Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Денес мислам ќе играат со Ларвик,1 коло од ЛШ.sto napravi kolmetal vo liga na shampioni so larvik
vcera graa izgubija 27-24Денес мислам ќе играат со Ларвик,1 коло од ЛШ.
Da da pocna larvik:kometal ja otvorija novata sezona vo ligata na sampionkite sramota za makedonskata televizija sto nemase direkten prenos vo nasiot tim igra samo vale koja dade 13 gola drugite se drvaГде то ја живим?Па зарем почна лигата на шампиони,пренос на што даваа?кој е се во нашиот тим?како играме?Кога е следен натпревар?Со кого?
Димитар раскажи ми од натпреварот нешто интересно:smir:Зошто изгубивме,каде грешиме?Јаки се Ларвик?
Сеуште мислам дека како Андријана Будимир и Индира Кастратовиќ нема да има ракометарки во Кометал.Златни раце имаа тие две.
Кометал Ѓ.П. загуби на првиот дуел од Лигата на шампионите во Норвешка и пропушти шанса да ги израдува своите навивачи и да го врати оптимизмот меѓу македонските љубители на ракометот по двете слаби сезони во ЛШ.
Навистина, не се ни очекуваше (пре)многу од Кометал на првото гостување. Трите гола негатива се подобри од очекувањата на најголемиот дел од навивачите, вклучувајќи ги и букмејкерите кои на Ларвик му даваа двојно повеќе шанси, односно границата беше на шест гола разлика. Но, далеку од тоа дека некој би требало или би можел пораз да оквалификува како добар (релативно) натпревар, каков и да е и колкав и да е поразот. Пораз е пораз, посебно значаен и дополнително непријатен кога е во натпревар по групи, против екипа која не е непобедлива. Но, атмосферата пред мечот, воопшто и стартот на ЛШ, вклучувајќи ги одново за жал и неизбежните букмејкери говори дека Кометал полека го губи имиџот на "страшен" противник, екипа од која порано со право стравуваа сите европски екипи. Тоа е дело на претходните две сезони во кои неповратно го загуби и имиџот на непобедлив на домашен терен.
Сега, практично, Кометал е одново на почетокот, на долгиот пат на докажување. Има многу нови играчи, но малку новини во играта. Ќе се стискаат палци на секој нов натпревар, посебно затоа што наредните противници (на хартија) се посилни од Ларвик, кој исто така никого не импресионираше и од кого се очекуваше повеќе.
Ларвик ја имаше Тоње Ларсен, неверојатно мотивирана не поради ЛШ и Кометал туку поради тоа што мораше да и докаже на Марит Бревик, норвешкиот селектор, дека с$ уште е кадарна за игра за репрезентацијата на Норвешка. Оттука и норвешките медиуми во сите извештаи за натпреварот повеќе внимание обрнуваат на играта на Ларсен, за која споменатата Бревик ден пред натпреварот со Кометал изјави дека не е сигурна на списокот на патници за СП Франција. Покрај неа, уште еден безмалку ветеран во норвешкиот состав, Тине Кристијансен, беа клучот на победата на Ларвик.
Во македонскиот состав, исто така, играч од дебело резиме, Валентина Радуловиќ, е единствениот играч кој одигра на вистинско ниво на Лигата на шампиони. Тука некаде беше и Тања Андрејева, одиграа солидно, но на моменти, уште неколку играчи, потфрли во целина поголемиот најголемиот дел. Многу повеќе ќе треба за да се стигне до првите бодови.
Следниот противник е Лада Тољати. Во Скопје, на дебито пред своите гледачи Кометал ќе мора да им докаже прво на своите, а по тоа и на љубителите на ракометот во Европа дека има потенцијал за поголем дострел и дека никој не смее да го посакува за противник.
Лада секоја година има с$ послаб состав, со исклучок на постојаниот прогрес на двата носители, Близнова и Постнова како играчи. Рускиот ракомет би требало да & биде попогоден на Марина Ламбевска од која се очекуваше најмногу, но која постигна само еден гол и имаше многу потрошени топки.
Од новите засилувања исто така малку се виде. Ќе треба далеку поголема ангажираност и храброст во играта за да дојдат до епитетот засилување за екипа со реноме каков што е Кометал. Далеку се и од тоа да треба одговорноста да се префрли на нив. Им треба време, тоа е повеќе од јасно. Но, време нема, во Ларвик Радуловиќ ја имаше главната улога. Одигра во голема форма, но не може тим кој игра во Лигата на шампионите да се потпре на играта на само еден играч. Разликата меѓу Кометал и Ларвик беше што кога на Ларсен (7 гола во првиот дел) не & одеше во вториот, & одеше на Тине Кристијансен (7 гола во вториот дел). Кометал немаше замена за Радуловиќ, немаше уште еден расположен стрелец кој не само што ќе постигнува голови туку ќе го одвлече вниманието на одбраната на Ларвик и така ќе & остави повеќе простор и на на тој меч најдобрата (Радуловиќ) да игра.