Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
СЕЛЕКТОРОТ ГЛИГОРОВ ПОДГОТВУВА СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАТИВКИ ЗА ПОДГОТОВКИТЕ И ЗА ЕП!

Повик ќе добие и Бујанова!

75A0200ED9886C4B98A554845F369D4F.JPG

Европското првенство е с$ поблиску и веќе доаѓа времето кога селекторите ќе треба да одлучат со кои играчи ќе ги почнат подготовките за Европското првенство.

Србија и Австрија веќе ги открија картите. Австрија без потреси, во Србија нервоза заради неповикувањето на Ана Ѓокиќ и Сузана Чубела.

Македонскиот селектор Владимир Глигоров не брза со објавувањето на списокот. Женската репрезентација ќе има собир наскоро и од тој список веројатно евентуално со една до две измени би требало да се бара списокот на играчи кои ќе конкурираат за место во репрезентацијата која во улога на домаќин ќе им се спротивстави во првиот круг на Србија, Хрватска и Германија.

Сепак, изборот на играчи, посебно на тие кои играат во странство треба да биде направен нешто порано, за да можат играчите да ги добијат дозволите од своите клубови.

Селекторот Глигоров најави покани за десетина ракометарки кои играат во странство. Сосема сигурно покана ќе добијат Билјана Црвенкоска, Робертина Мечевска, Александра Ристовска, Наташа Коцевска, Даниела Новеска, Наталија Тодоровска, Тања Андрејева и Дијана Наумоска.

На поширок список се и сестрите Андријана и Матилда Атанасоски. Изненадувањето доаѓа од Русија. Повик ќе добие Олга Бујанова!

Таа откако замина од Кометал Ѓ. П. се врати назад во Волгоград и тренира со екипата на Динамо Аква.

"Имаме информација дека е во тренажен процес и дека играла за Динамо на подготвителните турнири. Можеби ќе може да ни помогне", вели селекторот Глигоров, потврдувајќи дека смета на неа во оваа фаза формирањето на списокот.

Олга Колесник, голманот кој од Русија дојде во Македонија, а по завршувањето на ангажманот одново да се врати назад, нема да биде во комбинација ниту за подготовките ниту за настап на Европското првенство.

"Колесник од здравствени причини ги пропушта овие репрезентативни акции и нема да биде во комбинација за првенството", изјави Глигоров.

Не се знае колку и кои девојки кои играат во македонскиот шампионат ќе добијат покана за подготвките. Но и тука конкуренцијата ќе биде голема и интересна.
 
Колку шо дојде и лани за светското, толку ќе дојде и сега :toe:

Како што знам лани не беше во добра форма затоа нашите не инсистираа на нејзиното доагање,доколку сега се врати во форма мислам дека ке дојде!!
 
Мислам дека Бујанова сеа е во подобра форма од лани.Ама сакам Охоланга да ни оздраве.Позз
 
Ѓорче Петров - Хипо 24 - 22 :vozbud:

Го победивме големиот Хипо вечерва во скроо празна сала на кале :helou:
 
Ѓорче Петров - Хипо 24 - 22 :vozbud:

Го победивме големиот Хипо вечерва во скроо празна сала на кале :helou:

Поправка: 26-22 беше :baeh:
Иначе, честито за победата, Хипо не се победва секој ден
:aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz::aplauz:
 
Покажаа девојките дека се подготвени да се носат со големите тимови оваа сезона,само уште спонзор да се најде и ја минеме групата во лига на шампиони!!!:vozbud:

Напред Ѓорче :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Одли4ен наторевар,дефинитинво.Според информациите што ги добив Крижанац била феноменална.Позз
 
Хипо на колена пред Ѓорче ПетровСРЦ „Кале“ останува неосвоена тврдина, барем за вечниот ривал Хипо, откако македонските ракометни шампионки Ѓорче Петров синоќа победија со 26-22 (11-12) во 4. коло од Регионалната лига.
Одличната игра во одбрана и пред сè неверојатните 21 одбрана на првиот голман, Хрватката Ана Крижанац, му ја донесоа толку посакуваната победа на Ѓорче Петров. И покрај грешките на судиите од Црна Гора, Павичевиќ и Вуисиќ, македонските шампионки прикажаа добра игра, пред сè во одбраната, и со голема пожртвуваност стигнаа до втората победа во лигата, по онаа над словенечки Крим Меркатор пред две недели, исто така на домашен терен.
- Сакавме да победиме и тоа не го криевме. Потребна ни беше оваа победа за мотивација, за враќање на публиката во салата - изјави по мечот тренерот на ѓорчепетровки Владимир Глигоров.
По поразот од Будуќност Т-мобајл во саботата, ова е втор пораз по ред за европските вицешампионки во дерби-натпреварите од Регионалната лига, која првпат се игра сезонава. Освен Крижанац, вчера одлично одигра и натурализираната Македонка Драгица Кресоја, која постигна седум погодоци (еден од пенал), а другите шест беа голови од контранапади. Стандардните првотимки на Хипо, Унгарката Тимеа Тот и Босанката Горица Ачимовиќ, не се наиграа многу во „Кале“. Тот влезе во игра во вториот дел, но не успеа да се запише во листата на стрелците, а ударите на Ачимовиќ голманката на Ѓорче Петров најчесто ги бранеше, па таа постигна само три од 11 обиди.


Ѓорче Петров - ХИПО
26-22 (11-12)
СРЦ „Кале“. Гледачи: 400. Судии: Павичевиќ и Вуисиќ од Црна Гора. Делегат: Марјан Начевски од Македонија.
Ѓорче Петров: Крижанац (20 одбрани и еден пенал), Тренкоска, Николовска, Поповиќ 4, Е. Ѓорѓиевска 2, Кресоја 7 (1/1), А. Аморим, Пецевска 2 (0/1), Бајрамовска 3, Портјанко 5, Младеновска, Стерјова, Д. Ѓорѓиевска, Е. Аморим 3. Седмерци: 1/2. Исклучувања: 6 минути (Младеновска, Поповиќ, Е. Аморим). Тренер: Владимир Глигоров.
Хипо: Блажек, Енглерт (15 одбрани и еден пенал), Насименто 3 (1/1), Пиедаде 6, Киршнер, Лерант 2, Ким, Ох, Тот (0/1), Турнер, Плак, Миоунг 2 (0/1), Мескита 5, Ачимовиќ 3. Седмерци: 1/3. Исклучувања: 2 минути (Ох). Тренер: Андреаш Немет.
 
Крижанац е една од најдобрите голманки кои Ѓорче Петров ги имале до сега 21 одбрана против Хипо:vozbud: само така нека продолжи и во Лигата на Шампионите!!!
 
Vo toa ne se somnevam.Odlicna e.Protiv Hipo da se ima 21 odbrana....A sekoja cest i za Portjanko i Kresoja.Ili potocno kazano za celiot tim.Pozz
 
Секоја чест за нашите девојки. Одново му земавме мерка на Хипо. И покрај тоа што се без компас сепак девојките со максимално професионален ангажман стигнаа до повеќе од заслужена победа. Овој клуб е предодреден да биде шампионски, само како за чудо никој не пројавува интерес да го финансира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom