Фан клуб - РК Металург

Преостанува мотивацијата и победничкиот дух кај играчите и не ни бега најдоброто. Финале во КПК.
 
Треба повеќе вести, многу повеќе вести на темиве

Лино Червар нов тренер на Металург

Селекторот на Хрватска, Лино Червар, денеска во Скопје беше претставен како нов тренер на нашиот ракометен куп освојувач Металург.

Спонзорот на клубот, Минчо Јорданов и трофејниот стручњак на денешната средба со новинарите истакнаа дека во преговорите дошло до совпаѓање на концептите, по што, иако немал во план, Червар ја прифатил понудата.

Трофејниот тренер со Хрватска има пет финалиња на големите натпреварувања и златни медали од светско првенство и олимписки игри, единствено му недостасува златен медал од европско првенство.

Негова интенција во текот на наредните две години ќе биде максимален прогрес на ракометарите од младинскиот погон на Металург, но и од клубовите во другите ракометни центри од Македонија.

Со денешниот прв тренинг ќе биде направена анализа на состојбата на клубот од Автокоманда, а целта е јасна, враќање на шампионскиот пехар и одбрана на Купот на Македонија.

За Европа планот е влез во четворката на Купот на победници на купови што би значело и најдобар европски резултат за Металург. Червар напомена дека досега има одлични контакти со Македонија и дека под негова палка во Загреб работел најдобриот стрелец на светските првенства Кирил Лазаров.


Червар: Ќе дадам се од себе

„Ќе дадам се од себе и ќе се обидам да го пренесам и на играчите и на младите тренери ракометот како што го гледам јас. Наша должност не е само да создадеме играчи туку и луѓе, ќе се потрудам Металург да добие свој имиџ“, изјави новиот тренер на Металург, Лино Червар.

„Колку и да сум имал успеси се уште сум гладен за нив и секако дека би сакал и во Македонија да направам успех и со Металург тоа е јасно. Но, мора да го видам тимот да изанализирам малку да создадеме цврст темел за во овие две години Металург да направи чекор напред“, вели хрватскиот стратег, Лино Червар.

„Ќе бидам многу среќен ако прочитам некаде - „Лино ги исполни очекувањата““, додава Червар.
 
Честито нов тренер,со среќа.:smir:
 
Честито нов тренер се надевам на многу титули како и во домашно првенство така и во Европа.
 
Toa deka e najdobar e fakt i samite rezultati sto gi ostvaruva so Hrvatska pokazuvaat za negovata vrednost.No pomegju Hrvatska i Metalurg i vo celost Mak rakometot ima golema razlika,pa toa sto me raduva e toa sto sigurno ke donese igraci od svetska klasa.
 
Сега со толку многу засилувања срамота е да не влезе Металург во ЛШ:toe:
Не му ја секирај. Ке биде нешто мислам дека ига Металург во КПК, и верувам дека ке направиме нешто. Вардар ослабнее и го нема сега и левио бек, мора да ги победиме во автокоманда. Само концентрација и добар ден, готови се Вардар.
 
Кога играат Вардар и Металург, и кога почнуваат Металург со настапите во КПК ?
 
Слабо некако ангажираност на темава. Вечерва првиот сериозен испит за Металург оваа сезона, се надевам ќе ги оправдаат големите очекувања, и ќе го совладаат Вардар.

Дербито подотвора шампионски порти

DDB17437E1337244A5E61E84EFD53663.jpg



Победникот од денешниот дуел меѓу Металург и Вардар про ќе има почист пат до титулата во домашното првенство
Скопското дерби меѓу Металург и Вардар про последниве три сезони го решаваше првакот и победникот на Купот, а еден гол, потег или одбрана решаваа каде ќе заминат трофеите. Во Автокоманда (17.45 ч.) се игра првиот од четирите меѓусебни првенствени ракометни дуели меѓу овие два тима, а резултатот треба да покаже која екипа ќе има поотворен пат до титулата.

Предноста на Вардар е што досега има одиграно повеќе силни натпревари, па знае кои му се послабите страни. Металург освен контролните средби пред почетокот на сезоната и овие во домашното првенство, немаше посериозни испити. Но „металурзите“ имаа повеќе време да ги анализираат игрите на ривалот, да ги најдат нивните слаби страни.

ВИСТИНСКОТО ЛИЦЕ НА ВАРДАР

- Оној Вардар што го видовме на последните две средби од ЛШ, денеска сигурно нема да биде на теренот. Нашите дуели секогаш се нешто посебно. Нема да се залажуваме дека тие се разнишани и ќе биде полесно. Точно е дека притисокот е повеќе на нивна страна, но, меѓусебните дуели ги решавала моментната инспирација. Знам само дека Металург се подготвуваше за овој меч долго време и ќе одиме на победа за да ги покажеме нашите амбиции за титулата. Досега игравме само колку да победиме во првенството. Ова се вистинските мечеви, а одбраната ќе го реши мечот. Ние се надеваме на добра одбрана и лесни голови во контри - вели Борко Ристовски, голманот на Металург.

Вардар про има седум нови ракометари во однос на ланскиот состав. Металург го задржа истиот тим од лани и донесе неколку нови играчи, Маркичевиќ, Чурувија, Мојсовски, и тренерот со светско педигре Лино Червар.

- Се надевам дека нема да биде реми. Доста ми е од такви натпревари. Металург е фаворит. Но овој меч нема многу да решава. Ако загубиме ќе му честитаме на Металург, а има уште три мечеви потоа. Секогаш се подготвуваме да победиме. Така ќе биде и сега. Ние загубивме на првите две средби во ЛШ, но, тоа не е важно за овие натпревари. Тие се нешто посебно - вели Веселин Вујовиќ, тренерот на вардарци.

БРАТСКИ ДУЕЛ МЕЃУ НАУМЧЕ И ЗЛАТКО МОЈСОВСКИ

Наумче Мојсовски беше најголемата ѕвезда во преодниот рок летово и направи трансфер од Вардар про во Металург. Заедно со Филип Миркуловски се репрезентативен плејмејкерски тандем. Братот на Наумче, Златко, остана во Вардар про.

- Ова е првпат да бидам на „другата страна“, но професионализмот не познава емоции. Нема ништо да докажуваме, ќе играме без притисок. Металург немаше многу силни мечеви, но целосно сме посветени на овој меч. Дуелот ќе го добие онаа екипа што „ќе ја почитува топката“. Оној тим што нема да ги „продава“ топките и ќе има сигурен напад, сигурно победува - вели Наумче Мојсовски.

Кога Златко ќе биде во напад, тогаш за него во одбраната на Металург задолжен ќе биде токму Наумче.

- Никогаш досега не сме играле еден против друг. Не знам како тоа ќе изгледа. Јас уште не сум во топ-форма, но чувствувам дека таа постојано се подобрува. Сега имаме шанса да се вадиме за лошите резултати во ЛШ - вели Златко Мојсовски.

Вардарци го ангажираа пивотменот Крешо
Хрватскиот пивотмен Томас Крешо од вчера е член на Вардар про и можно е да дебитира уште денеска на дербито во Автокоманда. На таа позиција во Вардар про сега играат Ѓорѓе Пешиќ и Никола Маркоски, но управата на скопјани сака да ја засили таа позиција бидејќи Пешиќ не може да игра 60 минути и има поголема минутажа од младиот Маркоски. Крешо доаѓа од екипата на Осиек, која поради беспарица им дозволи на повеќе ракометари да заминат.

Металург неприкосновен дома
На последните осум првенствени дуели меѓу Металург и Вардар про, пет меча завршиле со реми, еднаш победил Металург и двапати Вардар про. Најинтересно беше во ноември 2007 година, кога Металург победи во СРЦ Кале со 29-28, а другите три дуели завршија со реми. Минатата сезона по двете нерешени средби во првите дуели, клубовите решија преостанатите два меча да ги играат во „Борис Трајковски“. Нив ги доби Вардар про. Но, во Автокоманда Металург секогаш извлекувал добар резултат.
 
Нека ви е честито на победата. :smir:
Туку како бе Лино скршил рака?
 
Снимка од денешниот натпревар, вечер во 23:30, на МТВ 1. Сега кажаа така.
 
Нека ви е честито на победата. :smir:
Туку како бе Лино скршил рака?
Е па скрши рака кога како мајмун цело време скокаше покрај аут-линија! Се дере на судиите, се дере на контролорот, копилето мисли дека го измислил ракометот па дојде тука да не научи да играме!
Ама на крај се испружи покрај терен!:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom