Фан клуб - РК Металург

По завршувањето на натпреварот Кирил Лазаров тргнал да се тепа со играчи од РК Металург, тргнал и Лино да спречи тепачка.

БРАВО МЕТАЛУРГ!!!!!!!!!!!!!!!!:vozbud::drk:

Врска нема ова, баш напротив, ги тргаше играчите едни од други.
 
Циндриќ во напад
proxy.php
 
По завршувањето на натпреварот Кирил Лазаров тргнал да се тепа со играчи од РК Металург, тргнал и Лино да спречи тепачка.

БРАВО МЕТАЛУРГ!!!!!!!!!!!!!!!!:vozbud::drk:

Не туку измислувајте скандали. Вугринец и Карабатиќ цел натпревар се провоцираа и на крајот Вугринец после завршувањето ојде пак да го испровоцира и настана конфликт меѓу нив, и нормално Нодесбо нешто провоцираше што е типично за него. Кире исклучиво разделуваше играчи за да не дојде до нешто посериозно.
 
Многу го сакам овој Червар. Како Балашавиќ за ракомет е кога збори.
Легенда е Лино,после на прес се избација изгушкаа со Кире,и Лино му посака да стане шампион.

П.С. Циндриќ како игра,секоја чест,на пат е да стане нов Мојсо за тимов,и повеќе од одлично го заменува.
 
Последно уредено од модератор:
За онака Вугринец што изреагира ко да си го има одамна "муабетот" со Карабатич ми изгледаше.
Па до сега колку време игра, не сум го видел да прави инциденти. Малце ко да ја претера на крај ...
како му се втури со скокање во фаца :pos:. Мора да се направи од тоа .gif.

Цела екипа одигра одлично, и баш како што претпоставив, Барселона не беше мотивирана за нешто повеќе. Ако можеа да победат на талент, ок, ако не, не. Испадна она второто, пошто со Металург на домашен терен не можеш до толку курташак да си играш.

Циндрич ме плени. Лино има нос за таленти.
 
да вугринец излезе стопан голем на крај, почна и од играч до играч да оди, молеше некој да го удри
 
Не ми се верува сеуште дека успеавме да ја сопреме непобедливата Барселона но тоа е вистината, Барса падна од Металург, браво за момците.. од 13 минута ја држеа во мрежа и на крај ја остварија најголемата победа во клубската историја.
Сега ми е малце криво што не сме втори во групата иако го заслуживме тоа место но што е тука е, со оваа победа Металург докажа дека може да се сноси со секој противник.
Незнам кого по прво да пофалам, сите играчи одиграа над своите можности и го оставија срцето на терен..
Митревски ја одигра најдобрата утакмица во кариерата.. буквално го демотивираше на Виктор Томас, Циндриќ е полн погодок за Металург, погоди три пенали кога беше најпотребно, има храброст и мотив за игра во ова момче, Миркуловски ја потврди својата одлична форма, Георгиевски изигра маестрален натпревар го постигна победоносниот погодок на крајот од натпреварот и е многу по сигурен од Манасков во ситуација 1 на 1 со голманот.
Браво Металург!! Браво Лино!! ме направивте горд Македонец
 
Да се победи Барселона после 36 или 38 нивни победи не е мала работа,иако за нив немаше бодовно значење утакмицава.Ама немаше и против ПСЖ минатото коло,па ги здробија 10 разлика.Секоја чест.Вака само и во осмна финале и има големи шанси да се дојде и подалеку.
Иначе Циндриќ одличен е мора да се задржи во Металург.
 
Врска нема ова, баш напротив, ги тргаше играчите едни од други.

Бев на утакмицата. Најпрвин тргна да ги дели, потоа се накурчи со Вугринец и тргна по него, едвај го задржаа. Господ знае што све не изнапцу Лазаров :)
 
Да ви ја честитам победата , браво секоја чест. (y)
Барса беше надиграна во целиот натпревар , одбраната на Металург беше за секоја пофалба.
Перфектно , браво уште еднаш... И со среќа во ждребот.
 
Бев на утакмицата. Најпрвин тргна да ги дели, потоа се накурчи со Вугринец и тргна по него, едвај го задржаа. Господ знае што све не изнапцу Лазаров :)

Oвој вториот дел не го видов, али не било толку жестоко како што добив претстава од твојот пост.
Кире е малце демагошки воспитан, го видов на вечера у Мечкуевска Куќа у родното му Св.Николе, со беџ на Барселона врз кошулата. :facepalm:

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom