Tiveriopol
Струмичанец
Абе Раде е на залез на кариера не ни треба. Ни треба некој асален тренер да работе как со сениорите така и со младинците па нема никој да ни треба ќе си имаме наши квалитетни играчи. Иначе да бидеме реални и нашите го немат одврзано ќесето така да само тренер ни треба еве одете видете еден тренинг дали тренерите и играчите воопшто одат Славе треба експресно да зема некој квалитетен тренер а за играчи не ни требат ако имаме искусен тренер не верувам дека уопште ќе му даде и шанса веќе на Раде.
Раде ни треба и тоа како... Лани беше тренер, беше играч, капитен се во едно... За 3 000 евра подобар играч да се утепаш нема да најдеш... Тренер да се согласувам ни треба... Марјан си е идеален за тренер на голманите, но за тренер не е... Буџетот е таков каков што е... Околу 300 000 евра, не е малку не е ни многу... Но мислам дека можат да го донесат Доне Бошковски кој има огромно ракометно знаење, а не верувам да побара повеке од 1000-1500 евра, а може да работи и со младите категории, мислам дека сеуште е без ангажман...
Дарко Јанев од Пелистер се сели во Зомимак М
- Објавено: август 7, 2014 21:01

Досегашниот ракометар на Пелистер, 27-годишниот пивот Дарко Јанев, по само шест месеци минати во клубот, го напушта и заминува во редовите на Зомимак М. Јанев е само уште еден ракометар во низа, кој што во последниот период, премина од битолскиот во струмичкиот суперлигаш.
Како што дознаваме, кружниот напаѓач, со интернационално искуство ќе биде најново засилување во редовите на третопласираниот тим во домашниот шампионат, Зомимак М. Тој заедно со Игор Павловски, по заминувањето на Тренчовски во вториот тим на Вардар, треба да ја компплетираат пивотменската позиција во клубот, за која што конкурираше уште еден кружен напаѓач на битолскиот суперлигаш, Васко Димитровски.
Јанев кој што, покрај за Пелистер, на домашна сцена има настапувано и за екипите на Вардар и на Куманово, како и на интернационална сцена во Катар, веќе се приклучи на подготовките на клубот, во Банско, и се очекува во следниот период, да биде официјализиран трансферот од страна на клубот.
http://ekipa.mk/darko-janev-od-pelister-se-seli-vo-zomimak-m/
Последно уредено: