Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Абе Раде е на залез на кариера не ни треба. Ни треба некој асален тренер да работе как со сениорите така и со младинците па нема никој да ни треба ќе си имаме наши квалитетни играчи. Иначе да бидеме реални и нашите го немат одврзано ќесето така да само тренер ни треба еве одете видете еден тренинг дали тренерите и играчите воопшто одат Славе треба експресно да зема некој квалитетен тренер а за играчи не ни требат ако имаме искусен тренер не верувам дека уопште ќе му даде и шанса веќе на Раде.

Раде ни треба и тоа како... Лани беше тренер, беше играч, капитен се во едно... За 3 000 евра подобар играч да се утепаш нема да најдеш... Тренер да се согласувам ни треба... Марјан си е идеален за тренер на голманите, но за тренер не е... Буџетот е таков каков што е... Околу 300 000 евра, не е малку не е ни многу... Но мислам дека можат да го донесат Доне Бошковски кој има огромно ракометно знаење, а не верувам да побара повеке од 1000-1500 евра, а може да работи и со младите категории, мислам дека сеуште е без ангажман...


Дарко Јанев од Пелистер се сели во Зомимак М
  • Објавено: август 7, 2014 21:01
EMI_9878_resize-615x400.jpg

Досегашниот ракометар на Пелистер, 27-годишниот пивот Дарко Јанев, по само шест месеци минати во клубот, го напушта и заминува во редовите на Зомимак М. Јанев е само уште еден ракометар во низа, кој што во последниот период, премина од битолскиот во струмичкиот суперлигаш.

Како што дознаваме, кружниот напаѓач, со интернационално искуство ќе биде најново засилување во редовите на третопласираниот тим во домашниот шампионат, Зомимак М. Тој заедно со Игор Павловски, по заминувањето на Тренчовски во вториот тим на Вардар, треба да ја компплетираат пивотменската позиција во клубот, за која што конкурираше уште еден кружен напаѓач на битолскиот суперлигаш, Васко Димитровски.

Јанев кој што, покрај за Пелистер, на домашна сцена има настапувано и за екипите на Вардар и на Куманово, како и на интернационална сцена во Катар, веќе се приклучи на подготовките на клубот, во Банско, и се очекува во следниот период, да биде официјализиран трансферот од страна на клубот.

http://ekipa.mk/darko-janev-od-pelister-se-seli-vo-zomimak-m/
 
Последно уредено:
Абе било Доне било Владимир Глигоров и двајцата знаат да одберат квалитет а кај нас кој ? Марјанчо освен од Пелистер не знаа од странство кој ќе контактира ? А тие двајца не само шо ќе земат погодени играчи него и ќе ги подобрат финансиите во клубот. За Јанев млад е може да се користе одбрана напад ќе одмара добар трансфер иако не сакам само играчи на Пелистер. Нека земат од некој црногорски,србски,словенски,шпански клуб некој млад играч посебно лев бек ако знааме оти и Јовица треба да одмаре. Мислам дека Везено не е толку добар кондициски,а Лаки лани нешто не покажа и мислам дека ако сакаме игра со Металург и Вардар лево крилце оти не ми изгледа Павлето брз а Босеовски нема скок нека лета во Пелистер. Засега добра е екипата единствено што треба е дисциплина и добар тренер и се ќе си дојде на место. Одбрана ојачени сме со Јанев па ако знаеме дека 3-4 играчи се само за одбрана исто мртвата позиција десен бек ултра засилување и секако дека полека полека заличуваме на екипа.
Сигурен сум дека Доне и Владо се од калибарот на Лино а и сега Пепи Манасков фокус на најдоброто за малку пари во случајот МРК Вардар шо играчи има ?? Можам да замислам да ги задржат 10 години сите играчи од по 23-24 години со исклучок на некои али екипа ти е тоа.
 
Karaivanov i savlevski dek se ?

Sent from my GT-I9195 using Tapatalk
Не го обновиле и саа Павлето ќе игра лево крило.[DOUBLEPOST=1407516215][/DOUBLEPOST]
10580202_829075960443977_4163325267796674476_n.jpg


Ало бе не се сите младинци како Талевски и Нелоски па да играт стандардно и да е можело со 12 играчи ќе га одиграме сезоната одбрана сме изгледа без Лаки или некој ми фале тука ?
 
Последно уредено:
Покрај Раде, Кукоски, Колев и Караиванов си отишол? Ауу па вие послаби од лани ќе бидете бе. :confused:
 
Последно уредено:
Покрај Раде, Кукоски, Колев и Караиванов си отишол? Ауу па вие послаби од лани ќе бидете бе. :confused:

Караивано ништо посебно едино Раде фале. Сега од најслаба стана најсилна позиција десен бек.
 
Спировски се враќа во Австралија.....
 
И врти суки од добар и квалитетен тим останааме си пак как лани....дури и послаби мислам...
Поцлаби од првиот дел , подобри од вториот. Ако не донесат некој шутер шо дава 7/10 не праваме ништо а и без тренер не можеме да напреднуваме. Тоа е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom