Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Данците рекле за нашата сала напуштен бетонски магацин.


Ништо да не те чуди , настроени се да напаѓаат се што не е нивно , најрасистичка нација.

Пред некој ден Опра Винфри влегла во некоја скапа продавница за женски чанти во Копенхаген , и продавачката и рекла џабе влегуваш и разгледуваш ти немаш пари за да си дозволиш ваков продукт. :pos:
 
Добра игра на нашите... Барем после 12-7 и во почетните минути... Добар потег беше влегувањето и во напад на Караиванов... Се намалија замените во одбраната и фала богу судиите решија да исклучат некој играч на Данците... Премногу провоцираат, мислам дека Струмица не игра толку грубо колку што тие глумат... Имаше неколку несфатливи одлуки на судиите како на пример онаа кога беше фаулиран Чантурија а тие доделија удар од аголот за Скјерн... Но засега е добро и очекувам во второ полувреме да се допуни салата и Скјерн да падне во Струмица...
ПС. Се гледа колку значеше Раде за овој клуб и колку вреди воопшто...
 
Колку провидна игра на Зомимак, сите акции тој Младеновски ги завршува.
 
Штета... Чантурија што направи на крајот у пм... Потфрли Терзиќ, Младеновски беше одличен исто и Тренчовски... Голманите имаа заедно околу 11-12 одбрани.... Ангеловски внесе свежина во играта, но крилата беа отсутни на овој натпревар... На крајот судиите многу касно дигнаа пасивен, што не даде шанса за последна акција за реми... Што е тука е повеке срека следната недела во Лисабон, ма да чисто сумњам дека ке направиме нешто таму... Фалат играчи во ротацијата, имаме само еден десен бек и тоа повреден, недоволно опоравен и едно десно крило... Сепак браво за борбеноста на крајот...
 
Фали искуство и лево крило (Шалевски не е за европски купови). Останатото е горе долу ок. Може да има солидни партии и до крај Зомимак, па ако го задржат тимот и идната сезона можеби да пробаат нешто повеќе. Имаше и среќа Зомимак што им се повреди најдобриот играч на Скјерн.
 
Отидов најмногу за да го видам Зондергард. Човекот шо убаво си отвори одма со гол, ама го шина зглобот веќе во наредниот напад и не се врати повеќе :(:(. Децата иначе можеа, им се отвори шанса во последните минути, ама не ги посака среќата барем за едно реми. Прво последниот гол на Мелгард влезе после сменет правец од блокот, а последниот напад на нашиве го усра крилото од чиста позиција (иако апла имаше пробивање од бекот претходно, ама не свирнаа судиите).

Дуо на натпреварот - Хенрик Мелгард & Фредерик Берм :cuc::icon_mrgr::icon_mrgr: Кои ѕверотињи, прави викинзи !! Живи луѓе јадеа во одбраната. Мелгард па и даде едно 5-6 гола, што е одлично за играч со претежно дефанзивни предизпозиции. А тој Берм во напад не покажа многу, ама затоа ќе го паметам по КРИКОТ :eek: што го извади после една добра контра на Скјерн. Ја надвика цела сала, која во тие моменти им свиреше на судиите поради недосуден фаул.


ПС - Сите ја имаа 1 со хендикеп уплатено, само јас не :( .
 
Дефинитивно им фали искуство и мора да уиграат некои акции. Освен на крајот неколку акции, другото како се да им беше со тупење и на сила. Овој 10та, појма немам кој е, ама у г'з да си ја напика таа неговата финта дека демек ќе шутира од долу... и со скокот за шут, никој не може да го блокира, а он се одлучува да подаде; и кога ќе шутне, барме да ја менува страната на шутирање.

Треба уште фурни леб да се јаде. Ако продолжи да се инвестира во ракометот, за некоја година може да видиме и некои резултати од Струмица.

Спикерот :facepalm:
 
Терзич е играчот со број 10. Според мене многу преценет играч, иако има некои добри потези, имаше неколку добри асистенции кон пикер. Мора да шутира повеќе особено коа веќе се дигне на шут. Млад е 19 години па може ќе биде нешто од него ама сега за сега е преценет играч. Неможеме повеќе да очекуваме од Струмица бидејќи нема играчи. Со овие играчи толку!!! Да беше Раде ќе беа многу подобри, а како замена за Раде дојдоа Митревски, Спировски кои и да ги споиш двајцата заедно пак се послаби од Раде. И друга важна работа ви треба многу подобар тренер!
 
А за враќањето на исклучените играчи мораа од публиката да им кажат за да вратат играч...
 
А за враќањето на исклучените играчи мораа од публиката да им кажат за да вратат играч...

А за измените поспори не можеа да бидат. Скјерн да играа побрзо, додека Зомимак ги направи тие 3 измени што ги правеше стандард за одбрана-напад, ќе го јадеше многу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom