има одлични контакти со Македонија и дека под негова палка во Загреб работел најдобриот стрелец на светските првенства Кирил Лазаров.
Червар: Ќе дадам се од себе
„Ќе дадам се од себе и ќе се обидам да го пренесам и на играчите и на младите тренери ракометот како што го гледам јас. Наша должност не е само да создадеме играчи туку и луѓе, ќе се потрудам Металург да добие свој имиџ“, изјави новиот тренер на Металург, Лино Червар.
„Колку и да сум имал успеси се уште сум гладен за нив и секако дека би сакал и во Македонија да направам успех и со Металург тоа е јасно. Но, мора да го видам тимот да изанализирам малку да создадеме цврст темел за во овие две години Металург да направи чекор напред“, вели хрватскиот стратег, Лино Червар.
„Ќе бидам многу среќен ако прочитам некаде - „Лино ги исполни очекувањата““, додава Червар.
Не му ја секирај. Ке биде нешто мислам дека ига Металург во КПК, и верувам дека ке направиме нешто. Вардар ослабнее и го нема сега и левио бек, мора да ги победиме во автокоманда. Само концентрација и добар ден, готови се Вардар.Сега со толку многу засилувања срамота е да не влезе Металург во ЛШ![]()
Кога играат Вардар и Металург, и кога почнуваат Металург со настапите во КПК ?
Е па скрши рака кога како мајмун цело време скокаше покрај аут-линија! Се дере на судиите, се дере на контролорот, копилето мисли дека го измислил ракометот па дојде тука да не научи да играме!Нека ви е честито на победата. :smir:
Туку како бе Лино скршил рака?