Фан клуб - РК Металург

Опасни, вакви-такви, за Чеховски и Атлетико се бебчиња. Супер е ждребот.
 
Па џабе да земаш јак играч на лево крило,ќе треба после да ја грее клупата кога ќе се врати Манасков или ако е јак ќе го исфрли на Манасков.Работата е ни таму,ни ваму.:)
Искусен играч е и ќе ротира со Аљушот или ќе му биде негова замена ќе видиме.Вугринец како старо аро го најавуваа и не толку квалитетна замена за Марковиќ ама распали и моментално најдобар играч е.Искусните играчи во ракомет многу се подобри него во другите спортови.
Атман и тој десниот бек украинецот(многу тешко презиме има) се врвот мислам кај нив.Составот не им е спектакуларен,ама резултатите им се.:cautious:
 
До прошлата сезона играл за Веспрем, секој не влегол туку-така во ростерот на Веспрем макар и како греач на клупа :)
Во Веспрем стигна и Рајко Продановиќ,отпадок од Вардар,најслаба алка на српската репрезентација, просечен играч во Сегет......
 
РЕАКЦИИ ВО МЕТАЛУРГ ПО ПОВОД ДЕНЕШНОТО ИЗВЛЕКУВАЊЕ

Ристо Чокрев: “Изборот и не беше толку голем. Лично, ја посакував екипата на Атлетико Мадрид, атрактивен противник со кој сметам дека ќе можевме да се надигруваме, но го извлековме Динамо Минск. Реално, тоа е екипа што можеме да ја пројдеме, но е и екипа што знае да одигра инспиративен натпревар и да ни создаде многу проблеми“.

Лино Червар: “Добивме тежок противник, кој добро го познаваме. Се работи за опасен противник, со кој се сретнавме во Струга и кого го следевме низ групната фаза на Лигата на шампионите. Сметам дека првиот натпревар ќе биде многу важен. Тој може да реши многу дилеми. Мислам дека најголеми проблеми ќе ни создадат Атман, Ануфриенко и голманот Пејановиќ. Несреќната повреда на Манасков малку не разниша, но тоа може да биде и мотив повеќе да се сплотиме и да одиграме добро на наредните натпревари“.

Филип Миркуловски: “Јас, како и многумина во Металург, го посакував тимот на Атлетико Мадрид. Од моето искуство со екипата на Динамо Минск, сметам дека се работи за противник кој не ни “лежи“, но кој сепак е подобра опција од екипата на Чеховски Медведи. Се работи за неатрактивен, но многу силен и опасен противник, кој ќе ни создаде многу проблеми“.

РК Металург
 
Каде да следам во живо резултати од натпреварите сега што се играат ?
 
Имаш на ХРТ1 на телетекст, 660. Моментално е 16 - 18 за Металург.
 
Едит: сега видов 22-24 полувреме 11-10 .. Победа на Металург
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 20:12 ---
Металург само да победи на 2 од преостанатите 4 натпревари во Сеха Лигата, 100% ќе игра фајнал фор...
 
Едит: сега видов 22-24 полувреме 11-10 .. Победа на Металург
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 20:12 ---
Металург само да победи на 2 од преостанатите 4 натпревари во Сеха Лигата, 100% ќе игра фајнал фор...
Уште да не играат фајнл-фор...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom