Фан клуб: РК Ѓорче Петров

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Загуби од Ларвик денес Кометал, 27:24 :(
Инаку на полувреме беше 12:12!
Не ја гледав, сега видов на официјалниот сајт на ЕХФ..
Епа јбг, повише среќа у натамошниот дел :)
 
Опасна ни е голманката... оваа младата... сериозно... ќе биде од неа...

Не беше лош натпреварот, иако, направија премногу грешки...
 
Где то ја живим?Па зарем почна лигата на шампиони,пренос на што даваа?кој е се во нашиот тим?како играме?Кога е следен натпревар?Со кого?
Димитар раскажи ми од натпреварот нешто интересно:smir:Зошто изгубивме,каде грешиме?Јаки се Ларвик?
 
Где то ја живим?Па зарем почна лигата на шампиони,пренос на што даваа?кој е се во нашиот тим?како играме?Кога е следен натпревар?Со кого?
Димитар раскажи ми од натпреварот нешто интересно:smir:Зошто изгубивме,каде грешиме?Јаки се Ларвик?
Da da pocna larvik:kometal ja otvorija novata sezona vo ligata na sampionkite sramota za makedonskata televizija sto nemase direkten prenos vo nasiot tim igra samo vale koja dade 13 gola drugite se drva:vozbud: :vozbud: sledniot natprevar e na 02 11 2007:kesa: igrame so lada tolati koja izgubi na domasen teren od hipo so 28:30
 
Презадоволен ќе сум, ако Кометал го освојат ТРЕТОТО место, да продолжат во Европа, во послабиот куп..
 
Аман бе! Изгубивме од шампионот на Норвешка во гости... што е толку страшно?

Почнавме добро, тие играа грубо, а судиите беа реални, ни даваа пенали (за разлика од други натпревари каде често не оштетуваат).

Имаат норвежанките добра одбрана, која ги запираше бековите.

Поповиќ е добра, но мислам дека ја играме на грешна позиција. Играше десно крило (а во Ниш беше десен бек) и има многу добар удар. Тоа беше најголемиот проблем во играта на кометалки. Фалеше добар бек (мислам дека би била идеална Поповиќ) а за десно крило за наредни натпревари може да се комбинира со Пецевска, или Радучовиќ.

Радуловиќ си ја презеде целата игра на себе, цело време се бореше, го даваше максимумот и затоа даде 13 гола.

Кресоја ми делуваше како сеуште неуиграна во оваа игра, сеуште не ги знае тактиките, но, дефинитивно е добар играч, кој ќе ни се најде за понатака (родена е 1986).

Платон... повторно. Можеби е корисна, можеби успева да ги задржи, но МОРА да работи на тоа како да даде гол. Нема никакво чувство за удар...

Голманките.... Сафонова и Андреева... Јас би и дал предност на Андреева. Сафанова имаше неколку добри одбрани во првиот дел, но поради добрата одбрана, и нивните загубени топки - немаше премногу работа. Во вториот дел бранеше Андреева, и направи 15 одбрани (од 30 удари + неколку контри им одбрани).

За другите што знам, Портјанко и Локи имаа по неколку гола, Ламбевска (екс Науковиќ) премногу топки изгуби... премногу удари од далечина (се разбира одбранети од голманката)...

Се на се, задоволен сум бидејќи бев уште поголем песимист. Треба да се работи на акции, влезови, а не да се остава се на Вале, или да се очекува дека некоја ќе даде гол од 10 метри (посебно против тимови како Ларвик - чии ракометарки се многу повисоки од нашите)
 
И јас мислам дека третото место во групата ќе биде успех со овој состав на Кометал
 
Сеуште мислам дека како Андријана Будимир и Индира Кастратовиќ нема да има ракометарки во Кометал.Златни раце имаа тие две.
 
Сеуште мислам дека како Андријана Будимир и Индира Кастратовиќ нема да има ракометарки во Кометал.Златни раце имаа тие две.

Овие две неможат да се стават на иста скала,премногу разлика во квалитет:)

Значи тимот ни е стандард како и секоја година,без некоја ѕвезда,тоа е баш фино ако успее да ги уигра.Не сме изгубиле многу и значи девојките се бореле храбро,напред лепотици:vozbud:А каде е Едуарда?Нели ни ja вратија,што се случува со неа?

Вале секоја чест:pipi:
 
Вале е мајстор, ама не треба да оставаат цела игра во нејзини раце да биде. Ги гледав пред некој ден кога изгубија во гости, очекувам победа на домашен терен со оглед на тоа дека резултатот беше тесен и во Норвешка, ама се држеа на дистанца со 3-4 голови разлика, нашите направија премногу грешки.

А оваа Портјанко сите топки од раце и бегаа. :( Нека стават друг на нејзино место и ни треба уште еден добар шутер, Платон некако изгледа дека не и беше денот.
Во секој случај недостигаат Будимир и Кастратовиќ.
Кастратовиќ и Вале идеален тандем беа порано. :)
Андреева е одлична, но треба да се поработи на одбраната, речиси секогаш не фаќаат на контри.
 
Еве ја и анализата на Спорт ком мк која е скоро иста со мојата...

Кометал Ѓ.П. загуби на првиот дуел од Лигата на шампионите во Норвешка и пропушти шанса да ги израдува своите навивачи и да го врати оптимизмот меѓу македонските љубители на ракометот по двете слаби сезони во ЛШ.

Навистина, не се ни очекуваше (пре)многу од Кометал на првото гостување. Трите гола негатива се подобри од очекувањата на најголемиот дел од навивачите, вклучувајќи ги и букмејкерите кои на Ларвик му даваа двојно повеќе шанси, односно границата беше на шест гола разлика. Но, далеку од тоа дека некој би требало или би можел пораз да оквалификува како добар (релативно) натпревар, каков и да е и колкав и да е поразот. Пораз е пораз, посебно значаен и дополнително непријатен кога е во натпревар по групи, против екипа која не е непобедлива. Но, атмосферата пред мечот, воопшто и стартот на ЛШ, вклучувајќи ги одново за жал и неизбежните букмејкери говори дека Кометал полека го губи имиџот на "страшен" противник, екипа од која порано со право стравуваа сите европски екипи. Тоа е дело на претходните две сезони во кои неповратно го загуби и имиџот на непобедлив на домашен терен.

Сега, практично, Кометал е одново на почетокот, на долгиот пат на докажување. Има многу нови играчи, но малку новини во играта. Ќе се стискаат палци на секој нов натпревар, посебно затоа што наредните противници (на хартија) се посилни од Ларвик, кој исто така никого не импресионираше и од кого се очекуваше повеќе.

Ларвик ја имаше Тоње Ларсен, неверојатно мотивирана не поради ЛШ и Кометал туку поради тоа што мораше да и докаже на Марит Бревик, норвешкиот селектор, дека с$ уште е кадарна за игра за репрезентацијата на Норвешка. Оттука и норвешките медиуми во сите извештаи за натпреварот повеќе внимание обрнуваат на играта на Ларсен, за која споменатата Бревик ден пред натпреварот со Кометал изјави дека не е сигурна на списокот на патници за СП Франција. Покрај неа, уште еден безмалку ветеран во норвешкиот состав, Тине Кристијансен, беа клучот на победата на Ларвик.

Во македонскиот состав, исто така, играч од дебело резиме, Валентина Радуловиќ, е единствениот играч кој одигра на вистинско ниво на Лигата на шампиони. Тука некаде беше и Тања Андрејева, одиграа солидно, но на моменти, уште неколку играчи, потфрли во целина поголемиот најголемиот дел. Многу повеќе ќе треба за да се стигне до првите бодови.

Следниот противник е Лада Тољати. Во Скопје, на дебито пред своите гледачи Кометал ќе мора да им докаже прво на своите, а по тоа и на љубителите на ракометот во Европа дека има потенцијал за поголем дострел и дека никој не смее да го посакува за противник.

Лада секоја година има с$ послаб состав, со исклучок на постојаниот прогрес на двата носители, Близнова и Постнова како играчи. Рускиот ракомет би требало да & биде попогоден на Марина Ламбевска од која се очекуваше најмногу, но која постигна само еден гол и имаше многу потрошени топки.

Од новите засилувања исто така малку се виде. Ќе треба далеку поголема ангажираност и храброст во играта за да дојдат до епитетот засилување за екипа со реноме каков што е Кометал. Далеку се и од тоа да треба одговорноста да се префрли на нив. Им треба време, тоа е повеќе од јасно. Но, време нема, во Ларвик Радуловиќ ја имаше главната улога. Одигра во голема форма, но не може тим кој игра во Лигата на шампионите да се потпре на играта на само еден играч. Разликата меѓу Кометал и Ларвик беше што кога на Ларсен (7 гола во првиот дел) не & одеше во вториот, & одеше на Тине Кристијансен (7 гола во вториот дел). Кометал немаше замена за Радуловиќ, немаше уште еден расположен стрелец кој не само што ќе постигнува голови туку ќе го одвлече вниманието на одбраната на Ларвик и така ќе & остави повеќе простор и на на тој меч најдобрата (Радуловиќ) да игра.

А што се случи со Едуарда? Никој не знае... дали таа испадна тотална идиотка, или... од Кометал нешто направија проблем... незнаеме..

И покрај одлуката на второстепената комисија на ЕХФ околу правата за бразилската интернационалка Едуарда Аморим, таа и натаму е во Виена, без најава дека ќе дојде во Скопје.

Со оглед на тоа дека во Виена очигледно премногу не се оптоваруваат со ЕХФ, Кометал и дека Лигата на шампионите сосема извесно ќе почне без неа, Кометал веќе би требало да е блиску до границата да прекине со комуникациите со Хипо и Аморим и да побара од ЕХФ и ИХФ суспензија за бразилската ракометарка и казна за австрискиот клуб.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom