Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
moze da znam koi dojdoa a koi si otidoa od klubot?

Ке се потрудам да ти одговорам...

Дојдоа- Трајкоски(РК Радовиш), Нахас(Либија) и Јанев(РК Пелистер)
Заминаа- Колев(РК Охрид), Шалевски(?), Караиванов(?), Тренчевски(МРК Вардар), Ангеловски(Франција 3-лига) и Спировски(се вратил во Австралија) и плус ако го броиме и Стојановиќ (Израел)

Состав

Голман-Трајкоски и Стојановски
Лево крило- П.Атанасов и Босеовски
Десно крило- Чантурија и С.Стојанов
Лев бек-Младеновски и К.Митрески
Десен бек- Нахас и Милосавлевиќ
Среден бек- Везенковски (капитен)
Пикер- И.Павловски и Јанев

Плус веројатно ке се придодадат некои младинци...
 
Ке се потрудам да ти одговорам...

Дојдоа- Трајкоски(РК Радовиш), Нахас(Либија) и Јанев(РК Пелистер)
Заминаа- Колев(РК Охрид), Шалевски(?), Караиванов(?), Тренчевски(МРК Вардар), Ангеловски(Франција 3-лига) и Спировски(се вратил во Австралија) и плус ако го броиме и Стојановиќ (Израел)

Состав

Голман-Трајкоски и Стојановски
Лево крило- П.Атанасов и Босеовски
Десно крило- Чантурија и С.Стојанов
Лев бек-Младеновски и К.Митрески
Десен бек- Нахас и Милосавлевиќ
Среден бек- Везенковски (капитен)
Пикер- И.Павловски и Јанев

Плус веројатно ке се придодадат некои младинци...
Заборави Добрин Тунтев кој е на проба а би требало да игра ако не дојде Пецако изгледа..
 
Денес играме со Беса од Пеќ (ми се смачи секоја години да ги гледам али ајде :) ) ако не ги смачкат овие 10 разлика значи екипата ни е послаба од Пелистер :)
 
Гошев: Пречките и сопките доаѓаат од наши луѓе...
Објавено на 12 Септември 2014

Напишано од Душко Постолов


zomimak1209.jpg


Прес-конференција на Зомимак-М во пресрет на утрешниот реванш меч.





Ракометарите на Зомимак со огромна негатива од 11 голови се вратија од првиот натпревар од двомечот со Горник Забрже во рамките на првото квалификационо коло од ЕХФ Купот. Струмичани загубија со 36:25 на првиот меч, одигран во Полска, иако во поголем дел од мечот беа само на минус 2 или 3 голови.

На денешната прес-конференција на македонскиот претставник во ЕХФ Купот, првиот човек на струмичкиот тим, Славе Гошев уште еднаш го изрази своето незадоволство од арбитражата на првиот меч во Полска.

„За жал ни се случи она што ни го наговестуваа одредени претставници од Ракометната Федерација од Европа дека Зомимак-М ќе го плати цехот за ланскиот успех. Судиите кумуваа на резултатот, до 40-та минута беше 2-3 разлика за полската екипа и тука беше некаде реалниот одзив на силите на теренот, меѓутоа по 40-тата минута се случи она што ние се плашевме, директна судиска кражба, заедно со делегатот на натпреварот и се случи на крајот резултатот да биде 11 разлика, што е далеку од реалната вредност на полскиот претставник, меѓутоа и разликата во квалитетот на двете екипи. Меѓутоа, тоа е зад нас, ние очекувавме вакво нешто да ни се случи, свесни бевме за тоа...“ истакна Славе Гошев, првиот човек на Зомимак-М.

„Пречките и сопките доаѓаат од наши луѓе кои се во Европската Ракометна Федерација, тие многу добро знаат на кои алудирам, ова не е место и време да го кажам името на човекот, меѓутоа тие добро го знаат. Сакам да прашам дали тој повеќе се грижи за македонскиот, или полскиот ракомет, или за нивните сопствени џебови...“ дополни Гошев.

„Судиите многу итро го судеа мечот во корист на полскиот претставник, многу добро париравме до 40-тата минута, во моментите кога се кршеше резултатот унгарските судии многу итро пресудија во корист на нашиот противник во првиот меч“ се надоврза еден од најдобрите индивидуалци во струмичкиот тим, грузискиот интернационалец Реваз Чантурија.

Реванш мечот се игра во салата „Парк“ во Струмица на утре со почеток од 19,00 часот. Струмичкиот тим дефинитивно ќе има голема мака во обидот за пласман во второто квалификациско коло за пласман во групната фаза од ЕХФ Купот.


http://www.sport365.mk/index.php/ve...sev-preckite-i-sopkite-doagjaat-od-nasi-lugje

Знае ли некој кој се тие наши луѓе во ЕХФ???
 
Глупости треска, иначе алудира на Начевци. Лани добија одлично судење со Алборг, така да нема врска тоа што добиле лошо судење сега, за Македонските екипи секогаш е такво судењето.
 
Глупости треска, иначе алудира на Начевци. Лани добија одлично судење со Алборг, така да нема врска тоа што добиле лошо судење сега, за Македонските екипи секогаш е такво судењето.
Мислиш на Архус. Таа беше наместена на пример и видеото на данците го покажува тоа. Е сега може вечерва да се очекува добар натпревар ако се направи притисок од публиката а и повторно да дадат некоја пара. (Иначе кој ги мести судиите и делегатите во ЕХФ ? Мислам дека требало да бидат или некаде од Шпанија или пак од друг континент)
 
Овој град сака фудбал кошарка се виде ракометот каде е у Струмица пинг-понгот е популарен од него.
 
Овој град сака фудбал кошарка се виде ракометот каде е у Струмица пинг-понгот е популарен од него.
Овој град сака пристојни порази големи победи. Порази од 11 разлика едноставно е многу.
 
Оваа сезона ако сме во ТОП 3 добро ќе е.Немам никаква екипа Вардар и Металург ќе се прошетат овде.
 
Оваа сезона ако сме во ТОП 3 добро ќе е.Немам никаква екипа Вардар и Металург ќе се прошетат овде.
Босеовски,Пецако,Трајкоски,Нахас,Чантурија,Павловски,Везенковски. Не изгледа ни малку лоша екипа.Во замена имаме Младеновски,од помладите...,така да не сме лесна екипа. Сега резултатот пак ќе биде 5 разлика во Струмица (Со металург) ама многу поинтересна за гледање. Зошто тие денови да не се направи притисок во Струмица од 3000+ гледачи. Второто место обезбедува Квалификации ЛШ*(Мислам) и влез во СЕХА лига која ни треба една година само за да се направи структура на тимот со подобри играчи. Очекувам тешка борба со Металург,не толку убедлив (да не речам благ) пораз со Вардар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom