- Член од
- 19 јули 2007
- Мислења
- 551
- Поени од реакции
- 2
СЕЛЕКТОРОТ ГЛИГОРОВ ПОДГОТВУВА СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАТИВКИ ЗА ПОДГОТОВКИТЕ И ЗА ЕП!
Повик ќе добие и Бујанова!
Европското првенство е с$ поблиску и веќе доаѓа времето кога селекторите ќе треба да одлучат со кои играчи ќе ги почнат подготовките за Европското првенство.
Србија и Австрија веќе ги открија картите. Австрија без потреси, во Србија нервоза заради неповикувањето на Ана Ѓокиќ и Сузана Чубела.
Македонскиот селектор Владимир Глигоров не брза со објавувањето на списокот. Женската репрезентација ќе има собир наскоро и од тој список веројатно евентуално со една до две измени би требало да се бара списокот на играчи кои ќе конкурираат за место во репрезентацијата која во улога на домаќин ќе им се спротивстави во првиот круг на Србија, Хрватска и Германија.
Сепак, изборот на играчи, посебно на тие кои играат во странство треба да биде направен нешто порано, за да можат играчите да ги добијат дозволите од своите клубови.
Селекторот Глигоров најави покани за десетина ракометарки кои играат во странство. Сосема сигурно покана ќе добијат Билјана Црвенкоска, Робертина Мечевска, Александра Ристовска, Наташа Коцевска, Даниела Новеска, Наталија Тодоровска, Тања Андрејева и Дијана Наумоска.
На поширок список се и сестрите Андријана и Матилда Атанасоски. Изненадувањето доаѓа од Русија. Повик ќе добие Олга Бујанова!
Таа откако замина од Кометал Ѓ. П. се врати назад во Волгоград и тренира со екипата на Динамо Аква.
"Имаме информација дека е во тренажен процес и дека играла за Динамо на подготвителните турнири. Можеби ќе може да ни помогне", вели селекторот Глигоров, потврдувајќи дека смета на неа во оваа фаза формирањето на списокот.
Олга Колесник, голманот кој од Русија дојде во Македонија, а по завршувањето на ангажманот одново да се врати назад, нема да биде во комбинација ниту за подготовките ниту за настап на Европското првенство.
"Колесник од здравствени причини ги пропушта овие репрезентативни акции и нема да биде во комбинација за првенството", изјави Глигоров.
Не се знае колку и кои девојки кои играат во македонскиот шампионат ќе добијат покана за подготвките. Но и тука конкуренцијата ќе биде голема и интересна.