Фан клуб - РК Металург

Денеска е голем ден, празник за ракометот, за спортот воопшто и сите Македонци треба со срце да застанеме зад нашиот шампион !

НО, долго време читам што се пишува на форумов и за Металург и за Вардар и за репрезентацијата и не можам да се изначудам каква негативна енергија имаат некои луѓе.
Се срамам кога ќе прочитам нешто од типот: "Напред Киелце, ќе го јадете, патете провинцијалци итн.", не само тука туку секаде каде што се зборува за ракомет.
МЕТАЛУРГ е македонски тим бре, тој е наша национална гордост, видете го само логото на тимот, во позадина го има МАКЕДОНСКОТО знаме.
Како може Комити да не застанат зад нашиот репрезент во ЛШ во вакви моменти ?!? Срамота, како да имаме 10 тима во ЛШ (па и тогаш треба сите заедно да ги бодриме, оти се наши).
Јас многу добро го разбирам ривалството во македонската лига меѓу Вардар и Металург и тоа е добро, секако дека едни ќе навиваат за едниот, а други за другиот тим, може ќе има и малку некоректно навивање од двете страни, може и мал инцидент да има :D , ама тоа е друго, тогаш треба да видиме кој е подобар за после сите да застанеме зад него!
Кога некој човек со македонско име и презиме деновиве ќе рече: "Напред Киелце" тој е поголем непријател за мене од и од најголемиот Грк, зошто е предавник, џабе после ќе се удира во гради дека е најголем патриот!
Како можат Комити да кажат дека на натпреварите на Металург во ЛШ била смешна атмосферата и дека не требало да се пее "Излези момче"?! Ако јас се прашувам треба да се пее неколку пати, не еднаш за играчите да почувствуваат како 7000 грла се зад нив (се разбира затоа што песните од Пиратите не ги знаат најголем дел од посетителите).
Јас не сум од Автокоманда, но немам испуштено натпревар на Металург во ЛШ и од ланската и од оваа сезона и можам слободно да кажам дека ги знам речиси сите песни и ги пејам на секој натпревар, за да ги бодрам нашите се разбира.
Тоа не значи дека ако Вардар освои некогаш лига и игра во ЛШ нема да му ја пружам истата поддршка, само не ми се допаѓа како Комитите реагираат на сево ова (секоја чест на исклучоците). А зошто вие ја пеете: "Кој не скока, тој е албанец" на натпревар на Металург, има ли барем некаква смисла?
Се вели од црвено-црниот табор "цела сала провинција". А вам ви смета ли тоа што цела Македонија конечно се обединува околу нешто?! Најсмешно ми е кога деца од Ченто или Драчево ги нарекуваат луѓето од Автокоманда сељаци. Па реално сељак за мене е комплимент, работлив човек кој не е искомплексиран како некои од вас.

Чувствував потреба да го кажам сево ова пред натпревар кој е од исклучителна важност за Македонија, затоа што прави Македонци ќе бидете кога ќе разберете дека побитно е Металург да победи во ЛШ отколку Вардар во СЕХА (што не значи дека нема да се радуваме на Вардаровите успеси, но треба малку работите да се гледаат со ладни глави).
Вардар можеби има поголема историја во ракометот, но Металург сега ја пишува историјата!

Нека грми вечер во Борис Трајковски, Пољаците мора да паднат и ќе паднат!

НАПРЕД МЕТАЛУРГ !!!

:cuc::cuc::cuc:

за комитите го имам истакнато своето мислење..имам одредена почит спрема Вардар иако сум од Битола но поради Комитите и со нивната арогантност го прават клубот антипатичен..потоа ќе се чудат зошто сите го мразат Вардар а биле најпатриотското здружение...

едноставно кој се тие да го оспоруваат клубот,реномето и успехот на Металург??..кој се тие да викаат за секој втор сељаци??.а небаре тие градски се..и каква навреда всушност има во тоа сељаци??..ајде тоа во ред ама мене ми е најсмешно тоа што членот Сајбер кој го сметам за еден од пообјкетивните тврди дека Металург не била македонската ракометна репрезентација што е повеќе од смешно да спомниш а камоли да тврдиш такво нешто..сите играчи од репрезентацијата во Металург играат а тројца се во прва постава и другите 4 ги ротираат..или не можеби србите во Вардар шо играат се македонската репрезентација??..јас разбирам да го мразите Металург поради одредени причини но да го подржувате Киелце едноставно си го искажувате вашиот комплекс и завист..едноставно Македонија станува помала поради таквите како вас па и ќе се чудиме зошто после ни ја зедоа пола држава...
 
А кај виде ти дека го поддржуваме Киелце?! Индивидуално секој може да си има сопствен став, ама што е тоа битно. Битен е ставот на групата како целина.
И Металург не е македонската национална селекција, без разлика што го има ставено државното знаме на амблем. Како не сфаќате?! Тоа е она што најмногу не иритира. Некој што упорно сака да го поистовети Металург со Македонија, а тоа не сме овци да го прифатиме!
 
1. Не се чудиме, знаеме зошто е тоа така. Љубомора. Ние сме репер за се па сосема нормално е да се стремите кон нас и да не „мразите“. НИЕ СМЕ ВИ ИДОЛИ тоа е пред се за вас во БТ ама важи и за сите други.

2. Незнам кој им го оспорува успехот, а за клуб и реноме кој се шлепа на имиџ на репрезентација мислам дека тоа не е во ред. Нека градат свој имиџ и реноме немаме проблем со тоа.

3. Дечко ај преиспитај се малку, незнав дека репрезентацијата ни е составена од 3ца играчи во поле и замени. Кире и Борко изгледа не се дел од репката или се декор таму? Точно и сите играчи, цела репрезентација да игра за металург кога игр металруг игра металург а не репрезентацијата.

4. Сигурно ради нас ни ја зеле пола држава... Иди кажи му на ЈОХАН тоа. Поздрави ја ус пат пола Битола и Тетово што им ги шитнаа нивите на шарпланинците и се иселија во странство
 
Добро..Металург не е македонската национална репрезентација но најголем дел од играчите во македонската национална репрезентација настапуваат во Металург и со тоа најмногу има право да се нарекува македонска репрезентација..тоа што имаат пари влијание и сите други работи е споредна работа..разбирам дека скоро сите денешни играчи на Металург имаат порано играно во Вардар и се школовале во тој клуб но денес играат во Металург и се дел од овој клуб што значи дека клубот е македонска гордост која настапува во ЛШ и сите неутрални гледачи навиваат за Металург поради тие прични а не за србите во Вардар..едноставно е
 
Љубомора. Ние сме репер за се па сосема нормално е да се стремите кон нас и да не „мразите“. НИЕ СМЕ ВИ ИДОЛИ тоа е пред се за вас во БТ ама важи и за сите други.
Вие сте никој и ништо братче,може сте биле некогаш...........во сегашно време тоест денес сите ќе го гледаат и ќе навиваат за Металург,никој не ни знае дека Вардар изгуби вчера од Ловќен или како и да се викаа.

Ова му го кажуваш на Битолчанец,дека сте им биле ИДОЛИ ??? :pos:
Зини земјо голтни ме.

Е затоа ве мразат сите и ве сметаат за неандерталци,зошто мислите којзнае што сте а всушност не сте никој и ништо,гледате само во еден правец мислите само едно нешто постои,ко на коњите што им ставаат од страна само напред да гледаат,е такви сте вие,Вардар е име за респект да,ама неговите навивачи се жива смеа. Воозбилете се малку,согледајте ги реално работите.
 
1. Не се чудиме, знаеме зошто е тоа така. Љубомора. Ние сме репер за се па сосема нормално е да се стремите кон нас и да не „мразите“. НИЕ СМЕ ВИ ИДОЛИ тоа е пред се за вас во БТ ама важи и за сите други.

2. Незнам кој им го оспорува успехот, а за клуб и реноме кој се шлепа на имиџ на репрезентација мислам дека тоа не е во ред. Нека градат свој имиџ и реноме немаме проблем со тоа.

3. Дечко ај преиспитај се малку, незнав дека репрезентацијата ни е составена од 3ца играчи во поле и замени. Кире и Борко изгледа не се дел од репката или се декор таму? Точно и сите играчи, цела репрезентација да игра за металург кога игр металруг игра металург а не репрезентацијата.

4. Сигурно ради нас ни ја зеле пола држава... Иди кажи му на ЈОХАН тоа. Поздрави ја ус пат пола Битола и Тетово што им ги шитнаа нивите на шарпланинците и се иселија во странство

1) Таман работа една навивачка група да ми се идоли барем немам толку ниско паднато во животот ..имам побитни работи во животот од фудбалот и посебно навивачкиот свет..одете продавајте му бубрези на тие што требаат а не да се замарате и да се глупирате кај ќе стигните

2)Па пополека пополека почнуваат да градат свој имиџ каде форсираат млади деца како Манасков и Ѓеорѓиевски..тоа не оди преку ден..се пополека си прават..сепак Металург не е тим со историја како Пелистер и Вардар ама затоа сега пишуваат историја и со тоа си градат свој имиџ..

3) прочитајго претходниот мој пост

4)Буквално не ви ја зедоа ради вас но хипотетички го напишав тоа..сега ти се ако сваќаш здраво за готово тогаш преиспитајсе самиот..а пола држава ни ја зедоа поради таквите како Бранко,Љупчо и Груевски
 
Добро..Металург не е македонската национална репрезентација но најголем дел од играчите во македонската национална репрезентација настапуваат во Металург и со тоа најмногу има право да се нарекува македонска репрезентација..тоа што имаат пари влијание и сите други работи е споредна работа..разбирам дека скоро сите денешни играчи на Металург имаат порано играно во Вардар и се школовале во тој клуб но денес играат во Металург и се дел од овој клуб што значи дека клубот е македонска гордост која настапува во ЛШ и сите неутрални гледачи навиваат за Металург поради тие прични а не за србите во Вардар..едноставно е
Да разјасниме една работа: Навиваат ради успесите на Металург, а не ради Петко или Станко! Врска ти нема ова дека навивале ради репрезентативците на Македонија! А Металург што на секој начин пробува да ја протне фамата дека се македонска репрезентација во ракомет е сосем друга приказна. Нема врска, да не ја дрвиме темата. И тие неутрални љубители навиваат за Металург зашто не се клупски определени. Ќе навиваат и за некој друг кога ќе се најде во негова позиција. Мислам дека е јасно тоа како ден! Али ајде кажи реално кое фајде од нив. Ќе испарат во истиот момент кога ќе ги снема успесите!
 
Вие сте никој и ништо братче,може сте биле некогаш...........во сегашно време тоест денес сите ќе го гледаат и ќе навиваат за Металург,никој не ни знае дека Вардар изгуби вчера од Ловќен или како и да се викаа.

Ова му го кажуваш на Битолчанец,дека сте им биле ИДОЛИ ??? :pos:
Зини земјо голтни ме.

Е затоа ве мразат сите и ве сметаат за неандерталци,зошто мислите којзнае што сте а всушност не сте никој и ништо,гледате само во еден правец мислите само едно нешто постои,ко на коњите што им ставаат од страна само напред да гледаат,е такви сте вие,Вардар е има за респект да,ама неговите навивачи се жива смеа. Воозбилете се малку,согледајте ги реално работите.
Која иронија си ти бе.

Ќе видам кај се вашите толку ватрени фанови ако немате успех.
 
Добро..Металург не е македонската национална репрезентација но најголем дел од играчите во македонската национална репрезентација настапуваат во Металург и со тоа најмногу има право да се нарекува македонска репрезентација..тоа што имаат пари влијание и сите други работи е споредна работа..разбирам дека скоро сите денешни играчи на Металург имаат порано играно во Вардар и се школовале во тој клуб но денес играат во Металург и се дел од овој клуб што значи дека клубот е македонска гордост која настапува во ЛШ и сите неутрални гледачи навиваат за Металург поради тие прични а не за србите во Вардар..едноставно е
Па играатво репрезентација си ги буткаат наерно за да може после да се фалат дека сите играчи им играле во репрезентација, и намерно ќе ја саботираат репрезентацијата како во Португалија а исто така и пред неколку години кога бевме во група со Исланд и Норвешка во квалификации не ги пуштија играчите демек им биле повредени затоа кој ги ебе по правило Левов, Митревски,Козла треба да носат вода а не да бидат во репрезетнацијата исто и Мите Стоилов и Ванчо Димовски , а нормално Кукоски и Никола Марковски ќе бидат угнетувани намерно нивните квалитети нема да се гледаат само затоашто играт во Вардар и нормално немаат пшанси да играат во репрезентација.
 
Да разјасниме една работа: Навиваат ради успесите на Металург, а не ради Петко или Станко! Врска ти нема ова дека навивале ради репрезентативците на Македонија! А Металург што на секој начин пробува да ја протне фамата дека се македонска репрезентација во ракомет е сосем друга приказна. Нема врска, да не ја дрвиме темата. И тие неутрални љубители навиваат за Металург зашто не се клупски определени. Ќе навиваат и за некој друг кога ќе се најде во негова позиција. Мислам дека е јасно тоа како ден! Али ајде кажи реално кое фајде од нив. Ќе испарат во истиот момент кога ќе ги снема успесите!

тоа можеби е така но фактите во денешно време зборуваат друго..дека Металург е македонската гордост,МЕталург е тимот кој е на највисоко ниво во македонскиот ракомет и е македонскиот шампион..Металург играат во ЛШ со ракометни гиганти и сите моменатлно го следат Металург и никој ништо не знае и не го интересира за Вардар без разлика што победивте на дербито пак сте под Металург во овој момент и то е то

одам да го гледам Интер..репликација подоцна за наредните постови
 
Која иронија си ти бе.

Ќе видам кај се вашите толку ватрени фанови ако немате успех.

Он е жива смеја :pos:

PewDiePie од кое село си ти дојден, ајде сега бар се ми е јасно. Коалиција сељаци/провинција. Џабе пробувам да ви објаснам некој работи. Вас уствари ве врзува омразата и љубомората кон мојот клуб ВАРДАР. :icon_lol:
 
Мајка ми е од ГЛАВНИОТ ГРАД. :icon_mrgr: Ти си од бт по потекло или студираш во МОЈОТ ГРАД? Абе сега се е јасно. :pos: Затоа провоцираш цело време, тоа ти е сељакот останува сељак.
 
Која иронија си ти бе.

Ќе видам кај се вашите толку ватрени фанови ако немате успех.
Баш иронија. Јас баш реков убаво да се провери од кога „ватрениов“ го има на темата. Од година дена нема постар пост, ја се кладам! Такозвани успех-навијач како што никнуваат печурки после дожд.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom